Friday, February 12, 2021

„Законски“ криминал во Сетек? (Договор за подведување)

Скандал: Дали Сетек и други продажни фирми ги вовлекуваат потрошувачите во должничко ропство?

Добив достап до договор за кредитирање кој се потпишува во продавниците на Сетек. Станува збор за договор во кој договорни страни се ФД Диџитал Фајнанс Интернешнал ДООЕЛ Скопје (ака kreddy.mk, ака forza.mk) од една страна и купувачот, односно корисникот на кредитот од друга страна. Интересно е да се забележи дека договорот е потпишан само од стана на корисникот на кредитот, во име на фирмата што го дава кредитот не е потпишан никој со „жив“ потпис, туку тој е потпишан со код за потпишување (не знам за што се работи, нов ми е принципот, па ништо не можам да кажам, само гледам дека местото одвоено за код за потпишување е празно, исто како и местото за IP адреса преку која е потпишан договорот). Во конкретниот договор на Сетек му е дадена улогата на „кредитен посредник“, но поточна формулација е дека Сетек во овој случај е „кредитен подведувач“, затоа што најголем дел од порошувачите не се свесни и не разбираат во што се впуштаат потпишувајќи го парчето хартија кое пред нив е ставено во продавницата на Сетек од страна на продавачите вработени во Сетек. Потрошувачот знае дека се наоѓа во продавницата на Сетек и очекува дека договорот за продажба на рати што му се нуди го склучува со Сетек, но Сетек му подметнува договор со друго правно лице. Излегува дека Сетек ги става потрошувачите во облигациони односи без нивно знаење. Понудениот договор иако не предвидува редовна камата - предвидува драконски провизии, казни и затезна камата.
Според мене, се работи за измамнички договор. Дел од условите на договорот иако, како што пишува во член 3 се "составен дел од договорот" ги нема во истиот во пишана форма, туку во него е даден само линк до интернет локација на која тие се наоѓаат, а со потпишуање на договорот потрошувачот потврдува дека ги прочитал, ги разбрал и ги прифаќа сите формулации за кои што и не знае дека постојат.


Всушност, со потпишување на договорот од страна на купувачот (потрошувачот) Сетек си ги добива своите пари од фирмата која му одобрила кредит на купувачот, а самиот купувач е оставен на милост и немилост на законската лихварска фирма. 



Значи, договорот не предвидува камата,



но предвидува провизија, која во конкретниот случај е некаде 50% од главнината


а доколку корисникот (потрошувачот, купувачот) доцни со исплатата, тогаш



стапуваат на сила драконските казни


и затезна камата.


„Одозгора на тога“ корисникот (купувачот) е натеран прифати дека горенаведените драконски казни и провизии се „фер и разумен надоместок за трошоците направени од Друшвото во врска со донењето на Корисникот“! 
Сакаат да кажат дека 2% дневна лихварска камата е нормално прифатлив „трошок“ што го трпи фирмата која го дала кредитот - што е лага.
 Еве го целиот „договор за подведување“:






На страницата на Сетек никаде не е спомнат лихварскиот посредник и драконсите провизии и казни






На страницата на https://kreddy.mk/pos/ се наведени сите „партнери“ во овој „бизнис“, очигледно не е само Сетек во прашање.














Ако не сум во право нека ме исправи некој, аргументирано. Докажете ми дека ова е легален бизнис.

No comments:

Post a Comment