Monday, September 24, 2018

Песимизам

Република Македонија ви е гето? Па тука сакаш остани, сакаш земи си го пасошот и оди на сите четири страни на светот. Ако не ти е добар македонскиот пасош - земи си друг, еве имаме добри соседи кои нудат.
Од каде таа несигурност во себе и потребата некој да ви биде заштитник и тутор? А од каде глупоста дека тој некој од земјава ќе ни ја создаде ветената, во која ќе ни бидат решени сите наши проблеми на начин како тоа нам ни одговара... и тоа без наше учество и напор?
Сметате дека сме неспособни за организација? Сувереноста преголем товар ли ви е?
Во ред. Така сметајте си. Ама не ни го наметнувајте вашиот песимизам и конформизам.
Секоја земја е земја на тие што веруваат во неа.
Тоа што не верувате во Република Македонија не ви дава право да ја уништувате. Баш правото - Уставот и законите не даваат, па предвиделе санкции.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Friday, September 14, 2018

Игнорантна нација

- Зошто за 27 години не си го организиравме општеството?
- Затоа што свеста кај луѓето е на ниско ниво, тие не се посветуваат доволно, па, очекуваат дека некоја „вистинска“ и „правилна“ политичка гарнитура, на магичен начин, ќе ги реши сите проблеми.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Monday, August 6, 2018

Промовирање глупост

Не можеш да бидеш овца меѓу волци - ќе те растргнат, исто како што не може во корпа со камења да ставиш јајце и да очекуваш да не биде згмечено. Така и Македонија која е опкружена со држави кои се изградени како национални, не може да гради концепт кој нема да ја дефинира како засолниште на македонскиот јазик и на македонската култура. Да, претходно поддржував некаков граѓански концепт во кој сите „делови од народи“ кои живеат во Македонија треба да бидат „правично“ третирани, но гледаме до каде не доведе тој концепт во реалноста - во етнизирана консоцијалност во која нема граѓани, туку има припадници на кланови чиј просперитет зависи од силата на кланот кон кој припаѓаат. Клановите се поделени по етничка линија и по партиска припадност. Правично ли е тоа што „вработените“ според „правична застапеност“ со години цицаат пари од буџетот, а си седат дома, или работат на друга работа, па земаат две плати? Правично ли е сега кога новата власт реши да ги натера да одат на работа, да им се нуди избор каде би сакале да работата. При што повторно не се тргнува од тоа што тие луѓе знаат да работат.
Зошто не се бара одговорност од тие што од политички причини овозможија таквата кражба од буџетот да трае со години?

Значи, излегува дека досегашниот концепт не е функционален ниту внатре во државата, ниту е применлив во однос на соседните агресивни националистички држави.

Се сеќаваме како после последните парламентарни избори албанскиот премиер ги собра на маса, под знамето на голема Албанија сите македонски албански лидери, и како тие заедно направија платформа која сега ја спроведуваат преку митаџијата Зоран Заев?

Грција, со која митаџијата потпишал некаков договор, не признава никакви национални малцинства на својата сегашна територија, па поради тоа нивно поимање на демократијата сакаат да уништат секаква трага од македонски идентитет и надвор од државата, за да го доасимилираат македонското малцинство, кое е најголемо и сведочи за геноцидот кој го направила врз него грчката држава.

Тоа дека нашите „браќа“ Бугари и покрај тоа што први ни ја признаа државноста никако не можат да смогнат и да соберат сили за да признаат дека, барем сега, постои македонски етнос, различен од бугарскиот.

Нашите други браќа - Србите, се уште ги користат сите можности да пласираат свое влијание.

Косово не го споменувам, од таму повремено ни доаѓаат „борци за човекови права“ со калашникови.

И во вакво опкружение митаџијата пласира „добрососедство“, тоест ги напушта сите ровови од кои се бранеше до сега македонскиот национален интерес ветувајќи економски бенефит од влегувањето на државата во НАТО (во блиска) и во ЕУ (во далечна иднина). Се поставува прашање: Кој му дал мандат на Зоран Заев да врши такви сигнификантни поместувања во државната стратегија? Има ли право една политичка гарнитура, која како и сите претходни е времена, да врши такви промени без концензус на сите политички фактори во земјата?

Не.

Заев се поклонува на гробот на Гоце Делчев

Тоа што го прави Зоран Заев ќе предизвика уште поголем меѓуетнички и интеретнички анимозитет внатре во државата, во исто време оставајќи ја чувствителна и ранлива на влијанијата од надвор.

Тоа со „овца меѓу волци“ е библиска фраза спомната во Матеја 10:16-33, но таму Исус им кажува на апостолите дека ги праќа како „овци меѓу волци“ и „да бидат мудри како змијата, невини како гулабот“ а всушност да се борат за да го промовираат Христијанството. Ако го споредиме ова со тоа што го прави Заев, се поставува прашањето: - Што промовира Зоран Заев? Нов концепт во односите меѓу државите на Балканот? Со сиот памет очекуваме дека нашите соседни држави ќе престанат да бидат националистички?

Глупост.

Thursday, July 19, 2018

Референдумско прашање

??? Дали сте за подобро организирано општество со прифаќање дека сите митаџии и манипуланти како Зоран Заев треба да лежат затвор?

Friday, May 4, 2018

За нехуманоста и за неодржливоста на капитализмот

За нехуманоста и за неодржливоста на капитализмот
На прва фразите: „секој треба сам да ја превземе одговорноста во свои раце за да има поубав живот“, „Изборот е твој“ звучат убаво, дури и мотивирачки. но, согласете се дека сите луѓе не можат да бидат успешни, нели? Секогаш ќе има некој што не може да постигне, некој што доцни, некој што има страв. Секако дека најлесно е да кажеш дека тие луѓе се мрзеливи, па си ја заслужуваат судбината, а можеби ќе ги наречеш и неспособни, но тоа е веќе оправдување на идеологијата на супремација, која всушност му е својствена на човекот како на животно. Но кај човекот се развила многу пософистицирана свест од другите примати. Затоа човекот е способен да чувствува емпатија.
Имајќи предвид дека свеста и интелектот кај луѓето се на многу повисоко ниво од тие на животните можеме да заклучиме и дека устројството на човечките општества треба да биде понапредно од животинските заедници.
Ако кај животните важат едноставните правила на брутална доминација, кај луѓето се развиваат односи на взаемност и соработка.
Иако работниците не се приморани да работат кај некој капиталист, можат да дадат отказ и да најдат друго работно место, значи не се приморани физички; тие се заробени во безизлезот на егзистенцијата во потрошувачкото општество. Значи заробени се ментално. Тие мора да заработат за да можат да си го дозволат конзумеризмот кој е проектиран во општеството, а повеќето од нив не можат да му се спротивстават.
Доаѓаме до ситуација кога за да (пре)живеат повеќето луѓе мора да допуштат да бидат експлоатирани.
Споменав ново зборче - работниците се „експлоатирани“, тоест искористени, па се поставува прашањето: - Од кого се искористени работниците? А одговорот е: - Од другиот учесник во создовањето вредности при процесот на работа. Од парите. Поточно од тие што ги вложуваат своите пари во организација на работата. Тоест од страна на сопствениците, од газдите. Значи газдите се богатат за сметка на работниците, тоест ги експлоатираат, што не е добро, не е хумано, не е емпатично и на крајот на краиштата не е одржливо. Затоа така се продуцираат кризи.
Некој ќе каже дека газдата се жртвува за работата, троши многу повеќе посветеност и енергија од работникот, но тоа не е точно, затоа што една е улогата на газдата како вложувач на пари во организирањето на работата, а друга е неговата улога како учесник во работниот процес, тоест работник. Секако дека истиот треба да добива финансиска сатисфакција за вложениот труд во работниот процес но таа треба да биде диктирана од пазарната вредност на трудот, како и за секој друг работник.
Ќе прашате: - А каква финансиска сатисфакција ќе добие сопственикот на капиталот (газдата) за тоа што со своите пари го овозможил создавањето на нова вредност преку работниот процес?
А одговорот е: - Треба да добие соодветна дополнителна вредност соодветна на пазарнат вредност на парите (на капиталот) - камата.
Се согласувам и со тоа дека секој учесник во процесот на работата треба да понесе одговорност, оти резултат на работењето може да биде и загуба, која треба да биде распределена пропорционално помеѓу сите учесници во работниот процес, исто како што треба да биде распределена и добивката.
Цивилизацијата секако некогаш ќе си ги осознае грешките и ќе ја елиминира експлоатацијата и ќе стане многу попродуктивна.
До тогаш ќе живееме во полуживотинско, непродуктивно, конфликтно општество на кризи и ќе кажуваме дека „животот е суров“ и „мора да се прилагодиш на промените или ќе бидеш на маргините“.

Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Thursday, March 1, 2018

За кодошите и предавниците

За кодошите и предавниците
Многупати сме слушнале дека главниот проблем ни се кодошите, тоест предавниците, кои се секаде околу нас. Но ако прашуваме различни луѓе за тоа кои се тие кодоши, тие ќе се посочуваат меѓусебно, што би значело дека сите сме предавници и кодоши, или би значело дека обвинувањето не е издржано.
Всушност се работи за егоизам и нетолерантност, кои се длабоко втемелени во нашиот менталитет. Таквиот менталитет не е кооперативен, па неговите носители секој свој неистомисленик го сметаат за противник, а еквивалентно на тоа и за предавник и кодош.
Од сево ова произлегува дека не страдаме од "своите", туку страдаме од себеси и од сопствениот менталитет.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Sunday, February 11, 2018

Основен проблем на балканските народи

На Македонец:
Читам дека и кај тебе има голем револт поради притисокот што ни се врши. И покрај тоа предлагаш да подлегнеме на притисокот поради нашата неспособност да функционираме и да се организираме, па од истите тие на чиј притисок имаш револт очекуваш чудесно решение во нашето внатрешно функционирање и организирање.
Види ако сме толку неспособни да имаме суверена држава, ќе останеме неспособни и ако влеземе во воен сојуз.
А ако сме неспособни да избереме политичко водство кое нема да краде од народот и кое ќе овозможи демократија, слобода, организација и продуктивност, тогаш и не заслужуваме да постоиме и до наше уништување ќе дојде порано или подоцна.
На Албанец:
Ова погоре го напишав како граѓанин на држава која има проблеми, а како Македонец мислам дека проблемот на повеќето Македонци лежи во малодушноста, ама гледам дека и за Албанците важи истото - оти Албанците во Македонија не можат да се прифатат себеси како слободни, независни Албанци, граѓани на Македонија. Не. Малодушноста на Албанците во Македонија им кажува дека тие имаат вредност и можат да опстојат само ако имаат патрон, кој ќе се грижи за нив. За таков патрон Албанците од сите околни држави ги избраа САД.
Покрај малодушноста кај Албанците има голема доза на егоизам, тие сакаат нивните права и чувства да бидат почитувани, ама самите Албанци не ги почитуваат правата и чувствата на другите.
Тоа е тоа. Основен проблем на балканските народи е малодушноста поврзана со егоизмот.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Saturday, February 10, 2018

Малодушност

Малодушноста е една од позначајните негативни карактеристики на македонскиот менталитет. Голем дестимулатор.