Saturday, February 10, 2018

Глупо и расипано македонче

Македонците не се способни да се организираат, да соработуваат и да бидат продуктивни.
1.Пред 7-8 години кога се донесе новиот Закон за домување, во секоја зграда мораше да се организира заедница на станари, или да се склучи договор со фирма која ќе управува со зградата. Станарите решија дека е подобро да организираме заедница и дека претседател треба да бидам јас (оти никој друг не сакаше да се замара). Бев претседател 2 години, за кои се расправав скоро со секој станар, имав свикано 10тина собири на станарите, водев сметководство, издавав потврди за примени пари, одев и пишував дописи до институции, јавни претпријатија и во општина. Им предложив на станарите да плаќаме по 300 денари и тоа на сметка, оти не можев веќе да се расправам на врата - не беше прифатено.
По 2 години дел од станарите решија дека им е доста од мојата „власт“ и направија нестатутарен пуч. Назначија нов претседател и органи. Од тогаш како да немаме заедница, оти не можеме да се организираме и да најмиме чистачка, се плаќа на врата и тоа само за струја и тоа еден плаќа а друг не сака. Претседателот за 7 години не напишал барем едно писмо до ЈП или до општина, 7 години немаше еден состанок на станарите...
И сега, по 7 години, „власта“ договара ангажирање на фирма управител. И повторно ќе се плаќа по 300 денари, на сметка - тоа што го предлагав јас, само што сега управителот ќе собира кајмак и од секоја фактура по 100 денари ќе одат кај него, наместо да одат во резервен фонд. Излегува дека не се способни сами да ја организираат работата во заедницата, ниту се трудат тоа да го прават, па своите обврски сакаат да ги префрлат на друг, во очекување некој друг да им ги реши проблемите. А тој некој друг само ќе гледа да собира парички.
2. Сличен случај беше со бомбона бизнисот: ЕСМ - не можеа сами да ја раководат фирмата, да наплатуваат е.е. на цела територија па ја продадоа на странци, демек тие ќе ја оправат.
3. Исто е со организација на државата - неспособни сме да си ја организираме државата, па сега се надеваме дека откога ќе влеземе во НАТО (макар што за да го направиме тоа треба да изгубиме голем дел од идентитетот) работите на магичен начин сами ќе се средат.
Глупо и расипано македонче, кој си, што си? Каде ли се спремаш? Зошто си правиш штета себеси и на сите околу себе?

No comments:

Post a Comment