Thursday, August 3, 2017

За големите разлики помеѓу национализмот и националното чувство

Национално чувство е чувството на духовна припадност кон култура и изразува слобода на постоење на поединецот кој и самиот учествува во создавањето на културата.
За разлика од националното чувство национализмот е движење за хомогенизирање на нација за нејзино спротивставување на други нации, за стекнување материјални права над земја, држава, територија и го изразува заедничкото наспроти индивидуалното - на поединецот му се наметнува сет догми кои тој мора свето да ги почитува. За националистите секој кој не ги почитува зададени догми е хулник и предавник на нацијата.

Значи генералните разлики се во тоа дека национално чувство има духовна природа, а национализмот материјална; национално чувство е креативно и продуктивно, национализмот е фригиден и ограничувачки; национално чувство продуцира смиреност и љубов кон целата човечка цивилизација, а национализмот продуцира нетрпеливост и омраза.