Thursday, May 14, 2015

И Зајко обвинет дека крадел мед



Вистината треба да се кажува и тогаш кога е непријатна и кога боли.
Тука
https://www.youtube.com/watch?t=16&v=5ptCYSaLFRI 
е видеото со кое ДПМНовечките медиуми и ДПМНовечката партија му инкриминираат на Зоран Заев барање поткуп. Секој што ќе го види ова видео ќе забележи дека тоа е прекинато на 2:25, токму таму каде што Заев кажува за распределба на парите; изгледа делот што е отсечен не одговарал на поривот за компромитирање на Заев.

Иако треба да имаме предвид дека според пресумпцијата за невиност никој не е виновен се до докажување на неговата вина во судска постапка; и дека барањето и добивањето поткуп не е исто (првото е за морална осуда, додека за второто се предвидени и законски санкции во Кривичниот законик), сепак, тоа што слушам во видеото фрла голема дамка врз Зоран Заев. Можеби ако се слушне целосната снимка впечатокот ќе ми биде поинаков. Но и во тој дел што даден во јавност слушнавме дека Заев одлучува дали неговиот соговорник ќе плати 438 или ќе плати 71 денар од квадратен метар земјиште. Зарем во законите и во правните акти нема критериум за тоа кој колку треба да плати? Какво е тоа дискреционо право кое му е дадено на Градоначалникот волунтаристички да одлучува?
Таквото дискреционо право нуди можност за уценување на купувачот (барателот, или како веќе и да го наречеме). Во случајов Заев бара едно евро за црквата и едно евро „на мене„ (тука снимката е прекината и не се слуша крајот на фразата).

Во секој случај - за да не пречи на поривот на македонскиот народ за катарза на општеството од корупцијата и криминалот и за ослободување на Македонија од диктатурата на Никола Груевски и неговата банда, Заев би требало да биде чесен пред народот и пред себе и без одовлекување да поднесе оставка од претседателското место во СДСМ, и на тој начин да даде пример како би требало да постапува морално изграден политичар при најмало сомнение фрлено врз него.



No comments:

Post a Comment