Friday, February 12, 2021

„Законски“ криминал во Сетек? (Договор за подведување)

Скандал: Дали Сетек и други продажни фирми ги вовлекуваат потрошувачите во должничко ропство?

Добив достап до договор за кредитирање кој се потпишува во продавниците на Сетек. Станува збор за договор во кој договорни страни се ФД Диџитал Фајнанс Интернешнал ДООЕЛ Скопје (ака kreddy.mk, ака forza.mk) од една страна и купувачот, односно корисникот на кредитот од друга страна. Интересно е да се забележи дека договорот е потпишан само од стана на корисникот на кредитот, во име на фирмата што го дава кредитот не е потпишан никој со „жив“ потпис, туку тој е потпишан со код за потпишување (не знам за што се работи, нов ми е принципот, па ништо не можам да кажам, само гледам дека местото одвоено за код за потпишување е празно, исто како и местото за IP адреса преку која е потпишан договорот). Во конкретниот договор на Сетек му е дадена улогата на „кредитен посредник“, но поточна формулација е дека Сетек во овој случај е „кредитен подведувач“, затоа што најголем дел од порошувачите не се свесни и не разбираат во што се впуштаат потпишувајќи го парчето хартија кое пред нив е ставено во продавницата на Сетек од страна на продавачите вработени во Сетек. Потрошувачот знае дека се наоѓа во продавницата на Сетек и очекува дека договорот за продажба на рати што му се нуди го склучува со Сетек, но Сетек му подметнува договор со друго правно лице. Излегува дека Сетек ги става потрошувачите во облигациони односи без нивно знаење. Понудениот договор иако не предвидува редовна камата - предвидува драконски провизии, казни и затезна камата.
Според мене, се работи за измамнички договор. Дел од условите на договорот иако, како што пишува во член 3 се "составен дел од договорот" ги нема во истиот во пишана форма, туку во него е даден само линк до интернет локација на која тие се наоѓаат, а со потпишуање на договорот потрошувачот потврдува дека ги прочитал, ги разбрал и ги прифаќа сите формулации за кои што и не знае дека постојат.


Всушност, со потпишување на договорот од страна на купувачот (потрошувачот) Сетек си ги добива своите пари од фирмата која му одобрила кредит на купувачот, а самиот купувач е оставен на милост и немилост на законската лихварска фирма. 



Значи, договорот не предвидува камата,



но предвидува провизија, која во конкретниот случај е некаде 50% од главнината


а доколку корисникот (потрошувачот, купувачот) доцни со исплатата, тогаш



стапуваат на сила драконските казни


и затезна камата.


„Одозгора на тога“ корисникот (купувачот) е натеран прифати дека горенаведените драконски казни и провизии се „фер и разумен надоместок за трошоците направени од Друшвото во врска со донењето на Корисникот“! 
Сакаат да кажат дека 2% дневна лихварска камата е нормално прифатлив „трошок“ што го трпи фирмата која го дала кредитот - што е лага.
 Еве го целиот „договор за подведување“:






На страницата на Сетек никаде не е спомнат лихварскиот посредник и драконсите провизии и казни






На страницата на https://kreddy.mk/pos/ се наведени сите „партнери“ во овој „бизнис“, очигледно не е само Сетек во прашање.














Ако не сум во право нека ме исправи некој, аргументирано. Докажете ми дека ова е легален бизнис.

Wednesday, February 12, 2020

Технологија за ослободување на Македонија од ропството наметнато од криминалните кланови СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Технологија за ослободување на Македонија од ропството наметнато од криминалните кланови СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ:
1. Се формира здружение на граѓани;
2. Здружението на граѓани води кампања за активен бојкот на изборите под мотото - граѓани на Македонија нема да гласаат во Северна;
3. Здружението на граѓани да пријави свои набљудувачи на СИТЕ изборни места;
4. Здружението на граѓани да побара да добие копија од избирачкиот список од ДИК, тој е јавна исправа и таа копија МОРА да биде дадена;
5. Бојкотот ќе биде активен затоа што НЕгласачите ќе бидат подучени да излезат на изборните места, НО да НЕ СЕ потпишуваат во избирачкиот список, НИКАКО да НЕ земаат изборни ливчиња, туку да прашаат кој е набљудувач акредитиран од Здружението на граѓани кои бојкотираат и да се изјасни дека нема да учествува на избори во Северна држава; и да си оди дома;
6. Паралелно може да се овозможи граѓаните кои не сакаат да се појават на гласачките места да гласаат преку создадена на интернет платформа за пребројување;
7. По завршување на изборниот процес Здружението на граѓани да направи пресметка колку граѓани ги бојкотирање изборите;
8. Ако бројката на бојкотирачите е поголема од бројката на излезени на гласање избори, тогаш изборите не се легитимни;
9. Здружението јавно ги објавува резултатите од НЕгласањето и почнува политичка борба со барања за промена на изборното законодавство и кривичниот законик со кои ќе им се одземе монополистичката улога на споменатите "големи" партии, ќе се воведе една изборна единица, ќе се забрани предизборно коалицирање и ќе се воведат казнени одредби за партиско и непотистичко вработување;
а.Пратеник да го губи мандатот ако менува партија, коалиција;
б. Една изборна единица и пропорционален систем или мнозински систем;
в. Одземање на привилегиите на големите партии за предизборно претставување и добивање пари од буџетот од добиен глас;
г. Серија казнени одредби за да не смеат партиите, политичарите да вработуваат по партиска, непотистичка врска, туку само преку новоформирана независна стручна агенција, институт за кадровски прашања;
д. ...
10. Се бараат предвремени парламентарни избори спроведени според новиот Изборен законик кои ќе учествува широка гама на политички партии и независни предлагачи
(во меѓувреме од Здружението ќе се формираат различни политички субјекти различни според своите програми и идеолошки насоченост и, НО да се обврзаат дека ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ нема да коалицираат со СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ)
Граѓаните на Македонија треба да го вратат владеењето на правото и владеењето врз сопствената држава.
Македонко, Македонецу, доста беше, разбуди се, не спиј ти!

Tuesday, February 4, 2020

Тероризам, батки

Во ситуација на повампурување на лукративните кланови (ги викаме политички партии, но не се тоа) и нивна узурпација на целото општество, заедно со судството. Кога не постојат легалистички мерки да се ослободи општеството, тогаш остануваат мерките надвор од воспоставениот (узурпиран) систем.
За тоа се согласни и имаат искуство од ваквото делување и лево и десно ориентираните политички субјекти.
Тероризам, батки.
Коментари
Коментирај...

Wednesday, January 29, 2020

За ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и други бандитски организации

1. ВМРО ДПМНЕ ја имаше узурпирано државата и фолклорот со изборни манипулации го доведе до совршен механизам за постојано владеење и создавање профит во поголем дел за партиските водачи и во помал за пониските ешалони партиски и коалициски полтрони;

2. ВМРО ДПМНЕ се согласи да преговара во Пржино и договори препуштање на легитимно (но нелегално) добиената  власт (ВМРО ДПМНЕ самата се согласи да се создаде неуставното СЈО)

3. Иако можеше да се претпостави на каде ќе тргне државата, државноста и нацијата ако аболициран криминалец кој е под странско влијание дојде на власт, ВМРО ДПМНЕ не ги бранеше ниту државата, ниту унитарноста, ниту се жртвуваше за стратегиските интереси на македонскиот народ, туку се бранеше себеси, за да може да опстане, да го задржи украденото и по разнебитување на државноста повторно да дојде на власт критикувајќи ја таа последица на сопственото дејствување.

Во сите негативности што ѝ се случија на Македонија и на македонската нација ВМРО ДПМНЕ е активен учесник.

Не знам како да се случи тоа, но главен стратегиски интерес за опстанок на македонската култура и македонскиот народ е паралелно обезвластување и на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, а со тоа и ослободување на стотиците илјади заробени од овие "политички партии" луѓе.

Monday, September 24, 2018

Песимизам

Република Македонија ви е гето? Па тука сакаш остани, сакаш земи си го пасошот и оди на сите четири страни на светот. Ако не ти е добар македонскиот пасош - земи си друг, еве имаме добри соседи кои нудат.
Од каде таа несигурност во себе и потребата некој да ви биде заштитник и тутор? А од каде глупоста дека тој некој од земјава ќе ни ја создаде ветената, во која ќе ни бидат решени сите наши проблеми на начин како тоа нам ни одговара... и тоа без наше учество и напор?
Сметате дека сме неспособни за организација? Сувереноста преголем товар ли ви е?
Во ред. Така сметајте си. Ама не ни го наметнувајте вашиот песимизам и конформизам.
Секоја земја е земја на тие што веруваат во неа.
Тоа што не верувате во Република Македонија не ви дава право да ја уништувате. Баш правото - Уставот и законите не даваат, па предвиделе санкции.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Friday, September 14, 2018

Игнорантна нација

- Зошто за 27 години не си го организиравме општеството?
- Затоа што свеста кај луѓето е на ниско ниво, тие не се посветуваат доволно, па, очекуваат дека некоја „вистинска“ и „правилна“ политичка гарнитура, на магичен начин, ќе ги реши сите проблеми.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Monday, August 6, 2018

Промовирање глупост

Не можеш да бидеш овца меѓу волци - ќе те растргнат, исто како што не може во корпа со камења да ставиш јајце и да очекуваш да не биде згмечено. Така и Македонија која е опкружена со држави кои се изградени како национални, не може да гради концепт кој нема да ја дефинира како засолниште на македонскиот јазик и на македонската култура. Да, претходно поддржував некаков граѓански концепт во кој сите „делови од народи“ кои живеат во Македонија треба да бидат „правично“ третирани, но гледаме до каде не доведе тој концепт во реалноста - во етнизирана консоцијалност во која нема граѓани, туку има припадници на кланови чиј просперитет зависи од силата на кланот кон кој припаѓаат. Клановите се поделени по етничка линија и по партиска припадност. Правично ли е тоа што „вработените“ според „правична застапеност“ со години цицаат пари од буџетот, а си седат дома, или работат на друга работа, па земаат две плати? Правично ли е сега кога новата власт реши да ги натера да одат на работа, да им се нуди избор каде би сакале да работата. При што повторно не се тргнува од тоа што тие луѓе знаат да работат.
Зошто не се бара одговорност од тие што од политички причини овозможија таквата кражба од буџетот да трае со години?

Значи, излегува дека досегашниот концепт не е функционален ниту внатре во државата, ниту е применлив во однос на соседните агресивни националистички држави.

Се сеќаваме како после последните парламентарни избори албанскиот премиер ги собра на маса, под знамето на голема Албанија сите македонски албански лидери, и како тие заедно направија платформа која сега ја спроведуваат преку митаџијата Зоран Заев?

Грција, со која митаџијата потпишал некаков договор, не признава никакви национални малцинства на својата сегашна територија, па поради тоа нивно поимање на демократијата сакаат да уништат секаква трага од македонски идентитет и надвор од државата, за да го доасимилираат македонското малцинство, кое е најголемо и сведочи за геноцидот кој го направила врз него грчката држава.

Тоа дека нашите „браќа“ Бугари и покрај тоа што први ни ја признаа државноста никако не можат да смогнат и да соберат сили за да признаат дека, барем сега, постои македонски етнос, различен од бугарскиот.

Нашите други браќа - Србите, се уште ги користат сите можности да пласираат свое влијание.

Косово не го споменувам, од таму повремено ни доаѓаат „борци за човекови права“ со калашникови.

И во вакво опкружение митаџијата пласира „добрососедство“, тоест ги напушта сите ровови од кои се бранеше до сега македонскиот национален интерес ветувајќи економски бенефит од влегувањето на државата во НАТО (во блиска) и во ЕУ (во далечна иднина). Се поставува прашање: Кој му дал мандат на Зоран Заев да врши такви сигнификантни поместувања во државната стратегија? Има ли право една политичка гарнитура, која како и сите претходни е времена, да врши такви промени без концензус на сите политички фактори во земјата?

Не.

Заев се поклонува на гробот на Гоце Делчев

Тоа што го прави Зоран Заев ќе предизвика уште поголем меѓуетнички и интеретнички анимозитет внатре во државата, во исто време оставајќи ја чувствителна и ранлива на влијанијата од надвор.

Тоа со „овца меѓу волци“ е библиска фраза спомната во Матеја 10:16-33, но таму Исус им кажува на апостолите дека ги праќа како „овци меѓу волци“ и „да бидат мудри како змијата, невини како гулабот“ а всушност да се борат за да го промовираат Христијанството. Ако го споредиме ова со тоа што го прави Заев, се поставува прашањето: - Што промовира Зоран Заев? Нов концепт во односите меѓу државите на Балканот? Со сиот памет очекуваме дека нашите соседни држави ќе престанат да бидат националистички?

Глупост.

Thursday, July 19, 2018

Референдумско прашање

??? Дали сте за подобро организирано општество со прифаќање дека сите митаџии и манипуланти како Зоран Заев треба да лежат затвор?