Thursday, April 28, 2016

Доктор Демагогов (Оливер Андонов)

Еве транскрипт на тоа што кажува Оливерчо: „- ...но не со цел да соберат доказ, релевантен, туку со цел да дојдат до крајната цел која им е, а за која немаат податоци, односно немаат никакви докази за извршено кривично дело.“ - човечево сигурно и самото не разбира што ломоти, прво вика дека СЈО немаат за цел прибирање докази, туку нешто друго, а потоа констатира дека СЈО немаат докази и затоа постапуваат неправилно.
Ова покажува дека овој токмак нема стручност во областа за која ломоти, ама еве го прашуваат па мора да каже нешто.
Оливерчо, Обвинителството прибира докази врз основа на индиции, кога смета дека има доволно докази излегува со обвинение.
Оливерчо, шушљупак ниеден!


https://www.facebook.com/O.K.Mladi/videos/1716067495307796/


Sunday, April 24, 2016

Македонија не е вечна, колку побрзо го разбереме тоа - толку повеќе шанси имаме да си ја сочуваме (Само човечката глупост е вечна и има разни форми)

И овој „карактер“ (Тане Маркоски) бара опозицијата да падне од власт?
„- Пред словото на законот и силата на народот паѓала опозиција“
Ова се вика елементарно непознавање на демократијата и замена на тези. Државниот интерес е заменет со партискиот, се глорифицира партијата, се идеализира нејзиниот лидер, се замолчува здравиот разум, се сатанизираат сите неистомисленици.
Така ли ќе ја чуваме Македонија вечна, со раздор меѓу граѓаните?
Не, Македонија не е вечна; а колку таа ќе трае зависи од тоа како ќе ја организираме и водиме. Скоро сите механизми за организирање и водење на државата се наоѓаат во рацете на власта, затоа и одговорноста за анимозитетот што е создаден во општеството лежи врз неа. Одговорна власт би нашла начин како да го смири раздорот во општеството, меѓу другото со свое повлекување и со ставање во иста позиција на (не)моќ со опозицијата, а не би предизвикувала уште поголема меѓусебна конфронтација на граѓаните со повикување на митинзи за „заштита“ на Македонија.
Од кого ја бранат овие ликови Македонија? Од Македонци?
Само човечката глупост е вечна и има разни форми.



Tuesday, April 19, 2016

Перпетум мобиле на аморалноста

Таквите луѓе како Филип Петровски си ги празнат цревата, после тоа се вртат и си ги јадат екскрементите. Тоа е некој вид на перпетум мобиле на аморалноста.

Tuesday, April 12, 2016

Дебил

Тој мислеше дека мисли додека береше калинки, кога се освести се чудеше зошто тоа му се обраќаат со „претседателе“ па реши
да одлучи нешто, да пресече нешто, па си го пресече јазолот; после пак се чудеше оти го викаат Дебил.

Friday, April 8, 2016

Идолопоклонството

Шансата да се спасиме од диктатура лежи во придобивањето на неопределениите и разочараните, ние сме најголемото (не)гласачко тело. Со колкумина и да сум говорел сите ги поистоветуваа СДС со ДПМНЕ. Тоа не е случајно, и едната и другата не се партии туку кланови на интерес. А Заев е носител на таквиот негативен имиџ за својата партија. Им посакувам добро ним како на партија и себеси како опозиционер, нека го сменат Заев - ќе бидеме посиилни и посплотени.
Треба да се прекине со идолопоклонството. Не се важни конкретните позиции, важно е идеологијата на праведност и демократија да го победи криминалот и глупоста.

Wednesday, April 6, 2016

Отворено писмо до сите прогресивни и слободољубиви граѓани на Македонија

Отворено писмо до сите прогресивни и слободољубиви граѓани на Македонија



Почитувани пријатели!
Прогресивни и слободољубиви граѓани на Македонија. Дојде време кога веќе не смее да се остане на страна. Неопределените граѓани треба да ја вратат државата на демократски колосек.
Кога кажувам „неопределените„ – мислам на тие граѓани што за сиве овие години, по прогласувањето на македонската независност, не одлучиле да се продадат и да им се предадат на партиските лидери;  и не смениле и по неколку партиски книшки заради личен интерес: вработување, здобивање со општествена положба и можност за економски напредок. „Неопределените“ се најголема и најдискриминирана група граѓани во Македонија. Тие не можат да очекуваат позитивни промени во своите животи ниту сега, ниту во случај на доаѓање на сегашната опозиција на власт. Тие се изземени и отфрлени од општеството. Тие се гости во сопствената држава. Тие немаат право да постојат. Поголем дел од „неопределените„ не се аполитични, тие не се рамнодушни спрема политичките состојби во Македонија. Напротив, тие сакаат да придонесуваат кон изградбата на општествово и сакаат да учествуваат во донесувањето на одлуките во него, но, членувањето во сегашните „лидерски“ партии се коси со нивните животни принципи. А ако се земе во предвид и фактот дека на македонската политичка сцена, партија со која тие би се осетиле идеолошки блиски едноставно не постои, тогаш осознаваме зошто „неопределените“ ги има толку многу.
Генератори на горенаведените состојби во општеството се актуелните политички партии, тие не се здруженија на идеолошки истомисленици, туку се кланови, создадени за материјален интерес на поединци на штета на општеството, на штета на државата. Граѓаните на Македонија се поставени во позиција да играат лотарија - тие се зачленуваат во некоја политичка партија, ù служат и чекаат таа да дојде на власт. Партискиот стаж тие го сметаат за инвестиција (тој подразбира бенефиции) којашто не сакаат да ја изгубат, па, се согласуваат во сè со партијата и стануваат нејзини сигурни гласачи и агитатори; нивната егзистенција зависи од таа взаемна поврзаност. На партиите им требаат вакви луѓе, тоа е сигурен начин да се дојде и да се остане на власт – со манипулации, притисоци и уцени.
Тоа ли е прокламираното демократско општество? Слободни ли се луѓето во своите размислување и дејствија? Живееме ли во општество што напредува, или во општество што стагнира - во земјата на апсурдите каде што не важат правилата, не важи логиката; не важи чесноста, моралот и етиката а царуваат пресметливците и снаодливците?
Во едно демократско општество би требало да има демократски партии. Партии, во кои насоките на дејствување би се поставувале одоздола нагоре, тоест, секој партиски член би можел да има свој став или предлог во однос на било кое прашање, па со проследување на ваквите мислења нагоре би се создала генералната политика на партијата. Нашите актуелни партии имаат лидерски принцип – главните насоки во партијата ги генерира партиската врхушка. Тие насоки во облик на директиви за дејствување се пренесуваат надолу по хиерархиската пирамида. Партиите спроведуваат тендерски бизнис игри со кои ги наградуваат своите членови и поддржувачи, а партиските штабови се агенции за вработување.
Навистина, во денешнава политичко - економска состојба и во состојбата на свеста на македонскиот граѓанин (за чијашто демократизација и просветлување не се погрижи ни една политичка гарнитура) навистина е потребна промена. Веќе подолго време демократијата е во застој, затоа што граѓаните, иако незадоволни, не се решаваат да гласаат за промена на владејачката гарнитура, од причини што сегашната најголема опозициска партија го изгуби и не може да си го врати кредибилитет меѓу народот. Нивниот бивш лидер им е одбивен на луѓето поради неговата арогантност и поради неисполнетите големи ветувања кои ги заборави бегајќи од одговорноста во потрага по држалнички функции; нивниот сегашен лидер се издаде со изјавите во кои кажува дека во Македонија сè би останало исто и со нивното доаѓање на власт – и тие ќе вработуваат свои несоодветни (да не кажам неспособни) луѓе, а ќе отпуштаат и „јадат“ луѓе кои членуваат во други партии.
Сите досегашни политички лидери во Македонија не го менуваат демократскиот капацитет на државата на подобро, туку, го користат и манипулираат со демократски и културно необразованиот македонски човек. Тие се одговорни за падот на моралните вредности во општеството и за зголемувањето на анимозитетот, посебно на тој базиран врз партиска обоеност. Тие кај поголемиот дел од македонските граѓани наместо креативен и непокорен дух, култивираат чувство на потчинетост, конформизам и авторитарна свест.
До кога ќе трае оваа парада на глупоста? Како може најголемите партии во Македонија да бидат нејзини најголеми гробари? Па тие ја уништуваат државата со тоа што го ништат нејзиниот креативен потенцијал:
  •  Луѓе што имаат знаења, стручност, луѓе што имаат човечки вредности се обезвреднети. Општество во коешто сега живееме е изградено врз други критериуми – врз политички врски и непотизам. Па, обезвреднетите неприменети луѓе се приморани да си одат од државата и својот креативен потенцијал да го реализираат таму каде што ќе бидат разбрани.
  • Луѓе коишто немаат стручност и знаење се ставаат на одговорни позиции. Тие работат непрофесионално и криминално а за тоа не носат никаква одговорност. После тоа се прави „нов бран„ – едни неспособни се заменуваат со други неспособни функционери и службеници а претходните се вработуваат на ново топло место, често и во сосема друга институција и во друга бранша. Па така ние имаме генијални универзални функционери – каде и да ги ставиш, сè знаат да работат, дали е тоа: одбрана, земјоделство, образование, економија, здравство...

Зарем не е кристално јасно дека со ништењето на креативниот потенцијал губи целата нација? Не се создаваат иновациите, производите и услугите што би можеле да се создадат, тие малку производи и услуги што се создаваат немаат додадена вредност и препознатливост и не постигнуваат ниту голема продажба, ниту високи цени; не се организираат луѓето како што би можеле да се организираат. На тој начин македонската нација учествува десеткувана во светската размена на идеи, производи и услуги. Затоа нашиот животен стандард е, и останува, низок. Тоа си го правиме самите. Нели сите си го поставуваме прашањето: Зошто скоро во сите области, скоро во сите бранши ние немаме продукција, немаме организација, немаме пазар? Колку пати сте чуле од соговорникот дека сме „проколнати“ и дека треба да се „бега“ од државава? Тие малку успеси што ги постигнува оваа нација се должат на индивидуални квалитети на поединци, тие не се резултат на систематска работа.
Во едно демократско општество би требало да има:
  • Аргументирано спротивставување на различни концепции и размислувања. (Во нашето политичко секојдневие владее неаргументирано омаловажување, дисквалификации и поделби на патриоти и предавници);
  • Независен граѓански сектор (граѓанскиот сектор, како и се друго во државава е партизиран и не им служи на граѓаните туку на партиите);
  • Професионални независни медиуми (медиумите се непрофесионални и корумпирани, со нив управува политиката, нивна цел не е да информираат и да ги бараат сите можни вистини; нивна основна цел е да  ги убедуваат и да манипулираат со граѓаните).
На секое пазарно насочено општество му треба независно од политиката стопанството, а не партиска економија во која главен работодавач и главен учесник е владата.
Како да создадеме услови луѓето своето семејно огниште да го запалат и да придонесуваат тука, дома? Со кампањи и со маркетинг, со молење или со проколнување на тие што земаат странски пасоши?
Сметам дека единствениот излез за македонската демократија лежи во гласачката моќ на „неопределените“ граѓани, затоа што „определените“ се предвреме купени, продадени и предадени.
 Писмово го пишувам во отворена форма за да покренам што поголема свесност за проблемите во општеството кои влијаат врз сите нас.

05.02.2014

Константин Карев

Предавници

А кој има право да дефинира кој е предавник, а кој не е? Сето раководство на СДС ли е петоколонашко? Или и нивните симпатизери? А овие што до вчера беа со ДПМНЕ а сега го критикуваат, такви како ДОМ и ДС и тие ли станаа петоколонаши? А граѓаните на оваа држава кои се чувствуваат слободни, што не сакаат да се поврзуваат со партиите, па слободни се да ја критикуваат ДПМНЕ, и тие ли се предавници и петоколонаши?
Колку ги има во Македонија петоколонашите и предавниците? Ако ги има повеќе од патриотите па нека биде државава таква како што ја гледаат предавниците - Предавничка Македонија? Затоа што за вас тие (па и јас) се предавници а за мене вие, простите дпмновци сте предавници.

Tuesday, April 5, 2016

Македонецот е ниско морален исплашен сноб



https://www.facebook.com/mashable.video/videos/10156809707385437/?fref=nf

Илјадници Исланѓани протестираат и бараат оставка на Премиерот и нови парламентарни избори. Ова се случува по откривањето на информациите дека Премиерот и членови на Владата поседуваат сомнителен капитал во оф-шор компании:


- И што има лошо во тоа? - би рекол Македонецот
- Снаодливи се, ербапи се, па си вртат бизниси.


Во тоа е основниот проблем на Македонецот и неговиот менталитет:


1. Македонецот го разбира криминалот како позитивна особина - способност; [Морална расипаност на Македонецот]
2. Македонецот не си дозволува сопствено мислење и став, тој оди по линијата на помал отпор и сервилно исполнува што ќе му наложат тие што на некој начин се повисоко категоризирани во политичката хиерархија; [Сервилност на Македонецот]
3. Македонецот кој што има интерес од некоја политичка структура е нејзин ревносен пес-чувар [Егоизам на Македонецот]
4. Дури и кога има свое мислење Македонецот нема храброст да жртвува било што, дури не да е тоа привилегија, туку право (на пример: Македонецот се плаши дека ќе му ја одземат и таа минимална социјална помош што ја има ако го видат да каже или направи нешто критикувајќи ја власта) [Страв на Македонецот]


Значи Македонецот е ниско морален исплашен сноб.

Saturday, April 2, 2016

Збогум Тони (Попушено)

„Пред некој ден, по игра на судбината, се најдов на еден откупен пункт за овошје и зеленчук, во улога на продавач, земјоделец, со производ кој мораше да биде предаден, затоа што по некој ден немаше да остане ништо од него.
Таму го запознав, неговата нискост, ендемскиот вид - македонскиот газолижач. Тој беше еден од многуте работници на откупниот пункт, но тој беше најревносен од сите во својата желба што повеќе да ме оштети во проценката и во мерењето на предадените производи; за да му угоди на газдата, да му го излиже убаво местото од каде се врши празнење на цревата и да му створи што поголем профит.
Ги има такви. Луѓе ли да ги наречеш? Таквата креатура му стои на располагање на газдата како верен пес. И готов е за ситна пара, за изглодана коска да направи било што за да му угоди.
Таа креатура, таа карикатура од човек, некако и можам да ја разберам. Тоа е прост човек, кој и не е способен на повеќе. Тој така го сфатил животот. И навистина, гледајќи од негова гледна точка, можеби и може, до некаде, да се разбере, но не и да се оправда, неговото однесување.

Не можам да го разберам Тони Михајловски, кого вчера го гледав, во неговата емисија Опуштено, како му ислужува и како понизно му зема... интервју на Зоран Ставревски.
Колку сервилно, до одвратност, тоа изгледаше! Човекот се обидуваше на секаков можен начин да му се подмести на политичарот: му ги потврдуваше и дообјаснуваше одговорите, говореше како што се говори со мали деца, за тие да не се осетат повредени. Далеку од тоа дека политичарот Ставревски е мало дете - тој е префриган лисец кој може да издржи секаква дебата, па и нему ваквите „наместени„ интервјуа не му се од корист.

Улогата на новинарите е да го дознаваат тоа што политичарите не сакаат да го кажат, нивна улога е да бидат провокативни и нападни, во рамките на достојноста. Тоа го чека публиката од добро телевизиско интервју.

И колкав контраст во...“

Ова е мој недопишан текст од пред повеќе од една година кој сум го заборавил и сум го оставил необјавен. Сега ја поправам неправдата во однос на Михајловски и Ставревски.
Инаку, на крајот на текстот, сигурно сум сакал да кажам за контрастот помеѓу Тони Михајловски Артистот (со голема буква) и Тони Михајловски човекот, за што и нема потреба од поширока елаборација. Кога некој одлучува да се врзе, да биде вазал, полтрон и послушник на некоја политичка опција, со падот на таа опција паѓа и самиот.
Збогум Тони.

Попушено