Ете, кога ќе го разбереме и ќе го прифатиме животот каков што е?
А во него има и добри и лоши работи; и радост и тага; и физичка и духовна убавина...
Тој што е денеска млад и убав тешко да сочува барем еден од овие
атрибути за некое време (а и треба да успее да проживее подолго), од
друга страна тој што денес е постар и поинаков некогаш имал други
атрибути.
Кај нас владее воспевање на младоста и потсмевање на
повозрасните луѓе (како тие да имаат нешто погрешно направено).
Стареењето е природен тек на нештата, во секој период од животот треба
да се наоѓаат доблестите и задоволствата.
И клуч за сеопшто разбирање е почитувањето, преку него доаѓаш до разбирањето на животните филозофии.
Ете...Почитувајте...и тоа е доволно е да се биде достоинствен.