Saturday, March 2, 2013

ДДП - Движење за департизација

Кога се имаат во предвид политичките партии - се има во предвид идеологија, замисла за изградба на општеството, принципи и постулати, на некој начин темел врз кој се гради.

Граѓаните ги препознаваат своите желби и потреби во идеологијата на партиите и заради тоа ги поддржуваат.
Партиите во Македонија не се изградени врз принципи на идеологија и принципи, туку, затскривајќи се зад абревиатурите (скратениците што значат многу) што ги присвоија, тоест украдоа, се втемелуваат врз чист материјализам и интерес. Со тоа негативно се влијае врз процесите во општеството и се генерираат неморални и неетички норми на однесување. Се формираат кланови (партизираност) врз основа на лични интереси, се занемарува и потиснува квалитетот и професионализмот, се поддржуваат луѓе и проекти кои со своето дејствување ќе ја вратат доиената материјална поддржка бна партијата и на нејзините членови.

Сметам дека во дадениот момент нема да вроди со позитивна промена никаква промена на партијата или коалицијата на власт и замена на едно со друго лице - друг „лидер“ - друго мало божество кому му се поклонуваат и го глорифицираат изманипулираните граѓани во портага по грам лична среќа и успех.

Водечките партии во Македонија имаат иста идеологија - нив ги води материјализмот.
Но, да не се лажеме и да не бидеме утописти - од политиката се заработува секаде. Проблемот во нашата државичка е во наследениот менталитет на снобови - ние сме сервилни и неми послушници во однос на политичката гарнитура која ни нуди или ни ветува некакви бенефиции, од друга страна сесрдно ја напаѓаме, ја критикуваме, ја омаловажуваме секоја иницијатива за нови идеи и промени, таква која би ја променила владеачката политичка гарнитура.

Поради сите причини го гледам излезот и ја гледам промената во рацете на граѓаните а не во рацете на сегашните политички партии. Имајки во предвид дека било каква промена на партијата на власт нема да ги промени овии тенденции во нашата држава излезот го гледам во заедничко организирање со луѓето што се наоѓаат во иста ситуација како мене. Луѓе што не се индоктринирани и заразени од вирусот на партизмот и партизацијата има многу, но поради истиот тој сервилен менталитет тие не веруваат во себе, не го изразуваат јавно своето незадоволство иако им се гази човечкото достоинство.

ДДП - Движењето за департизација, би го артикулирала гласот на тие што не се претставени, на тие што се омаловажени; кое на на ниво  на движење би придонело за промена на нефункионалниот систем во кој живееме. Потоа, ако не се постигне посакуваната промена движењето би прераснало во политичка партија, со цврсто дефинирани механизми во дејствувањето внесени во статутот на партијата со кои со сигурност нема да се дозволи новата партија да стане уште една хиерархиско - лидерска недемократска клановска организација.

No comments:

Post a Comment