Thursday, December 14, 2017

За македончето

македончето сака да се наметнува, да понижува и исмејува други Македонци, нему не му е целта да ја бара вистината, туку да докаже дека тој е во право. Затоа македончето е искомплексирано и не сака да ги препознае сопствените човечки слабости, иако ги гледа кај другите. Тоа е некој вид на итро, инаетливо, непродуктивно и некооперативно суштество кое најголемата штета си ја прави себеси, затоа што ги навредува и ги повредува луѓето околу себе, а е сервилно во однос на наметнатите авторитети.

Saturday, December 2, 2017

Кривосудство

Во општ интерес ни е да имаме професионално и независно судство - тоа да не биде политички инструирано. За жал поради децениските политички интервенции судството не ни е такво. За да се иницира промена на таа ситуација сите, вклучително и судиите, треба да излеземе од партиските табори и да почнеме да размислуваме и дејствуваме независно, затоа што секој од нас си има сопствен интелект, достоинство, а и одговорност пред општеството.

(Не)правда

Правдата има меч во раката,не се радуваме што пресекла некого,туку на тоа што се разбудила, па почнала да го користи.

Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај