Wednesday, September 9, 2015

За златарот Груевски

Вчера гледав една од македонските народни приказни, проста на прв поглед, сепак од неа извлеков поуки за сегашната општествено - политичка состојба во Македонија, па ги споделувам со вас.
Приказната беше за некоја сиромашна жена која била излажана од златарот кој наместо сребрена ѝ направил тенекиена белезгија за свадбата на ќерка ѝ. Излажана и ограбена од златарот жената не отишла кај кадијата, затоа што, најверојатно, немала доверба во него; туку смислила план со кој ќе му се одмазди на златарот. По подолго време, кога златарот веќе ја заборавил таа отишла кај него и се претставила како жена на познатиот еким, со што ја стекнала неговата доверба, па, со ветување дека нејзиниот маж, екимот ќе плати, го наговорила да ѝ даде цела торба златни украси.

И каква поврзаност има приказнава со сегашната општествено - политичка состојба во Македонија? - ќе се запраша читателот на овој текст.
Па еве ја мојата споредба: некој лаже и краде.
Отсекогаш имало некој што ги нарушува прифатените од општеството правила (самите правила се појавиле со развојот на интелектот кај луѓето и добиле пишана форма во 10те Божји заповеди дадени на Мојсеј) за тоа што е дозволено а што не е дозволено. Затоа човечката цивилизација го достигнало спознанието за правото и врз него се градат хуманите општества.
Е така.
А сега, во Македонија, обвинет дека лаже и краде е Премиерот Никола Груевски. Тој се обвинува дека, покрај останатото, го украл и правосудството (со поставување на вечно благодарни судии) и вистината (со купување на новинарите од типот на Латас, и нивните медиуми); со тоа тој си ја присвоил државата (која според уставот би требало да им припаѓа на сите граѓани).
Во таквата, присвоена од Груевски, држава, нема доверба во судството; исто како што и жената од приказната не му верувала на кадијата. Таа на криминалот што го направил златарот одговорила со свој криминал; исто како што опозицијата на криминалот на Груевски одговара со незаконски добавени снимки.

Сега, во приказната симпатиите на гледачот / читателот се на страна на жената, затоа што „лошиот„ златар ја излажал. Но, потврда за лагата и кражбата на златарот добиваме од него самиот, тој признава и сам се инкриминира. За разлика од него Груевски не признава никаква вина, туку и самиот враќа на обвинение со обвинение.

Thursday, September 3, 2015

Апсурдистан (повторно)

Ова би било смешно доколку би го прочитал на некој портал за паравести. Ама на сајтот на МВР? Апсурд и глупост.

„Почитувани граѓани,
Апликацијата „Пријави сомнително лице“ е наменета за пријавување какво било сознание или информација/и за лице кое подготвува, извршува или има извршено кривично дело или други безбедносни појави и настани.
Секое лажно пријавување е санкционирано со Кривичниот закон на РМ - како кривично дело„

Ем направиле апликација за пријавување „сомнителни лица„ -што претпоставува субјективен личен суд за тоа колку е некој сомнителен, ем ти се закануваат со кривично гонење за лажно пријавување.

Болест на здравиот разум.

http://somnitelnolice.mvr.gov.mk/