Wednesday, May 31, 2017

Потешкиот дел од работата

Значи, ни остана потешкиот дел од работата - да се ослободиме од предрасудите и да престанеме луѓето и нештата да ги сфаќаме црно - бело и кон нив да се однесуваме навивачки, па непотребно да се одушевуваме или да даваме дисквалификации и да делиме навреди.

Friday, May 26, 2017

Македонецот и златните телиња

http://b-n-z-r.blogspot.in/search?q=култ

Култ на личноста 4

Кога ќе престанеме да создаваме култови од луѓе;
кога ќе престанеме сервилно да им го извикуваме името разложено на слогови, како на фудбалски натпревар;
кога ќе се однесуваме критички кон сè и кон секого - е тогаш имаме шанса некогаш да стигнеме до организирано, демократско општество.

Еве што сум пишувал претходно на истава тема:
http://b-n-z-r.blogspot.in/search?q=култ

Tuesday, May 23, 2017

Туткун кој што може да се плати 2

Цивилизацијата стигнала до тоа дека докторите треба да се обврзаат да даваат неопходна помош (ова е многу битно да се забележи затоа што има етички контекст) користејќи ја својата вештина, на сите на кои им треба (Хипократова заклетва). За разлика од медицината, целта на уметноста не е давање помош туку споделување мисли, чувства и сознанија, тоа се пораки при кои техничката вештината на уметникот е само нивен носител (повторно за разлика од медицината, каде техничката вештината е неопходност за давање на помошта). Па ако уметноста е лишена од таквите споделени пораки тогаш таа се сведува само на техника на користење на методите за предизвикување воздушни и електромагнетни вибрации.
За разлика од лекарската фела, уметниците не потпишуваат никаква заклетва и не се обврзани да ја споделуваат својата уметност со сите кои ќе им ја побараат, затоа уметникот има одговорност за тоа каде и како ја споделува.
Оправдувањето дека уметникот е професионалец кој заработува од својата уметност, па затоа тој, таа...тоа... треба да ја споделува својата уметност со сите што ќе платат доволно е ниско и неморално; и се коси со основната цел на уметноста - влијание врз општеството преку споделување пораки, затоа што споделувањето е интерактивен процес при кој уметникот е тој што е во центарот на вниманието, на сцената, ставен во улога да проповеда и да ја кажува својата визија, својата „вистинска вистина“ за нештата (општеството и корелациите на луѓето во него). Кога улогите се заменети и импулсот за уметност тргнува од парите, односно од носителот на парите и на општественото влијание, тогаш уметникот е испровоциран (уценет со парите) на проституција. Секој уметник сам одлучува дали ќе го прифати тоа сопствено проституирање.

Темава ме тангира и живо ме интересира, па еве што претходно сум пишувал за неа на блогов:
http://b-n-z-r.blogspot.in/search?q=уметници

Туткун... хахахха... добро зборче