Wednesday, January 7, 2015

Наменско новинарство



Одвратни вести на МРТВ.
Тоа не е новинарство туку еднострано докажување и убедување во постоење на само една вистина. Ова се прави најверојатно под диктат или во страв од власта.
Во сите професии, тој што не работи во согласност со создадените норми во професијата, тоест непрофесионално, ја губи можноста понатаму да ја извршува таа професија. Ако сакаме општеството и нацијата да се развива, овие „новинари„ треба да ја изгубат можноста да ја „обавуваат„ таа професија.
Покрај тоа, во секој поединечен случај, треба да се разгледа кривичната одговорност и да се измери количината на нанесена штета, затоа што со своите дејствија овие „новинари„ влијаат негативно врз човечки судбини, предизвикуваат анимозитет во општеството, па не дај Боже може да доведат до физичка конфронтација и загуба на човечки животи.
Значи овие „новинари„ со своите дејствија можат да предизвикаат смрт на граѓани на Р. Македонија или да го доведат под знак на прашање постоењето на целата македонска нација.

Friday, January 2, 2015

За својата и за туѓата глупост

Ќе дојде и до тоа помалите групи на борци
против едноумие и безумие
да се поврзаат и поддржат.

Треба да се продолжи да се биде човек.
Човекот може да ја победи глупоста;
и својата и туѓата.

Шо прајме, Пајо?

еФтино: еФтини летови до Барселона и Осло.
Убаво.
Ама Барселона и Осло не се еФтини.
Шо прајме, Пајо?