Saturday, May 28, 2016

Национализам

ДПМНЕ нема свои симболи, сите им се присвоени (украдени). Треба да се разбере дека политичка партија претставува идеологија (идеја за организирање на општеството). Патриотизмот употребен од страна на политичка партија се изродува (преродува де) во национализам (исто што и нацизам), а тој не е идеја за организирање на општеството. Тој е идеја за уништување на различните.


Friday, May 27, 2016

EPP (The European People’s Party) is a joke?

EPP (The European People’s Party) is a joke?
Тукушто го слушав Едвард Кукан како се фали со тоа што влијаеле врз Груевски за да го потпише договорот во Пржино. Тој смета дека потоа четирите партии потписнички ја делат одговорноста за неговото спроведување помеѓу себе. Зарем не се свесни дека Грујо Груевски ги изигрува сите вклучувајќи ги и нив?
Во одговор на прашањето дека во политиката на користење на морков и стап, морковите се гледаат а стаповите не, неговата колешка одговори: „Не ги користиме јавно стаповите“, а Кукан додаде: „Груевски мораше да ислуша многу критички забелешки“ - го исплескале зад затворени врати, „тој доби јасна порака и се согласи“.
Но кога го слушнав Кукан како одговара: „Каква врска има Груевски со помилувањето на Иванов?“ во одговор на прашање на Борјан Јовановски, се изнасмеав горко и заклучив дека на овие европски бирократи не им е многу грижа за правата на граѓаните во конкретните држави - ним им е битна само формата.

Thursday, May 26, 2016

Демагогија

Поповски брани нешто што не може да се одбрани со помош на демагогија. Самиот кажува дека постапката на Иванов со аболиција на 56мина обвинети за злоупотреби и криминал не придонесе кон смирување, туку ја влоши состојбата во државата, но не смета дека тој треба да понесе одговорност за таа своја постапка затоа што „имал добри намери“, дури го оправда со изреката дека „понекогаш патот до пеколот е поплочен со добри намери“. Што ни кажа всушност ова „човече“? Дека Иванов не води во пеколот, но неговите намери се добри? Која глупост е ова? Па од Претседател на држава се очекуваат мудри одлуки, како и искреност и одговорност во случај на направени грешки. Ако за да се биде Претседател е доволно да само да се имаат добри намери, тогаш секој втор човек би можел да биде Претседател. Демагогија. Поповски е многу паметно, но уште повеќе рассипано човече.

Wednesday, May 18, 2016

Од кого да учи ученикот ако учителот му е неук?

Живееме во изгубено, талкачко општество, во општество што не напредува. Секако дека ученикот некогаш треба да го надмине учителот, но во нашиот случај гледаме ситуација во која тој што треба да обучува (учителот) не ни почнал да учи. Од кого да учи ученикот ако учителот му е неук?

Monday, May 16, 2016

ДПМНовци, не знам дали сте прости или расипани

До вчера (па и сè уште Груевски го кажува тоа) имаше концензус помеѓу сите партии за тоа дека иднината на Македонија е во евроатланските структури. Што се смени? Европа и Америка останаа такви какви што беа. Значи произлегува дека се појавија поинакви размислувања внатре во ВМРО ДПМНЕ? И тоа тајни размислувања и дејствувања.
Што ли е причината?
Да не е то што и претставниците на ЕУ и тие на САД настојуваат на владеење на правото и на казнување на криминалот?
Значи ли тоа дека вие во ВМРО ДПМНЕ сакате да ги скриете од правдата вашите лидери? Ама сè уште не ви е јасно - ако нема правда - нема државност.



Ова е основно непознавање на функционирање на демократијата, а без демократија нема да постои ниту Македонија. Произлегува дека со вашата заслепеност од една политичка гарнитура а веројатно и со привилегиите што ги имате во така (дез)организираното општество самите ја уништувате Македонија.
Вашот конформизам се чита од вашето обраќање до човекот за кого има сомненија дека учествувал во лаги, интриги и криминал, кому од искомплексираност му се обраќате со „Премиере“ во ситуација кога тој не ја извршува таа функција. Или и вам ви е јасно дека овој човек ги има узурпирано сите институции во државава па ги влече сите конци од позади завесата; и ја прифаќате таквата состојба?
Закажаните еднокоалициски (читај: еднопартиски) избори, на 5ти јуни, само ќе ја интензивираат кризата. Ако приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ се гордеат со 10те изборни циклуси (дел од нив со манипулации и криминал), а тие изборни циклуси само го зголемуваа анимозитетот во општеството, зошто очекувате дека овие избори сега ќе бидат поинакви? Или се надевате дека ќе се воспостави отворена диктатура на ВМРО ДПМНЕ која ќе уништи секого кој размислува поинаку од нив?


Ова го пишувам како одговор на овој текст на Natasa Dimovska:
„Отворена и јавна објава до Премиерот Никола Груевски
Почитуван наш Премиере на Р.Македонија
Будно ги следиме сите случувања во државата.
Сеуште сте лик кој ужива јавна поддршка од голема маса народ Македонски.
Историјата на Македонија сите ја знаеме некој помалку некој повеќе.
Верувам во тоа дека вие како сегашен и понатамошен Премиер будно го следите и слушате гласот на Македонскиот граѓанин.
Имајки факти и јасни сознанија на моменталната состојба народот одценува дека сите нормативи на попустливост и трпение се надфрлени.
Имајки предвид фактот дека во Р.М. на голема врата е влезен подмолниот огранок на петтата колона а за која знаеме што цели и се обидува, би било умно сето ова да добие завршница со веќе закажаните избори на 5 ти Јуни.
Јасен ни е фактот и намерите на петоколонашите кои мудро користејки ја левичарската СДСМ прават обиди за безмилосно уривање и поделба на Македонија.
Почитуван Премиере
Ако народот е со Вас,
тогаш кој ке е против Вас !
Сите услови се исполнети и на политичката сцена има пријавено доволно број партии кои го задоволуваат изборнио процес и истиот е функционален за одржување на веќе презакажаните избори.
Народот очекува избори !
На 5 ти.Јуни мора да победи Македонскиот народ
Победува Македонија“

https://www.facebook.com/groups/236208866401915/permalink/1076860389003421/

ДПМНовци, не знам дали сте прости или расипани.


Tuesday, May 10, 2016

Кажете му на Грујо да пУчекЕ! Мож и Ставре ќе дое уз него

Абе и да умрел Николчо Груевски планетата нема да застане. Ама како да ги спасиме луѓето кои мислат дека без Груевски нема Македонија, нема иднина, нема живот? Па ќе си направат масовно самоубиство илјадници Македонци! Затоа кажете му на Грујота да почека - пред да ги освестиме луѓево да не си заминува. Дека ќе му избега пеколот?

Sunday, May 1, 2016

Нè лажат, нè плашат и нè уценуваат со своите догми

Е, да. Кога беше прогонуван и прогласуван за предавник на националната црква (МПЦ) г.г. Јован, тогаш ние радосно триевме раце на неговите осуди.
Сега половина од граѓаните на Р. Македонија се прогласени за предавници на националната партија (ВМРО ДПМНЕ).
Заедничкиот именител е ист: користење на догмата за зграпчување и насилно одржување на власт... За пари!

http://plusinfo.mk/mislenje/1484/sharenata-revolucija-gi-prevrednuva-vrednostite

Сега вака размислувам за религиозните догми: http://produktinaumot.blogspot.mk/2014/11/blog-post_5.html

А вака за политичките:
http://b-n-z-r.blogspot.mk/2016/04/blog-post_8.html

Нè лажат, нè плашат и нè уценуваат со своите догми за да нè држат потчинети, а тие да имаат ќар.