Tuesday, March 7, 2017

Едно име имаме, за него преговараме (2)

Важи за поголем дел од „патриотите“: Само тоа знаете, да пцуете и да навредувате. Не ви текнува да си го користите разумот. Човек и да сака да ви помогне - не може, нема да сфатите дека ви се помага.
Објаснувам накратко: Се водат преговори со Грција во однос на името на нашата држава. Преговорите се за промена на името на нашата држава, затоа што никакво друго решение логично не може да се очекува. Ги водат политичарите кои ја претставуваат нашата држава.Од погоре наведеното произлегуваат овие логички заклучоци:
1. Политичарите (сите) што ја водат нашата држава сакаат да го променат името на нашата држава;
2. Политичарите (сите) што ја водат нашата држава сакаат прашањето за името да остане нерешено. Ниту сакаат да ги прекинат преговорите, ниту сакаат да се дојде до решение. Затоа што од ваквата нерешена состојба тие извлекуваат материјална корист;
3. Трето нема. Користете го повеќе разумот.



„Едно име имаме, за него преговараме (1)“ е тука: