Monday, January 14, 2013

22 години тапкање во место



И покрај мојот негативен однос спрема раководењето на Република Македонија во времето кога владата ја сочинуваа Социјал-демократите, покрај мојата аверзија спрема Бранко Црвенковски и резултатите од неговото дејствување, не можам да не бидам на нивна страна кога ги гледам овие кадри.
Па зарем е хумано вака да се постапи?
Кој луд ум го дозволил (организирал) сево ова?
И потполно ми е разбирливо зошто исфрлените пратеници нема да се вратат во ваквото собрание никогаш.
22 години тапкање во место.

Sunday, January 6, 2013

Нашите политички партии служат како бироа за вработување и како бизнис инкубатори

 За да бидеш социјално свесно битие не подразбира да бидеш и член на некоја политичка партија.
Треба да имаш став за работите што се случуваат околу тебе, но твоја е одлуката на кој начин ќе го артикулираш твоето размислување и твојот став.
Повеќето членови на сегашните политички партии се безгласни и безумни извршители кои имаат или очекуваат да добијат бенефиција за своето членување во дотичната политичка партија.
Партиите се како кланови или клубови а граѓаните се натерани да се обложуваат на таа партија од која ќе имаат посигурен и побрз бенефит.
Во партиите би требало да членуваат граѓаните кои сакаат активно да учествуваат во политиката, тие што сакаат нивното размислување да биде слушнато.
Додека партиите служат како бироа за вработување и како бизнис инкубатори, се дотогаш ќе живееме во земјата на глупоста во која квалитетот нема да биде оценуван и користен во корист на општеството.

Сега за сега живееме во земјата на апсурди и глупости.


http://www.bezpardon.mk/roberto-belichanets-graganite-koi-ne-se-politichki-opredeleni-se-idioti/

Thursday, January 3, 2013

Се срамам од тоа што се случува во мојата држава

Срам!
Се срамам од тоа што се случува во мојата држава.
Злоупотреби, манипулации и насилство во домот на демократијата.
После ова собранието е дискредитирано, десеткувано и посрамено.
Ова е резулат на борбата за власт, едните на секој начин да се задржат а другите на секој начин да ја освојат.
Единствен излез од оваа ситуација е мандатот да биде вратен повторно кај народот. Па, дај Бог да имаме регуларни избори (без влијанија, манипулации и заплашувања) и некои нови луѓе (а уште подобро нови идеи и партии) да го претставуваат народот.
22 години тапкање во место.
http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=vkjGjFb27mE&feature=endscreen