Wednesday, April 29, 2015

Логиката кажува: Ставрески пласира хипокризија

Замислете: Зоран Ставрески кажува дека политичката криза може да предизвика негативни импликации врз стопанството во Македонија; и добро би било таа што поскоро да заврши...


Тој вика дека на стопанствениците им треба политичка стабилност и извесност.
Па, накратко, да ги разгледаме можностите за излез од политичката криза:
Констатација на факти:
Ø Опозицијата објавува снимени материјали кои содржат инкриминирачки факти во однос на Власта и со тоа (како и со неучеството на пратениците од нејзините редови во работата на собранието) предизвикува политичка нестабилност.

Ø Власта ја негира веродостојноста на снимените материјали и ја обвинува опозицијата за велепредавство, но не прави ништо за да ја разреши кризата, туку долева масло во пламенот на разгорената конфронтација со организирањето на таканаречени „народни трибини„ на кои се промовира јазикот  на омраза и се предизвикува уште поголема поларизација на општеството.

Претпоставки:
a)     Опозицијата е во право: Власта е составена од криминална банда на чело со Никола Груевски; а граѓаните што го поддржуваат се уценети и уплашени да не ги изгубат привилегиите што им ги даде партијата на власт.

b)    Власта (позицијата) е во право: Зоран Заев и неговите приврзаници се шпиони, велепредавници и соработници со странски служби; граѓаните што ги поддржуваат се залажани и поткупени со странски пари.

Можности со кои располагаат страните:
Опозицијата може:
  • да продолжи да ги објавува снимките со кои располага и да продолжи со конфронтација;
  • да престане да ги објавува снимките и нејзините пратеници да се вратат во Собранието.
Власта може:
  • да се согласи со барањата на опозицијата за формирање на техничка Влада и организирање нови парламентарни избори;
  • да не се согласи со барањата на опозицијата и да продолжи со конфронтација.
Последици од реализација на можностите:
  • Со прекинување на објавување на снимките и со враќање на пратениците од редовите на опозицијата во Собранието таа го губи кредибилитетот, ја губи можноста да врши притисок врз власта и ја губи можноста да ја добие поддршката од мнозинството граѓани на подолг период (можеби децении).
  • Од друга страна, опозицијата ги задржува сите посочени претходно можности во случај на продолжување на објавување на снимките;
  • Со прифаќање на барањата на опозицијата, позицијата ја губи власта и ќе мора во рамноправна политичка борба да ја бара поддршката на граѓаните повторно;
  • Со зголемување на конфронтацијата ќе се продлабочува политичката нестабилност која ќе повлече и економска криза, сето тоа ќе доведе до сигурносна криза во државата.

Логички размислувања:
Опозицијата нема да прекине со објавување на снимките и со зголемување на конфронтацијата затоа што тоа им е единственото оружје.
Позицијата би ги прифатила барањата на опозицијата ако верува во поддршката од страна на граѓаните на евентуалните избори. Ако позицијата продолжи со зголемување на конфронтацијата значи таа: не верува дека ќе добие поддршка од граѓаните на евентуалните вонредни избори; и не и е важна стабилноста на државата туку важно и е останувањето на власт по секоја цена.

Суд во однос на кажаното од страна на Зоран Ставрески:
Владата во која учествува Зоран Ставрески располага со маневарски простор и може да ја прекине политичката криза која се заканува дека ќе повлијае и врз економијата и врз стабилноста на Република Македонија.
Хипокритично е да укажуваш на опасностите од интензивирање на кризата кога самиот располагаш со можност за прекин на истата.

Sunday, April 26, 2015

Македонија вработува

Македонија вработува преку партиски и пријателски врски.
Не ми е јасно. Што е сменето?

Како е правилно: Бранко Груевски или Никола Црвенковски?


Е за ова зборувам. Овој човек сме го избрале да биде Премиер на државата. Сме му довериле голема одговорност. Сме имале големи очекувања.
Бранко Груевски

И се падна во вода.

Излезе дека тој е уште еден човек кој пласира расипаност и нискост, иста каква што ја пласираше Бранко Црвенковски пред 3-4 години.
Еве што пишав пред три години за Бранко (Kosta Karev 3 years ago):
„Џамбазов пази се!
Овој комедијант (поранешен премиер и претседател) ли е алтернатива на градителот Нерон?
- Гоеми му се гревовите, гоеми...

Напредок за Македонија ќе има само ако се промени овој двопартиски систем, а тој треба да се промени во главите на луѓето.
Па погледнете, кампањата на позицијата се сведува на антикампања против СДСМ, другите партии и не ги есапат за закана. Тие и самите не се есапат со предизборно коалицирање или најави за тоа.

Stand-up comedy = 10
Politics = 0
https://www.youtube.com/watch?v=_FQ45MA5OYI

И сега се прашувам: - За кого сум гласал?...
Сум сакал да биде подобро во државава,
а испадна Грујо.
Срам


Ваквите луѓе како Грујо и Бранко сакаат да му се допаднат на гласачкото тело. А тоа тело сака простотилак и вулгарност.
Се срамам од овие луѓе http://produktinaumot.blogspot.com/2015/04/blog-post_26.html
На тој начин нема просперитет.
На тој начин општеството не напредува, и граѓаните не се едуцираат како да живеат и да творат заедно.
На тој начин само се залажуваат граѓаните и се искористува простоста и назадноста на народот.

http://b-n-z-r.blogspot.com/2015/04/blog-post_25.html

Saturday, April 25, 2015

Аморалност и страв

Во глобала, народот во Македонија е расипан (има ниска морална градба) и плашлив.Повеќето луѓе се неспособни да ги бараат своите права, туку молат за нив пред властодржците, кои, од своја страна се одликуваат од нив само по тоа што се ослободиле од стравот, а ја задржале аморалноста.

Friday, April 24, 2015

Демагогија

Да се чудиш и да се изначудиш - Гордана Јанкуловска ги повикува граѓаните да се потпираат врз здравиот разум, во оваа телевизиска изјава.

Новинарката ја праша женичката: - Министерке, кои проекти вечерва ќе ги презентирате пред Кривопаланчани? [сигурно мислејќи на Владата на Република Македонија]
И Гордето почна да елаборира: - ВМРО ДПМНЕ [чекај малку! Во чие име овие луѓе, што ги окупирале раководните позиции во државата, патуваат по градовите и држат „народни собири„? Во име на партијата? Тогаш што е ова? Политичка предизборна кампања? А кој ја плаќа?] како одговорна партија... реален живот на граѓаните... подобрување на условите за живот... Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ [ова е нова формулација која досега не сум ја чул. Па нели треба да се нагласи дека Владата е на Република Македонија? Или Владата е на ВМРО ДПМНЕ?] спроведува различни мерки... Македонија вработува... субвенции... здравство... образование... креирање на политики врз основа на реалните потребите на граѓаните... граѓаните се најдобриот коректив.

Па, опозицијата води непринципиелна борба со недозволени средства, а ВМРО ДПМНЕ принципиелна и со дозволени средства. Па прашува: која е алтернативата што ја нуди опозицијата во однос на тоа што го нуди ВМРО ДПМНЕ.
Па вика: - Граѓаните се мудри, тие ги гледаат делата на политичарите и креираат слика за нивното работење. Тактиката на Зоран Заев е да претстави нешто што не постои.
Па ги повика граѓаните да се потпираат врз здравиот разум и да не ги слушаат креираните и монтирани снимки, затоа што и тие не постојат и разговорите на нив не се нејзини разговори и разговори на нејзините колеги од Владата; туку да ја видат розовата Македонија, каква ја слика ВМРО ДПМНЕ.
Па вика: Институциите имаат капацитет да се справат со ситуацијата. [сака да каже дека и на Марко може да му се јави и да нарача било каква постапка, па и пресуда]

Меле ли? Меле. Да ја оставеа пола саат ќе дрдореше.

Јас ќе и одговорам: Алтернативата што ја нуди опозицијата е можност за промена на начинот на владеење на кој владеете вие. Затоа што дојдени сме до состојба, кога, било која политичка опција во Македонија да ја преземе власта, владеењето ќе биде подобро од сегашново. Оти сегашново ги постигна и ги достигна сите можни негативности и сите дна.
И немојте да го злоупотребувате здравиот разум, затоа што здравиот разум е здраворазумен, тој истражува, споредува и не се ограничува само на едно спознание или вистина.
И кои се тие граѓани кои се најдобар коректив за власта? Па нели тоа се тие граѓани што ја критикуваат власта? Е па зошто тогаш вие не ги слушате граѓаните кои ве критикуваат? Одите по градови и ја пласирате само вашата вистина пред „вашите„ граѓани, тие што ви аплаудираат на вашите собири. Па тие не ве критикуваат. Каков коректив ви се тие ако во сè ве поддржуваат?
Со еден збор: демагогија.

Се занимавате со демагогија. Ја злоупотребувате функцијата на која се наоѓате. Го лажете сопствениот народ. Тоа е ниско и подло.

Tuesday, April 21, 2015

Украдена иднина

Вие сте ВМРО, тие се СДСМ, а луѓето што да прават?

Не нè бива

Овој човек сме го избрале да биде Премиер на државата.
Срам да ни е.

Техничка, концентрациона, експертска, праведна... наша Влада



Техничката Влада ќе ја состават сите релевантни политички фактори во Македонија, преку компромисни решенија. Затоа таа уште може да се нарече и концентрациона влада. А пожелно е во таа влада да учествуваат што повеќе луѓе со признато експертско знаење, луѓе на кои сите им веруваме, независно од политичката припадност:
Поентата е во тоа дека постоечката Влада има сомнителен кредибилитет, и голем дел од граѓаните (можеби и повеќе од половина) ни и веруваат и не ја прифаќаат како своја, а со сомнежите што ги побудуваат снимките од телефонските разговори лиферувани во јавност се поткрепува и претпоставката дека оваа Влада и овој пратенички состав, иако дојдени на позиција низ некаква законска постапка (избори), немаат легитимност да владеат поради нарушувањата на тој законски процес коишто самите ги направија.

Изборот на техничка влада би го отворил патот за враќање на државата во демократски колосек.


Sunday, April 19, 2015

Решението е: Референдум



Пред два месеца ги напишав моите согледувања за излез од политичката криза во која се најде нашата држава тука:

Од тогаш ситуацијата е влошена, создадена е уште поголема поларизираност во општеството. Премиерот Груевски е првиот кој би можел да направи чекори кон релаксирање на состојбите и намалување на анимозитетот во општеството, но тој не го прави тоа, туку долева масло во огинот.

Бидејќи, според мене, ваквиот развој на настаните води кон зголемување на внатрешниот притисок и остава можност само за вонинституционално решавање на спротивставеностите - сценарио кое не е пожелно; предлагам да се искористи инструментот кој ќе ги врати работите во институционално корито: Референдум со прашање: „Дали, според Вас, основен предуслов за организирање на наредните парламентарни избори, и ваше учество во нив е составувањето техничка Влада?„



За постигнување на таа цел потребно е да се соберат потписи од најмалку 150.000 избирачи кои ќе го поднесат барањето. Тогаш Собранието ќе биде должно да го распише референдумот.

Разбирам дека распишувањето на референдумот ќе доведе до уште поголема тензија во општеството и до уште поголема пропагандна пресија врз граѓаните, но од друга страна неговото распишување ќе понуди институционален и демократски излез од создадениот ќор-сокак. Исто така разбирам дека референдумот ќе биде спроведен според досегашниот непречистен избирачки список и дека се можни манипулации, но дури и поголем дел од одговорите на референдумското прашање да бидат негативни, цифра од 600-700 илјади потврдни одговори ќе значат огромен, институционално верификуван, притисок и недоверба кон сегашната Влада од внатре, што ќе предизвика и притисок од меѓународниот фактор; како и порака дека голем дел од граѓаните нема да учествува на ниедни наредни избори организирани од Груевски.