Tuesday, March 4, 2014

Лекување



Најголемото зло што ја мачи Македонија е партизацијата на целото општество. Таа со себе влече непрофесионалност, ниски стандарди и критериуми, неорганизираност и непродуктивност на општеството. Создадено е општество во кое не се важни професионалните и човечките квалитети на поединецот, туку неговите контакти и врски, неговата способност за подлизување, полтронство, сервилност и снобизам.
 

Моја лична одлука е да не излегувам на гласање на избори додека не се појави (или додека некоја од постоечките партии не се претвори во) политичка опција која ќе даде цврсти гаранции (со осмислување на законски механизми) дека ќе се прекине со партизацијата, дека партиите ќе престанат да бидат заводи за вработување.
Доста ја уништувавме државата во којашто живееме, треба да почнеме да градиме силна и сложна Македонија - држава во која диверзитетот на мислења ќе раѓа просперитет за сите.
 

Придружете се ако се чувствувате како мене. Идејата е во тоа да го активираме негласачкото гласачко тело, составено во главно од неопределени (непродадени) граѓани и да ги натераме големите политички партии да го слушнат нашиот глас.
Ова не е иницијатива за формирање на нова политичка партија, ова е крик на луѓе коишто се чувствуваат изоставени од општеството. Ова е обид да им ја вратиме Македонија на сите нејзини граѓани.

https://www.facebook.com/groups/599749756775634/