Friday, April 17, 2015

Будење од хипноза



ДПМНовци, размислувајте барем малку. Што им текна на вашите лидери да почнат со организирање „народни собири„ по Македонија? Се наоѓаме ли пред избори? Не. Тоа е контраодговор на „бомбите„ што ги објавува опозицијата. Произлегува дека бомбите болат. Инаку Грујо и компанија би биле индиферентни на тоа што го објавува Зајко, би продолжиле со своите дела-недела како и досега. Бомбите на Зајко многу болат. Грујо почувствува дека вие, ВМРовците ќе почнете да се освестувате од хипнозата во која бевте сиве овие години, опиени од сонот во кој ве удавија и вас, а и сите нас; па почна со спроведување на вонредни хипнотички сеанси, за да ја успие свеста и разумот на општеството.
И што зборува Грујо на тие „народни собири„? Се фали со тоа колку нови експлоататори повикал во Македонија; и се жали на Заев. Заев бил велепредавник, шпион и соработник на странски служби. Добро. И зошто Грујо оди по градови и ги повторува своите мантри пред вас, ДПМНовците? Па во оваа држава постојат институции, постои Устав, постојат закони. Институциите нека си ја работат работата за која вработените во нив земаат огромни пари. Плус, вашиот Грујо знае ли дека во правото постои пресумпцијата на невиност која кажува дека никој не е виновен за делата кои му се товарат до докажување на неговата вина преку судска постапка завршена со правосилна пресуда? Знае. Но не ви кажува.

Грујо ве прави вас, ДПМНовците глупави. Такви ве сака. Такви му користите.

No comments:

Post a Comment