Friday, March 18, 2016

Контраинтелектуалец

Дефинирањето на општото добро не е егзактно и зависи од јавната свест на општеството. При наследен егоцентричен и некооперативен менталитет, при општо ниско интелектуално ниво и под влијание на политички партии кои го користат тој назаден менталитет за свои лукративни цели, тешко може да се очекува генерирање на нови идеи и насоки во општеството, затоа што повеќето луѓе се интелектуално мрзеливи и политички сервилни.
Во вакво општество поголем ефект се постигнува со рафинирано објаснување на работите отколку со покажување масовност на протести, затоа што оваа структура на секој протест може да направи контрапротест, ама на секој критички интелектуалец не може да измисли контраинтелектуалец.