Wednesday, May 27, 2015

Учиме демократија... и Христијанство




Тоа како работи Политико е добро за демократијата во Македонија. Тоа е изместување на состојбите од мртва точка; и во новинарството, и во начинот на владеење и во вкупниот демократски систем. Во нормална демократија секој човек има максимална слобода, и таа слобода се простира далеку и широко, но не ја покрива слободата на некој друг човек.
Тоа што Политико поставува провокативни прашања е негов професионален стил. Ако некој се смета навреден од таа провокативност, тој, и само тој, може да бара сатисфакција во рамките на Уставот и законите, во судска постапка. Ништо не може да оправда физички напад и обид за убиство на човек поради нешто што човекот го кажал или го напишал (а морам да признам дека напишаното му е многу попровокативно и навистина навредливо; но и тоа е стил).
Сево ова го кажувам од легалистичка и етичка гледна точка. Во иста насока ми одат мислите и кога ги опсервирам наведените нешта од гледна точка на Христијанската духовност и филозофија на живеењето; истите проповедаат љубов и простување наспроти насилство.

No comments:

Post a Comment