Sunday, February 11, 2018

Основен проблем на балканските народи

На Македонец:
Читам дека и кај тебе има голем револт поради притисокот што ни се врши. И покрај тоа предлагаш да подлегнеме на притисокот поради нашата неспособност да функционираме и да се организираме, па од истите тие на чиј притисок имаш револт очекуваш чудесно решение во нашето внатрешно функционирање и организирање.
Види ако сме толку неспособни да имаме суверена држава, ќе останеме неспособни и ако влеземе во воен сојуз.
А ако сме неспособни да избереме политичко водство кое нема да краде од народот и кое ќе овозможи демократија, слобода, организација и продуктивност, тогаш и не заслужуваме да постоиме и до наше уништување ќе дојде порано или подоцна.
На Албанец:
Ова погоре го напишав како граѓанин на држава која има проблеми, а како Македонец мислам дека проблемот на повеќето Македонци лежи во малодушноста, ама гледам дека и за Албанците важи истото - оти Албанците во Македонија не можат да се прифатат себеси како слободни, независни Албанци, граѓани на Македонија. Не. Малодушноста на Албанците во Македонија им кажува дека тие имаат вредност и можат да опстојат само ако имаат патрон, кој ќе се грижи за нив. За таков патрон Албанците од сите околни држави ги избраа САД.
Покрај малодушноста кај Албанците има голема доза на егоизам, тие сакаат нивните права и чувства да бидат почитувани, ама самите Албанци не ги почитуваат правата и чувствата на другите.
Тоа е тоа. Основен проблем на балканските народи е малодушноста поврзана со егоизмот.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Saturday, February 10, 2018

Малодушност

Малодушноста е една од позначајните негативни карактеристики на македонскиот менталитет. Голем дестимулатор.

Глупо и расипано македонче

Македонците не се способни да се организираат, да соработуваат и да бидат продуктивни.
1.Пред 7-8 години кога се донесе новиот Закон за домување, во секоја зграда мораше да се организира заедница на станари, или да се склучи договор со фирма која ќе управува со зградата. Станарите решија дека е подобро да организираме заедница и дека претседател треба да бидам јас (оти никој друг не сакаше да се замара). Бев претседател 2 години, за кои се расправав скоро со секој станар, имав свикано 10тина собири на станарите, водев сметководство, издавав потврди за примени пари, одев и пишував дописи до институции, јавни претпријатија и во општина. Им предложив на станарите да плаќаме по 300 денари и тоа на сметка, оти не можев веќе да се расправам на врата - не беше прифатено.
По 2 години дел од станарите решија дека им е доста од мојата „власт“ и направија нестатутарен пуч. Назначија нов претседател и органи. Од тогаш како да немаме заедница, оти не можеме да се организираме и да најмиме чистачка, се плаќа на врата и тоа само за струја и тоа еден плаќа а друг не сака. Претседателот за 7 години не напишал барем едно писмо до ЈП или до општина, 7 години немаше еден состанок на станарите...
И сега, по 7 години, „власта“ договара ангажирање на фирма управител. И повторно ќе се плаќа по 300 денари, на сметка - тоа што го предлагав јас, само што сега управителот ќе собира кајмак и од секоја фактура по 100 денари ќе одат кај него, наместо да одат во резервен фонд. Излегува дека не се способни сами да ја организираат работата во заедницата, ниту се трудат тоа да го прават, па своите обврски сакаат да ги префрлат на друг, во очекување некој друг да им ги реши проблемите. А тој некој друг само ќе гледа да собира парички.
2. Сличен случај беше со бомбона бизнисот: ЕСМ - не можеа сами да ја раководат фирмата, да наплатуваат е.е. на цела територија па ја продадоа на странци, демек тие ќе ја оправат.
3. Исто е со организација на државата - неспособни сме да си ја организираме државата, па сега се надеваме дека откога ќе влеземе во НАТО (макар што за да го направиме тоа треба да изгубиме голем дел од идентитетот) работите на магичен начин сами ќе се средат.
Глупо и расипано македонче, кој си, што си? Каде ли се спремаш? Зошто си правиш штета себеси и на сите околу себе?

Wednesday, February 7, 2018

Закон за зајци

1. Зоран Заев е претседател на парија која е регистрирана во Република Македонија
2. Партијата на која и е претседател Зоран Заев учествуваше на парламентарни избори во Република Македонија
3. Според резултатите на спроведените парламентарни избори паријата на Зоран Заев од Претседателот на Република Македонија доби мандат за формирање на Влада на Република Македонија
4. Зоран Заев е подготвен да го промени името на Република Македонија.
Од напишаниве 4 точки се гледа дека се што правеле Зоран Заев и партијата која ја предводи - го правеле во рамките на Уставот и законите на Република Македонија. Зоран Заев добил манат за раководење на Република Македонија. Ако Зоран Заев го надмине дадениот мандат и излезе од рамките на Уставот и законите и во име Владата на Република Македонија и граѓаните на Република Македонија и потпише промена на уставно дефинираното има на Република Македонија, тогаш тој треба да одговара пред Уставот и законите на Република Македонија.
Ако Зоран Заев има намера да го смени уставно дефинираното име на Република Македонија, тогаш Собранието треба да распише нови избори и да се распушти, а Зоран Заев и неговата партија во предизборната кампања јасно да ги информираат граѓаните дека промената на името на Република Македонија е предвидено со програмата за работа на Владата која Зоран Заев и неговата партија планираат да ја формираат ако успеат да добијат мнозинство во Собранието и добијат мандат од Претседателот на Република Македонија.
Значи името на Република Македонија може да биде променето, но постапката за промена на името на Република Македонија треба да оди по следниот редослед:
1. Избори;
2. Референдум;
3. Промена на името на Република Македонија.
Зоки, државата не ти е дадена во сопственост, како што не му беше дадена во сопственост ниту на Грујо. И за тебе важи Уставот и законите на Република Македонија. Настрана претходните индиции за криминал направен во Република Македонија од тебе, ако во сегашнава ситуација иницираш промена на име на Република Македонија: Ќе си лежиш во Република Македонија.