Saturday, March 21, 2015

Ненародна правда

Судовите во Македонија (забележете дека не ги викам македонски судови, затоа што не се тоа) се скрија од јавноста. Изгледа имаат многу за криење.
Ова е уште еден доказ дека во Македонија нема народна правда и судовите не се народни и не судат во име на народот.
Во Македонија постои ненародна, партиска правда; ненародни, партиски судии кои носат ненародни - партиски одлуки.

Проверете сами, кликајте на линковите.

http://www.pravda.gov.mk/sudovi.asp?lang=mak&id=sudovi

Saturday, March 7, 2015

Време е за гласен викот



Имам пријател  (а можеби и повеќемина што мислат како него) што ми вика дека сум „отруен„ од политика - дека премногу пишувам, премногу критикувам. Но јас не можам поинаку, мојот живот се префрли во друга, поважна и поприоритетна програма за извршување. Сметам дека обврска на секој доблесен и чесен човек (за каков се сметам) е да се бори на страна на доброто, и кога доброто е нападнато, изместено, ставено на глава, секој од нас има обврска да го брани. Јас не верувам во луѓе - луѓето знаат да се опоганат (и се да опоганат), верувам во идеи; во добри идеи (добри во смисла: позитивни за потесното или поширокото општество во кое што живеам). Добра идеја е да постои Македонија и таа да е демократска, на сите нејзини граѓани. Сега кога Македонија е окупирана а нејзините институции се узурпирани од Никола Груевски и од неговата бандата, не е време за страв, и не е време за молк. Време е за гласен викот. 

Friday, March 6, 2015

Насилникот Груевски (Bullying Prime Minister)



Насилник

Сигурно сте чуле за многу такви случаи: Таа го избира него за свој партнер, тој ја прифаќа и ја „сака„. Се чини како нивната приказната да е идилична. Но, кога кај неа ги снемува пеперутките во стомакот и кога љубовно - материјалната заслепеност се прекинува, поради освестување, самоспознание и престанок на самозалажувањето; тогаш единственото чувство што останува меѓу нив е неговото чувство на сопственост спрема неа. Тој се навикнал да  ја „сака„, да ја има и да ја поседува. Тој не сака да ја губи. Нему му е незамисливо таа да му припадне на друг. Тој ја „брани„ затоа што никој, освен него, не е достоен да ја има. Нивната „љубов„ треба да трае вечно, никој, па ниту самата таа, не смее да застане на патот на таа „вистинска љубов„. Да, тој е насилник. Тој не живее во реалноста. Тој ќе измисли секакви оправданија за да докаже дека е во право. Таа бара начин да се оттргне од него, но тој нема да застане пред ништо за да ја задржи. А ако веќе не може тој, тогаш веќе никој не може да ја има.

Во овој случај ако таа не најде сила во себе за да го напушти и ако остане во таа болна врска, тогаш таа ќе страда тивко, што ќе резултира со нарушување на нејзиното ментално здравје а за епилозите на случаите кога таа наоѓа сила да го напушти често дознаваме од средствата за масовно информирање: Љубоморно момче ја убило бившата девојка; па тоа може да го убие и новото момче, па може да настрадаат и родителите и другите роднини на девојката.


Ете тоа ни се случува. Никола Груевски е нашиот насилник. Него Македонија најискрено го засакала и го избрала за свој партнер. И таа врска беше идилична на почетокот. Поголем дел од граѓаните на Македонија, барем тие од нас што не беа заслепени или материјално зависни од СДСМ бевме задоволни од тој избор: го тргнавме од власт арогантниот држалник за власт, Бранко Црвенковски; го казнивме СДСМ за неправедната приватизација и за инсталираниот корумпиран систем на владеење. На чело на Владата добивме енергичен визионер кој што го растресе македонското конформистичко милје. Но по првичната взаемна опсесија започнаа проблемите. Никола Груевски почна да ги ограничува граѓанските слободи и да го подрива демократското граѓанско општество со сите негови контролни механизми. Исто како љубоморно момче кое на девојката и забранува да се дружи со други луѓе, да има свој социјален живот. Тој и забранува на девојката слободно да размислува, тој наговара и наплаќа луѓе да ја убедуваат девојката дека тој е најдобриот избор за неа. Тие ја убедуваат дека секое друго момче ќе ја лаже и дека ќе ја продаде за пари во странство. Па нели таква паралела може да се извлече од конструкциите: „На Заев не може да му се верува„, „Заев соработува со странски служби„, „Сета македонска опозиција и сиот граѓански сектор е потплатен од странци кои сакаат да ја уништат и поробат Македонија„?

Ако претходно Груевски ми личеше на асоцијално детенце - насилник кое што знае да контактира со другите деца само преку наметнување и насилство, детенце кое на другите деца им ги одзело сите играчки па тие го оставија сам да си игра со сите „негови„ играчки во песокта; сега, пораснатиот и итар Груевски ми личи на насилник и деликвент кој собрал верна тајфа послушници со кои заедно ја узурпираат и силуваат македонската малолетна демократија. 
 

Tuesday, March 3, 2015

Лудаци

Ние сме лудаци, она што го правиме е ненормално.
Ние трошиме пари на чоколадо а немаме ни за леб.

Monday, March 2, 2015

Забегани

Забегани


 ви претставува:

МОНТИРАНИ РАЗГОВОРИ

Актери: Грујо, Мијалков, Горде и Ставре (не ги делиме), Миле, Филимена, Маневски, Муса (правична застапеност)... и многу.... многу други

во епизодите:

Каменот доаѓа од блиску
Шо прајш
Сакав да му ја скршам главата (ама не му ја сршив - ќе изгубев пари, и в затвор ќе седнев)
Да ги сотреме комуњарите
Ние сме лудаци, она што го правиме е ненормално. Ние трошиме пари на чоколадо а немаме ни за леб
Уплав да те фати
Човек што изгубил контакт со реалноста
Ердоган ситуација
Дали јас сум ненормален или...?
Дувам приходи вештачки
Избркајте 500 луѓе од администрација
Трчи-лажи
Најголемото копиле

И уште мноооооогу други!


Уживајте!

Sunday, March 1, 2015

Неправедно обвинување


Riste Adziev​, немој да се двоумиш. Во право си. Тој има и телепатски способности, па им ги чита и мислите. Тој мора да е странскиот таен шпион кој повремено, на различни локации, главно во центарот на Скопје, врши нелегално прислушување и снимање на телефонски разговори, користејќи мобилна опрема чија локација постојано се менува. Опремата функционира по принцип на клонирање на, таканаречени, базни станици. Тој прави брза промена на местоположбата, како боксер, во радиус на 2 километри од институциите, од каде ги лоцира телефоните на државниот врв и носителите на јавни функции. Опрема ја приклучува во одреден дел од денот, најчесто помеѓу 12 и 18 часот.
 
МВР има и писмен извештај за наодите кои произлегоа од работата на врвните експерти од познатата тајна странска компанија, ама тој извештај не го покажува, затоа што тој е таен.
МВР досега не успеа да го посочи сторителот, но да им помогнеме. Јас мислам дека ова би требало да е осомниченото лице:
https://www.youtube.com/watch?v=EwJaeOUdZhc, странец е, американски странец е, знае да глуми.
 
Во секој случај наскоро некој ќе пропее
https://www.youtube.com/watch?v=k6PxMRUgmbA#t=146