Friday, March 22, 2013

Вести пред избори, во Апсурдонија

Македонија,
22 март, 2013 година, ден петок,
19.00 часот,
5 часа пред изборниот молк,
вести на националната телевизија „Сител“, прилози:

19.00 - 19.29
Прилози во кои се афирмираат кандидати за градоначалници од позицијата:
  • Прилог од Велес, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, проекти во Велес
  • Карпош, Јагнула Куновска, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, зборува за проектот (пола проект) - двојно намалување на плаќањата за праќање дете во градинка во Карпош
  • Митинг, говор на премиерот Никола Груевски: „Бранко ли најде да кажува“
  • Прилог од Охрид: „Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петревски, свесен дека е во позиција да загуби на изборите оди од врата до врата и во замена за глас за него нуди отпишување на комуналните долгови, покрената е постапка, следи кривична одговорност“. 
  • Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи: „Опозицијата секако ќе ги загуби изборите, се потпирам врз резултатите од спроведените анкети“
  • Коце Трајановски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Скопје, проекти во Скопје
  • Ивица Коневски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, проекти
  • Владимир Тодоровиќ, проекти Центар
  • Билјана Беличанец, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ
  • Куманово, Зоран Георѓиевски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ
  • Кратово, Мите Андоновски, кандидат за градоначалник од СПМ
  • Прилог од Битола, министерот Иво Ивановски со Владимир Талевски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ: „Ги повикувам граѓаните да излезат на избори и да го одберат најдобраото, а најдоброто има име, тоа е ВМРО ДПМНЕ“
  • Прилог од Дојран „Нуркачи го чистат Дојранското езерото“, Претседателот Иванов, градоначалникот на грчкиот град Дојрани и Борче Стамов, кандидат за градоначалник на Дојран од ВМРО ДПМНЕ
  • Прилеп, Марјан Ристевски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, проекти во Прилеп
  • Штип, Илчо Захариев, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ
  • Свети Николе, Зоран Тасев, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ
  • Повторно Славчо Чадиев, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Велес: „Тоа значи“ проекти
  • Охрид, Бакрачевски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ: „Ги повикувам граѓаните да излезат на избори и да гласаат за ВМРО ДПМНЕ“

19.29 - 19.30
Прилози во кои се афирмираат кандидати за градоначалници од опозицијата:
  •  Ивoн Величковски, ЛП
  •  Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Карпош

19.30 - 19.31
Вести од Светот


19.31 - 19.35
Вести од спортот
  • Најава на фудбалскиот натпревар
  • Говор на премиерот Никола Груевски на отварање на фудбалскиот тренинг центар
 19.35 - 19.36
Најава на бизнис вести:
  • Субвенции за земјоделците...
  • Повластено снабдување со дрва...
19.36 -
Реклами
---------------------------------------------------------------------------------------------------------

„Вестите служат за да се информираат гледачите за случувањата во земјата и во светот.
Вестите треба да бидат објективни и неутрални, поткрепени со факти од веродостојни извори. Политичката кампања би требало да има место надвор од вестите, и тоа со рамноправно давање на шанса на секој кандидат да се промовира.
Новинарите ги презентираат вестите, не е професионално и спаѓа во методите на манипулирање со јавноста кога новинарите ги коментираат вестите, даваат свое гледиште или измислуваат вести.
За објаснување на состојбите новинарите им се обраќаат за помош на експертите од коментираната област, кои, потпирајќи се врз своето специфично знаење (ако го поседуваат) и врз своето искуство во областа, даваат свое гледање на ситуацијата. Ако има експерти што имаат различни мислења за иста проблематика, се даваат во јавност сите спротивставени мислења“

Ова се основните постулати за тоа како би требало да се конципирани информативните проглами во напредна и демократска Република Македонија.
Ова што се случува во денешно време е манипулирање и заведување на јавноста, промовирање на една единствена политичка опција, непрофесионално па дури и криминално работење (свесно се влијае врз свеста на луѓето, врз нивните решенија и врз нивните судбини )

Monday, March 11, 2013

Помеѓу глупоста и расипаноста 2

Се двоумам како да го разберам ова (не)дело на овој „професионален“ „новинар“.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3913921347&id=13&prilog=0&setIzdanie=22825
Се двоумам помеѓу глупоста и расипаноста.
-----------------------------------------------------
Во текстот авторот пишува:

1. „Тој беше заменик-министер за одбрана и еден од авторите на одбранбената стратегија на Македонија и тогаш никој од него не бараше да биде сменет!“

Јас имам дока дека тоа го бараше барем еден човек, еве го исказот: "Македонија се стреми кон затворање на раните од конфликтот, изградба на стабилна, правна и побогата држава, која брзо треба да се подготви за приклучување кон ЕУ и НАТО. Отворањето на старите рани, со назначување на клучни позиции на поранешни докажани терористи, сликани во воена униформа на ОНА, луѓе кои отворено повикуваа на оружена борба заради политички цели, луѓе зад кои стојат многу злосторства за кои веќе се амнестирани, нема да го забрза стабилизацискиот и развојниот процес во Македонија." - Никола Груевски http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2310&stID=25637


2. „Ако веќе собира потписи за референдум, мора да знае оти Албанците можат да соберат 150.000 потписи за еден ден! И што треба да направат - да побараат да паднат сите македонски министри во Владата? До што ќе нѐ доведе тоа - до федерализација, етнички парламент и албанска влада во Тетово!?“

Ова е школски пример на изнесување на тези помеѓу глупоста и расипаноста:
новинаров или е неук и не знае дека после собирањето на потребниот број потписи се распишува референдум на кој се гласа „за“ или „против“ на поставеното прашање,
или е манипулатор кој се служи со замена на тези.


3. „Чија ќе биде одговорноста ако загине макар еден човек - Албанец или Македонец сеедно?“

Одговорноста ќе биде на тој човек што го предизвикал првото од многуте меѓусебно имплицирани народни незадоволства: Никола Груевски.
Исто така, ваквите „новинари“ секао ќе имат удел во одговорноста.

4. „...но партијата што се колне во демократија не може да преживее различен став на своите важни членови!“

Таа партија не е единствена со таквата своја карактеристика. Може да се каже дека во Македонија е правило така да се раководат партиите


5. „Демократијата се учи, но многу наши и ваши политичари ниту за две децении не успеаја да ја научат основната лекција (Месиќ)“ „Надежта е дека народот созрева и знае што е најдобро за него.“

Е со ова потполно се согласувам, „новинаров“ и нарачателот на текстов ништо не научиле.
А дали имаат желба да учат?

Thursday, March 7, 2013

Партиски вработувања - членување во партија во потрага по работа и егзистенција

Во нашата држава се добиват вработувања како награда за партискиот активизам, при што се занемарува професионалноста и стручноста.

Има два начина накои партијата ги вдомува своите пулени:
1. Под закана со инспекциски проверки и парични казни партијата влијае врз приватна компанија да вработи нејзини членови на значајни места, истите тие понатаму вработуваат други партиски членови.
2. Партиските полтрони се вработуваат во министерствата, во јавните претпријатија, во општинската администрација, во подрачни единици на министерствата...

Во првиот случај станува збор за реметење на економските механизми и реметење на пазарната економија, при што сопственикот на приватната компанија не е слободен во управувањето со својот капитал, но тој тоа свесно го прифаќа како карактеристика на пазарот (див нерегучиран пазар ама и големи добивки).
Во вториот случај се уништува креативниот потенцијал на нашата држава, луѓето се приморани да бараат вработување и егзистенција надвор од државата (одлив на мозоци). Институциите (државните органи и јавните претпријатија) се водат непрофесионално или полупрофесионално. Иако во нив се вработуваат што повеќе партиски пулени, квалитетот на услугите пружен на граѓание опаѓа. Сметам дека вториов начин на дејствување е криминален - заради група партијци не напредува, не се развива целото општество.

Но кој може да ги спречи овие тенденции кога тие се спроведуваат од формирањето на државата а имаат свои длабоки корења уште во претходниот систем (тогаш преку непотизмот и личните контакти)?
Некоја работа се смета за неморална и  ненормална ако повеќето луѓе во едно општество ја сметаат за таква. А што кога поголемиот дел од општеството го смета неморалното за нормално?
Тогаш излегува дека моралното однесување е ненормално или во најмала рака приглупо.

Веќе се изјаснував дека оваа погубна практика за продуктивноста на општеството, нема да може (да сака) да ја прекине ниедна од постоечките партии. Тие едноставно така функционираат, така добиваат власт, тоа за нив е успешна формула („ќе ги отпуштиме нивните братучеди - ќе вработиме наши“), не е во нивен интерес да променат нешто.
Треба да се формира политичка опција која во своите статутарни документи ќе има наведено прецизни ограничувања и механизми за сузбивање на оваа или сличните на неа појави.
Значи, треба да се дијагностицира проблемот, да се дадат решенија за негово отстранување и да се наведат гаранции дека системот ќе биде функционален.
Таа политичка опција не е задолжително да биде партија, ефективено е да се биде и движење или здружение кое ќе привлече многу истомисленици.

Saturday, March 2, 2013

Каде одиме?

Се си има своја причинско последична поврзаност:
- поради нему познати причини Груевски



 











 го назначи Џафери





 за министер за одбрана
- оваа одлука предизвикува повреденост кај лицата кои имаат изгубено блиски луѓе во конфликтот во којшто учествуваше Џафери. исто така одлуката предизвикува навреденост и пониженост кај сите Македонци.
- се јавува реакција на одлуката проследена со негодување и протести
- на вчерашните протести толпата ги заменува тезите па наместо против одлуката протестира против албанците и се пали албанското знаме
- регистрирани се голем број конфликти на национална база
- денес албанците организираа протест на којшто дивееја, кршеа, уништуваа, провоцираа и навредуваа
-...

Што е наредно?
Кој е одговорен, да не кажам виновен?

ДДП - Движење за департизација

Кога се имаат во предвид политичките партии - се има во предвид идеологија, замисла за изградба на општеството, принципи и постулати, на некој начин темел врз кој се гради.

Граѓаните ги препознаваат своите желби и потреби во идеологијата на партиите и заради тоа ги поддржуваат.
Партиите во Македонија не се изградени врз принципи на идеологија и принципи, туку, затскривајќи се зад абревиатурите (скратениците што значат многу) што ги присвоија, тоест украдоа, се втемелуваат врз чист материјализам и интерес. Со тоа негативно се влијае врз процесите во општеството и се генерираат неморални и неетички норми на однесување. Се формираат кланови (партизираност) врз основа на лични интереси, се занемарува и потиснува квалитетот и професионализмот, се поддржуваат луѓе и проекти кои со своето дејствување ќе ја вратат доиената материјална поддржка бна партијата и на нејзините членови.

Сметам дека во дадениот момент нема да вроди со позитивна промена никаква промена на партијата или коалицијата на власт и замена на едно со друго лице - друг „лидер“ - друго мало божество кому му се поклонуваат и го глорифицираат изманипулираните граѓани во портага по грам лична среќа и успех.

Водечките партии во Македонија имаат иста идеологија - нив ги води материјализмот.
Но, да не се лажеме и да не бидеме утописти - од политиката се заработува секаде. Проблемот во нашата државичка е во наследениот менталитет на снобови - ние сме сервилни и неми послушници во однос на политичката гарнитура која ни нуди или ни ветува некакви бенефиции, од друга страна сесрдно ја напаѓаме, ја критикуваме, ја омаловажуваме секоја иницијатива за нови идеи и промени, таква која би ја променила владеачката политичка гарнитура.

Поради сите причини го гледам излезот и ја гледам промената во рацете на граѓаните а не во рацете на сегашните политички партии. Имајки во предвид дека било каква промена на партијата на власт нема да ги промени овии тенденции во нашата држава излезот го гледам во заедничко организирање со луѓето што се наоѓаат во иста ситуација како мене. Луѓе што не се индоктринирани и заразени од вирусот на партизмот и партизацијата има многу, но поради истиот тој сервилен менталитет тие не веруваат во себе, не го изразуваат јавно своето незадоволство иако им се гази човечкото достоинство.

ДДП - Движењето за департизација, би го артикулирала гласот на тие што не се претставени, на тие што се омаловажени; кое на на ниво  на движење би придонело за промена на нефункионалниот систем во кој живееме. Потоа, ако не се постигне посакуваната промена движењето би прераснало во политичка партија, со цврсто дефинирани механизми во дејствувањето внесени во статутот на партијата со кои со сигурност нема да се дозволи новата партија да стане уште една хиерархиско - лидерска недемократска клановска организација.