Monday, May 16, 2016

ДПМНовци, не знам дали сте прости или расипани

До вчера (па и сè уште Груевски го кажува тоа) имаше концензус помеѓу сите партии за тоа дека иднината на Македонија е во евроатланските структури. Што се смени? Европа и Америка останаа такви какви што беа. Значи произлегува дека се појавија поинакви размислувања внатре во ВМРО ДПМНЕ? И тоа тајни размислувања и дејствувања.
Што ли е причината?
Да не е то што и претставниците на ЕУ и тие на САД настојуваат на владеење на правото и на казнување на криминалот?
Значи ли тоа дека вие во ВМРО ДПМНЕ сакате да ги скриете од правдата вашите лидери? Ама сè уште не ви е јасно - ако нема правда - нема државност.



Ова е основно непознавање на функционирање на демократијата, а без демократија нема да постои ниту Македонија. Произлегува дека со вашата заслепеност од една политичка гарнитура а веројатно и со привилегиите што ги имате во така (дез)организираното општество самите ја уништувате Македонија.
Вашот конформизам се чита од вашето обраќање до човекот за кого има сомненија дека учествувал во лаги, интриги и криминал, кому од искомплексираност му се обраќате со „Премиере“ во ситуација кога тој не ја извршува таа функција. Или и вам ви е јасно дека овој човек ги има узурпирано сите институции во државава па ги влече сите конци од позади завесата; и ја прифаќате таквата состојба?
Закажаните еднокоалициски (читај: еднопартиски) избори, на 5ти јуни, само ќе ја интензивираат кризата. Ако приврзаниците на ВМРО ДПМНЕ се гордеат со 10те изборни циклуси (дел од нив со манипулации и криминал), а тие изборни циклуси само го зголемуваа анимозитетот во општеството, зошто очекувате дека овие избори сега ќе бидат поинакви? Или се надевате дека ќе се воспостави отворена диктатура на ВМРО ДПМНЕ која ќе уништи секого кој размислува поинаку од нив?


Ова го пишувам како одговор на овој текст на Natasa Dimovska:
„Отворена и јавна објава до Премиерот Никола Груевски
Почитуван наш Премиере на Р.Македонија
Будно ги следиме сите случувања во државата.
Сеуште сте лик кој ужива јавна поддршка од голема маса народ Македонски.
Историјата на Македонија сите ја знаеме некој помалку некој повеќе.
Верувам во тоа дека вие како сегашен и понатамошен Премиер будно го следите и слушате гласот на Македонскиот граѓанин.
Имајки факти и јасни сознанија на моменталната состојба народот одценува дека сите нормативи на попустливост и трпение се надфрлени.
Имајки предвид фактот дека во Р.М. на голема врата е влезен подмолниот огранок на петтата колона а за која знаеме што цели и се обидува, би било умно сето ова да добие завршница со веќе закажаните избори на 5 ти Јуни.
Јасен ни е фактот и намерите на петоколонашите кои мудро користејки ја левичарската СДСМ прават обиди за безмилосно уривање и поделба на Македонија.
Почитуван Премиере
Ако народот е со Вас,
тогаш кој ке е против Вас !
Сите услови се исполнети и на политичката сцена има пријавено доволно број партии кои го задоволуваат изборнио процес и истиот е функционален за одржување на веќе презакажаните избори.
Народот очекува избори !
На 5 ти.Јуни мора да победи Македонскиот народ
Победува Македонија“

https://www.facebook.com/groups/236208866401915/permalink/1076860389003421/

ДПМНовци, не знам дали сте прости или расипани.


No comments:

Post a Comment