Tuesday, June 21, 2016

Лукративен клан, крадци, лопови, ВМРО ДПМНЕ, како ви е поразбирливо?

ВМРО ДПМНЕ (кое всушност не е македонска револуционерна организација, ниту пак е демократска партија, туку е лукративен клан), со буџетски пари има ангажирано штаб од неколку стотини, а можеби и илјади „советници“ кои смислуваат контрастратегии на сето тоа што го пласира СДСМ. Тие „советници“ сè ќе превртат наопаку, со наши, со буџетски пари (се повторувам) ќе ја искористат секоја слабост на интелектот на македонскиот граѓанин и секоја организациска слабост на СДСМ како партија, за да го оправдаат криминалот што го имаат направено.
 

Sunday, June 5, 2016

Стравот - алатка за манипулација

Стравот е една од најважните алатки кои режимот на Груевски ги користи за манипулација со недоволно уверените во себе Македонци. Ги плашат Македонците со Албанците, со странците, со соседите... само за да владеат со тие уплашени луѓе.

Saturday, June 4, 2016

Плашење со федерализација и други стравови, глупости и манипулации

Полноќен час по демократија, во 2:59 по полноќ.
Многу коментари предизвика средбата на Зоран Заев со овој господин:
https://www.youtube.com/watch?v=lOw0k9KZq0Y

Па еве мое објаснување кое сакав поодамна да го напишам, ама немав време.
Во демократско општество е дозволено:
1. Да се разговара, преговара и договара - секој со секого;
2: Се што не е забрането;
3. Да се има сопствена политичка понуда (колку и да е радикална) на која елокторатот и дава или не и дава поддршка (како пример нека послужи кампањата на Доналд Трамп).

Значи не му е забрането на Албанецот да се залага за федерализација на Македонија, ама за да ја реализира таа своја идеја треба да има мнозинство во парламентот;
не му е забрането на Заев и на било кој друг, да разговара и да договара нешто, со овој и со било кој друг Албанец или припадник на било која етничка, социјална, економска, политичка... група граѓани;
не им е забрането ниту на провладините медиуми да ја извртуваат изјавата на Албанецот и да тврдат дека Заев преговарал за федерализација на Македонија (што кај простите луѓе успева), тоа кажува само за непрофесионализмот и заземањето страна од страна на тие медиуми;
не ми е забрането ниту мене, иако го критикувам Заев и сметам дека е корумпиран како и повеќето наши политичари, во конкретнава ситуација да застанам на страната на демократијата и да го бранам.

Доволно ли е разбирливо?

Жидас Даскаловски кај Јанко Илковски

Го изгледав (ислушав) ова https://www.youtube.com/watch?v=y5zbmALnEmo,
па го пренесувам н
акратко (за некој ден ќе допишам уште свои коментари и прашања):


Жидас Даскаловски: ...едно од решенијата е консоцијален модел на демократија... каде што нема поразени.
Политичарите да ги гледаме како менеџери... без привилегии.
Системот и институциите да ги ослободиме од влијанијата на партиите.
Нам ни требаат независни институции кои ќе можат да го корегираат системот.
Ако ви требаат посредници, специјални претставници - не чините.
Чомски: Гледајте ја меѓународната политика со свои очи, оставете ги теориите на заговор на страна.
Некој сака да го одземе вниманието.
Овие мали (Балкански) држави не можат да се борат против влијанијата од надвор.
И во стратешко-политичка смисла и во економска смисла ориентирани сме спрема западот.
Малку е апсурдно: самата Германија тргува, ги зема тие инвестиции а ние не смееме...
На крајот на денот зависи од силината на отпорот кон туѓите влијанија. Ако во било која земја имате силен отпор на граѓаните, на народот кон туѓите влијанија - вие ќе опстоите. На ваков или на онаков начин вие ќе ја изборите битката. Доколку сте слаби и разединети има голем ризик да ја изгубите битката и да одите во корист на некоја туѓа агенда. Овие поделби што ни се случуваат се поразителни. Тешко нас ако сега ни се повтори 2001 година. Народот секогаш бил мудар кога му се дала шанса да одлучува. Да се надеваме дека ќе се стабилизираме без тие екстремни туѓи влијанија.
Основно решение е договор меѓу елитите за доброто на Македонија, па макар и да се откажале од идна политика. Потребен е некаков договор што ќе ги приближи страните и ќе придонесе да имаме легитимни избори од кои ќе произлезе нормална влада. На крајот на денот на сите ни е доста вече, ова е тортура, не е нормално, треба да се вратиме кон тоа секој да си ја работи работата, економијата да се развива, да спиеме нормално. Да бидеме како Европејците - да не нè интересир кој е на власт, туку да има работа и просперитет за сите.


Јанко Илковски: Игранка... знам дека не смееш да навредуваш... не смееш расна... говор на омраза... Јас сум демохристијанин по вокација... Секоја партија има тенденција да владее и да се корумпира.
Ова не е опозиција, ова е страшно нешто! 
Каде е теоријата на заговор? 
Ова не е ни за демократија, не е ни за правичност... туку друга игранка (пак)... 
Сè видовме кај нас, така (а не сфати што му се кажува, не разбира што е Собрание, што е Парламентарно мнозинство и што е Влада)