Friday, May 31, 2013

Еталон на балканизмот

Што појужно се потажно

Неактивни глави

Решението и промените ни се во главите, (не се работи за една глава, туку за мнозинство глави; - глави кои се активирани и размислуваат). Траба да се напушти размислувањето: „или ДПМНЕ или СДСМ“. Треба да се верува во подобро, да се бараат луѓе што ќе имаат идеи и визии, да се ислушаат и разберат тие луѓе ( а и тие луѓе треба да веруваат во тоа што го прокламираат - луѓето што не истапуваат со свое мислење и ставови, туку со ставовите на партијата, односно со ставовите на лидерот; тие всушност и не презентираат сви ставови, тие се кријат позади лидерот). Значи, за да се смени сосојбата „Статус кво“ односно состојбата на „Ќорсокак!“ во која не доведоа ДПМНЕ и СДСМ треба да се активираат главите на луѓето.

Thursday, May 30, 2013

За „малите“ и за „големите“ политичари

За кој политичар кажуваме дека е „голем“ политичар?
Дали за тој што ги знае сите маневри и манипулации за долго да се одржи на власт?
Дали за тој што за време на владеењето ќе заработи, а и тие околу него ќе заработат материјални вредности доволни за 2-3 животни века?
Или можеби поимот  „голем“ политичар би му го припишале на човек што постигнал значајни работи за некоја нација или за повеќе нации? Нешто како: „Го запрел непријателството и уништувањето, војната“, „Обезбедил услови за значаен економски развој и просперитет“...

 За „големиот“ политичар се зборува со пиетет се додека е живо сеќавањето за него.

Има ли во Македонија „големи“ политичари?

Партиски книшки

Нека има книшки, ама нема да има партиски вработувања. Луѓето ќе се вработуваат спрема квалификациите, вештините и стручноста. Народот ќе поддржи таква нова опција кога на поголемиот дел од луѓето ќе им стане јасно дека нема напредок при практикување на овој двопартиски (поточно 2+2 партиски) систем, дека партизацијата, на долг рок, им штети на сите. На овој начин не се гради функционално општество туку општество на лага и измама, во кое нема норми, стандарди и критеруиуми, туку, има само моментални интереси. Така се уништува иднината на повеќе генерации нанапред а под ризик се става постоењето на државната форма дефинирана на сегашен начин (Постоечките партии и нивните водечки лица веќе еднаш ја доведоа државата до внатрешно-надворешен судир и до редефинирање)
Математиката направена во еден од претходните постови во оваа група веќе покажува дека значаен дел од популацијата веќе чувствува незадоволство од партизацијата и од црно-белиот филм.
Ако овие мисли ги наречете утопија, ќе ви возвратам: мора да има луѓе што сонуваат за подобро затоа што вчерашната утопија се претвара во денешна визија, а денешната визија се претвара во утрешна реалност.
Пишував и пишувам на овие теми тука:
http://forum.kajgana.com/threads/%D0%94%D0%B5%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%9E%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D1%83%D0%BC%D0%BE%D1%82.43281/

и тука:
http://forum.kajgana.com/threads/%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D1%83%D0%BC.59833/

Во последнава тема на прашањето:
„Дали македонското општество (политички, економски, судски систем) правилно се развива“ од 55 гласачи со „Не“ одговорија 46 или 83,6%

Monday, May 20, 2013

Понижувачко непочитувачки менталитет

Можеме да се идеализираме, ама тоа нема да доведе до ништо добро.
Недостатокот на етика, култура и почитување си го прават своето.
Ние сме егоистични, некултурни и нецивилизирани созданија. 
Имаме непродуктивен менталитет кој не дозволува соработка, не трпи туѓ успех, тој е понижувачко непочитувачки, а од друга страна сервилен. Ние сме лицемерни приземни снобови кои го бараат своето задоволство во туѓиот неуспех.
Соодветно, и политичарите што ги избираме се  градени од истиот тој материјал.
Тоа е мојата дијагноза.

Сега, можеби ќе се јави некој и ќе почне лично мене да ме суди. Не се работи за поединци - се работи за тенденција.
Ако дијагнозата е поставена и ако е исправна - потребно е лекување.
Решение е појава на луѓе со визија и идеи, луѓе кои на свој пример ќе покажат дека постојат начини на попродуктивно живеење на едно општество.

Од друга страна, земајќи за докажано дека владите треба да создаваат услови за фунционирање и за производство на вредности, но и земајќи во предвид дека власта на разните нивоа ја формираат луѓе со ист менталитет како и општеството во целина, доаѓаме до заклучок дека оваа ситуација може да доживее промена само како резултат на смислено дејствување при кое, со свој пример и на своја политичка и материјална штета властодржецот би ги апострофирал грешките и недостатоците во општествената свест, начин на живеење и дејствување.

Му треба ли тоа на било кој, кој ја држи власта сигурно во свои раце?

Не

Sunday, May 19, 2013

Негативна селекција

 „Негативна селекција“ е сила на отпорот со која општеството дејствува врз својата сопствена креативна енергија.

Секој творец има доживеано завист и неблагодарност, како и ситуации кога признанијата ги добива некој друг. Но доколку отпорот е помал од креативната енергија, креативноста е одржлива.

Одбивајќи го притисокот, водени од ентузијазам, внатрешната мотивација и верување дека треба да бидат корисни и да даваат сè од себе креативците некое време работат со целосна посветеност, но битката за признание врши притисок врз умот и телото до граница на издржливост. Креативецот станува уморен, тој го губи угледот во своето опкружување, ја губи самоувереноста и менталната стабилност. Кај него растат чувствата на разочарување, на бесмисленоста на неговото дејствување и постоење, се зголемува внатрешното незадоволство.

Другите животни приоритети, како што се издржување на семејството доаѓаат во конфликт со творештвото "или (напразното) творештво или семејните обврски".

Конечно, творечката енергијата се губи.

За многумина, единствениот начин да го променат општеството, а не самите себе останува имиграцијата: феномен познат како „одлив на мозоци“.

Текстов е преземен од линкот подолу. Применлив е како во Србија така и во Македонија:
Боледуваме од исти болести.
http://www.nspm.rs/kuda-ide-srbija/negativna-selekcija.html?g_q=%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0

Поврзани линкови:

http://en.wikipedia.org/wiki/Negative_selection_%28politics%29?g_q=%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B0+%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0

http://en.wikipedia.org/wiki/Mushroom_management

Tuesday, May 14, 2013

Култура на некултура

На автобуска во Скопје заверувам повратен билет за Гевгелија. Треба да платам 30 денари, давам 500.
Продавачката: - Е кај да ти најдам сега ситно, треба да си имаш!
Јас: - Госпоѓо, вие треба да имате, вие треба да бидете спремни. Еве можам да ви дадам 27 денари, ќе ви должам 3 (го собирам сиот ситнеж)
Продавчката (со незадоволство и понижувачки): - Па јас ли за сите вас да плаќам?!!! (се врти спрема патниците после мене) Видете го овој!!!
Јас: Госпоѓо не се обидувам да платам помалку, ви дадаов 500 денари
Продавачката (ми го дава кусурот и заверениот билет, сепак имала ситно): Следниот!
Јас: Па еве, имавте ситно а ми го расипувате денот од сабајле со расправии. Па и да немате ситно вие би требало да ми се извините и да ме упатите на друга каса!
Продвачката: (не ми обраќа внимание)
Патникот позади мене (во меѓувреме дал пари и чека да му дадат билет): Ај тргни се од тука, не одземај време!
Јас (со повишен глас): Јас уште не завршив, со тебе си немам работа! (спрема продавачката) Барам да го викнете претпоставениот!!!
Продавачката: (збунета од мојата „дрзкост“ си зема пауза)
Јас: Барам да зборувам со вашиот претпоставен, вие сте нељубезна и сакам тоа да му го кажам. Зарем не сте слушнале за тоа дека муштеријата е секогаш во право?
Продавачката: Па што ви кажав? (кон луѓето) Вие сте сведоци, што му кажав?
Луѓето одзади мене: Абе ајде, дечко, не досадувај... Што сега... Касниме... А ти...
Патникот позади мене: Абе тргни се (ме турка со рака)
Јас: Со тебе немам работа (му ја тргам раката). На продавачката: Викнете го шефот, само со обезбедување ќе ме тргнете од тука.
Продавачката: Па ништо...
Јас: Со вас завршив, викнете го шефот
Продавачката: Па на пауза е...
Јас: Викнете било кој претпоставен!
Се појавува некој, продавачката вика: па еве...
Јас: (му ја објаснувам ситуацијата на „некој“)
Продавачката:(бара поддршка од луѓето во редот после мене. Гледам дека изразот на лицето и е сменет од надменост на почетокот на конверзацијата, сега гледам несигурност и страв - усните и треперат)
Некој: - Па еве патниците кажуваат...
Јас (спрема продавачката): - Госпоѓо другпат бидете љубезна, намерно ќе ве барам вас позади шалтерот. (Си одам и се чувствувам задоволен. Сепак, не знам кој што разбрал од оваа случка, ама, и пак да ми се случи, би постапил исто)