Sunday, May 31, 2015

Купи Грујо - купи стан

Мислевме дека проектот бил: „Купи Грујо - купи стан„. А имало и други проекти „Купи Горде - купи станови„, „Купи Ставре - купи станови„ и уште кој знае колку проекти.
Си остварувале луѓето.

Wednesday, May 27, 2015

Учиме демократија... и Христијанство




Тоа како работи Политико е добро за демократијата во Македонија. Тоа е изместување на состојбите од мртва точка; и во новинарството, и во начинот на владеење и во вкупниот демократски систем. Во нормална демократија секој човек има максимална слобода, и таа слобода се простира далеку и широко, но не ја покрива слободата на некој друг човек.
Тоа што Политико поставува провокативни прашања е негов професионален стил. Ако некој се смета навреден од таа провокативност, тој, и само тој, може да бара сатисфакција во рамките на Уставот и законите, во судска постапка. Ништо не може да оправда физички напад и обид за убиство на човек поради нешто што човекот го кажал или го напишал (а морам да признам дека напишаното му е многу попровокативно и навистина навредливо; но и тоа е стил).
Сево ова го кажувам од легалистичка и етичка гледна точка. Во иста насока ми одат мислите и кога ги опсервирам наведените нешта од гледна точка на Христијанската духовност и филозофија на живеењето; истите проповедаат љубов и простување наспроти насилство.

Saturday, May 23, 2015

Најдолгиот работен ден

Во понеделник наутро, на 18 мај 2015 година, вработените во комуналното претпријатие „Комуналец„ од Гевгелија отидоа редовно на работа, во 5 часот, и работеа до 13 часот. По краткот престој дома, во 15 часот, мораа да бидат во возот за Скопје за да присуствуваат на контрапротестот организиран од партијата ВМРО ДПМНЕ. Во 20 часот почна контрапротестот на кој Никола Груевски 2-3 часа ги пресираше со лажен патриотизам за да продолжат слепо да му се покоруваат, за да може да го прикрие криминалот што го има направено заедно со неговата банда. Контрапротестот заврши околу 23 часот. Во 24 часот имаше воз од Скопје за Гевгелија. Во вторник, на 19 мај 2015 година, во 3 часот по полноќ, луѓето беа дома. Во 5 часот имаа обврска да се јават на работното место и да бидат на работа до 13 часот.
Работниот ден им траеше 32 часа.
Имаат ли тие луѓе права?
Кој ќе ги брани тие уплашени и уценети и потценети луѓе?
Очигледно е дека тие не можат сами да се организираат и да си ги бараат правата што им ги штитат законите и Уставот.
Ќе ги застапува ли некој?

Monday, May 18, 2015

И стар и будала

Отсекогаш сум мислел дека староста подразбира мудрост, разбирање на животот длабински, разбирање на неговата смисла и цел. Овој стар човек ја срами својата седа коса. Ајде што на градите го истетовирал Сашо Мијалков, тоа е негова работа, ама и ја покажува тетоважата во јавност, па очекува некакво признание и восхитеност. На крајот остана со прстот в уста.
И стар и будала.



















https://www.youtube.com/watch?t=92&v=i2MFQUFCH2s

И срам, и жал

Мене не ми е срам, мене ми е жал што морам да живеам во држава на егоистични, поткупливи, плашливи, нискоморални плитки луѓе; луѓе кои се подготвени да жртвуваат сè за својот комодитет; а и во држава на расипани и криминални луѓе кои влијаат врз овие првите а од тоа влечат сопствена политичка и економска корист.

Нов шпил карти

Да учествуваш на избори организирани од ДПМНЕ е исто како да играш карти со некого кој ги има обележано и ги знае. Во тој случај нема рамноправно натпреварување. Играта може да се продолжи само со нов шпил карти.
 
Инаку, знаете ли како завршуваше мамењето на карти на дивиот американски запад? Сме гледале во филмови и сме читале во книги: Играта се прекинуваше, играчите срипуваа од своите столици, се превртуваше масата на која се играше и почнуваше разговорот на оружјето. Почнуваше хаосот.
Ист ваков епилог имаше и кога обвинувањето за мамење беше неосновано или тенденциозно - со намера да се предизвика противникот и за да се анулира неговата потенцијална предност во некое делење.
Како и во претходниот случај решението е: нов шпил карти.
 
 

Thursday, May 14, 2015

И Зајко обвинет дека крадел мед



Вистината треба да се кажува и тогаш кога е непријатна и кога боли.
Тука
https://www.youtube.com/watch?t=16&v=5ptCYSaLFRI 
е видеото со кое ДПМНовечките медиуми и ДПМНовечката партија му инкриминираат на Зоран Заев барање поткуп. Секој што ќе го види ова видео ќе забележи дека тоа е прекинато на 2:25, токму таму каде што Заев кажува за распределба на парите; изгледа делот што е отсечен не одговарал на поривот за компромитирање на Заев.

Иако треба да имаме предвид дека според пресумпцијата за невиност никој не е виновен се до докажување на неговата вина во судска постапка; и дека барањето и добивањето поткуп не е исто (првото е за морална осуда, додека за второто се предвидени и законски санкции во Кривичниот законик), сепак, тоа што слушам во видеото фрла голема дамка врз Зоран Заев. Можеби ако се слушне целосната снимка впечатокот ќе ми биде поинаков. Но и во тој дел што даден во јавност слушнавме дека Заев одлучува дали неговиот соговорник ќе плати 438 или ќе плати 71 денар од квадратен метар земјиште. Зарем во законите и во правните акти нема критериум за тоа кој колку треба да плати? Какво е тоа дискреционо право кое му е дадено на Градоначалникот волунтаристички да одлучува?
Таквото дискреционо право нуди можност за уценување на купувачот (барателот, или како веќе и да го наречеме). Во случајов Заев бара едно евро за црквата и едно евро „на мене„ (тука снимката е прекината и не се слуша крајот на фразата).

Во секој случај - за да не пречи на поривот на македонскиот народ за катарза на општеството од корупцијата и криминалот и за ослободување на Македонија од диктатурата на Никола Груевски и неговата банда, Заев би требало да биде чесен пред народот и пред себе и без одовлекување да поднесе оставка од претседателското место во СДСМ, и на тој начин да даде пример како би требало да постапува морално изграден политичар при најмало сомнение фрлено врз него.



Thursday, May 7, 2015

Здрави мисли: Си ја сакам државата, си го сакам семејството, сакам поубава иднина за моето дете... - Благица Сековска

Во овој мој пост сакам да ѝ дадам место на една моја Фејсбук пријателка, која во својот пост го кажа тоа како се чувствува, и како се чувствуваат стотици илјади Македонци, во однос на моменталната политичка состојба во Македонија.

Благица Сековска: „Сакам да појаснам некои работи....Јас не сум против ВМРО!!!...Мојот прадедо бил комита, мои претци гинеле за Макединија, нивни имиња стојат и во Могилата на непобедените во Прилеп...нити пак сум за СДСМ кои еднаш претходно ги предадоа начелата за социјална правда и ги штитеа интересите на олигархијата, а не требаше, оти се декларираат како левица, а јас, да се разбереме, почитувам левица, но само ако е навистина левица, ако навистина се грижи за социјалната правда...Јас сум граѓанка на Македонија...си ја сакам државата, си го сакам семејството, сакам поубава иднина за моето дете...но не сакам власт која е нечесна, која мести тендери, мести судии и пресуди, креира јавно мислење преку нарачани вести и пропагадни пораки, купува судии, инвестира преку Белизе, спремна е за се само да постои, дури и на насилство,......власт поради власт,......Но врв на се е што таа е спремна дури и убиство да сокрие, ако така им одговара....БЉАК.....убиството на Мартин го криеле за да не им падне медиумската покриеност од хајката против Љубе, кој патем кажано, исто така, како што чувме во бомбите, е наместен....Некои во приказнава си зеле улога на Бог, па не влечат сите како пиони по шаховска табла во зависностѕ од своите себични потреби....Значи да појаснам уште еднаш...не ми е важно дали на власт ќе биде ВМРО или СДСМ или некој трет....важно ми е дали на власт ќе бидат чесни политичари кои работат за доброто на сите нас, ГРАЃАНИТЕ, и кои при тоа не почитуваат и уважуваат нас ГРАЃАНИТЕ....Во моментов не се чувствувам нити уважено, нити почитувано, нити безбедно, нити пак иднината си ја гледам со надеж за подобро.....затоа ‪#‎protestiram‬ ...............и најважно од се...противник сум на секаков вид на НАСИЛСТВО....нулта толеранција имам за истото....не постои позитивно и негативно насилство....секое насилство е лошо....толку од мене за денес....Имајте убав ден и се гледаме....„

„...секогаш сум гласала според сопствениот кодекс за правда и етичност....кога не сум гледала избор, воопшто не сум гласала...човек сум со високо ниво на граѓанска свест и така и реагирам, како граѓанка....така секој од нас во джавава ако реагираше немаше ни до тука да стигне држава...„

„...постапувам исклучиво во склад со мојот внатрешен глас и мојот кодекс за морал и правда„.

„...Искрено чувствував потреба да објаснам, оти преку глава ми е од етикетирање и биполарност...Државата не постои нити поради ВМРО нити поради СДСМ....Постои поради нас, граѓаните, и сите кои се на власт треба да не почитуваат„.

...нашите претци крвареле за нас да ни биде подобро...Најмалку што може да сториме за нашите потомци е да не дозволиме ним да им биде полошо од колку нам...само кон прогрес, само кон подобро да гледаме и да се бориме...Јас ќе го бранам моето човечко и граѓанско достоинство...не прифајќам да бидам ничиј полтрон, само рамноправен и уважен партнер„.

 

Кој е држаЛникот сега?

1. Има големи сомнежи за коруптивни и криминални дела сторени од луѓе кои се на одговорни политички функции;
2. Создаден е голем анимозитет во општеството;
3. Институциите на системот поради својата непрофесионалност и партизираност не си ја вршат работата во корист на сите граѓани на РМ;
4.Калта што е фрлена врз функционерите на актуелната власт може да биде измиена само од нив самите, преку докажување на спротивното од тоа што го тврди опозицијата. Ако им е мила Македонија и ако не сакаат да дојде до уште поголем анимозитет Груевски, со сите влијателни политички фактори во Македонија треба да го договори механизмот на кој ќе биде вратен кредибилитетот на Владата и на сите институции на Македонија. Со неприфаќање на преговори, со криење позади мандатот добиен на избори чиј легитимитет е доведен во прашање, Груевски и неговите соработници покажуваат дека не им е мила Македонија и нејзината стабилност; тие се држат за своите функции како слеп за стап и ја туркаат Македонија во амбис.


Wednesday, May 6, 2015

Цивилизацијата е нападната

Странските тајни разузнавачки служби во соработка со домашни шпиони и предавници повторно се обидоа да ја подријат моралната способност на нашите доблесни припадници на одбранбените сили. Тие се обидоа на перфиден начин, со подметнување објекти во вид на цвеќиња да ја снижат способноста за брза реакција, како и античовечката способност кај службените лица, со што извршија обид за неуставна смена на Единствениот и Најдобар Семоќен Владетел Св. Никола Груевски - Грујо; како и на други истакнати Лудаци. 
Дознаваме дека во објектите кои биле во вид на цвеќиња биле монтирани прислушни уреди со чија помош Страшниот Зајак ги создава своите болви, со лепење, прелепување, монтирање, премонтирање, одмонтирање и замонтирање.
Скоро е докажано (уште малку треба) дека странските служби имаат вонземско потекло и дека се обидуваат преку Македонија да завладеат со планетата Земја, да ги приграбат сите ресурси, а Земјаните да ги одведат во ропство. На тој начин, уште еднаш, се докажува специфичната и доминантна улога на Македонецот (создаден на десеттиот Божји работен ден. Што е потврдено и во излагањето на Св. Луднаучник Аристотел Тентов http://off.net.mk/lokalno/mediumi/denovi-li-se-denovi-bogovski-maki-golemi, алијас Антигон Пелагониски https://www.youtube.com/watch?v=5mb650XbLgg) во устројството на Светот, Универзумот; и пошироко.


Tuesday, May 5, 2015

Политички „подмладоци“, „млади сили“ и други начини на индоктринација 2

Чим на млади години чмаете по партии, очекувајќи да ве вработи лидерот; чим во вас нема младешка бунтовност, слобода и пркос пред измислените правила и авторитети; чим немате желба да го промените светот на подобро а прифаќате да ве манипулираат и зомбираат чичковците партократи; тогаш од вас може да израснат само уште поголеми сервилни полтрони и снободоумни мразачи од вашите родители. И немој да се чудите после тоа зошто нацијата е поделена, зошто државата не напредува, и зошто кога ќе дојдат на власт вашите „противници„ -  ќе ве отпуштат од работните места што не сте ги заслужиле, за, на вашите места да вработат „свои„ послушници и полтрони. И така во круг.
Глупоста во Македонија е вечна.


Monday, May 4, 2015

Неважечко ливче

Знаете ли како испадна на конгресот на ДРПМНЕ да има неважечко ливче?
Прашањето било формулирано вака: „Дали гласате Св. Никола Груевски да ја води партијата и државата; и сега и вечно и во веки веков?„ Човекот одговорил со „Да де да, гласам„, а требало да се одговори „Амин„

црна овца

Sunday, May 3, 2015

Грујо е чувар на слободата и демократијата

Во Македонија има и слобода и демократија. Грујо знае. Кај него се притворени.

Вечен срам

Вечен оган што не гори. Изгледа вечноста завршила, а Грујо е потраен од вечноста.

Вечен срам, вечна горчина и тага ќе им остави на Македонците владеењето на Никола Груевски. Срам, горчина и тага тоа го чувствува секој што верувал и бил излажан.

Расипана банда

Мислам дека Грујо и неговата банда имаат недостаток на морална градба - тоа може да се дефинира и како недостаток на култура. Во нивните интелектуални способности не се сомневам. Тие се расипано интелигентни.