Thursday, March 5, 2015

ДПМНЕ во злосторничкото здружување против Р. Македонија

Да де, да. Леле…

























Да бидеш министер во една влада, и тоа во толку одговорен ресор за судбината на Р. Македонија; да знаеш и да кажуваш дека состојбата во државата е катастрофална, и дека државата ќе колабира, и дека Владата на чело со Премиерот оди со главата во ѕид, а да се оправдуваш дека рацете ти се врзани, без да пробаш да ги искористиш ингеренциите и без да ги исполниш обврските што ти ги доделува, и ти ги налага функцијата на која се наоѓаш; да знаеш до каде е дојдена работата, а да поддржуваш, браниш и учествуваш во правењето криминал и во создавањето анимозитет кој може да доведе до меѓуграѓански судир е злосторство против Македонската Нација.

Јанкуловска! Како може материјалите што ги објавува Заев да бидат и креирани и незаконски прибавени? Кого го правите луд и забеган? Сиот народ? Ајде, имате „ваши„ луѓе, па тие се зависни од вас па мора да ви веруваат. А како да ви веруваат останатите граѓани на Македонија? Како да ви верува повеќе од половина Македонија?
Никако.

Освестете се, не спијте, додека сè уште има време сфатете дека тоа што го правите не може да се поправи!

Не постои колективна одговорност, како што викте, цитирам: „Ама ние стварно сите ќе завршиме во затвор„, не, секој одговара за своите дела или недела.
А тоа што министрите во Владата, и покрај тоа што осознаваат дека се прави криминал, не реагираат туку продолжуваат да ги толерираат незаконските дејствија; тоа ги става во групата на  соизвршители во злосторничкото здружување против нашата држава, против Р. Македонија.

Да де, да. Леле…

No comments:

Post a Comment