Thursday, July 13, 2017

Чудесна Македонија и чудесни Македонци

Чудни се менталитетот и логиката на Македонецот. 
Македонецот гордо се чука в гради и ја „брани“ својата „македонштина“, а не ја познава и не ја сака сопствената култура; тој не ја знае граматиката на сопствениот јазик, тој не го користи писмото на сопствениот јазик; тој не ги сака песните и стиховите испеани и прочитани на неговиот јазик, а крева раце и се чувствува задоволен и исполнет кога пее зборови на некој друг јазик, со кој исто така не владее толку добро, а мисли дека го знае одлично. Тој ги понижува и исмева сите што му се блиски, а ги велича тие што му се далечни и непознати. Тој ја „брани“ својата религија, а не ја знае. Тој мисли дека религијата „се брани“ со мразење на другите религии и на луѓето што ги практикуваат. Тој не троши време на спознавање на работите - тој знае сѐ пред време, а всушност не знае скоро ништо.
Чудесна е Македонија.
Чудесни се Македонците.