Thursday, February 25, 2016

Сензационално: срцето на Дунавка е плагијат!!!

Ајде да проговориме за нашиот менталитет. За нашиот сеирџиски, навредувачки, плиток и нискоморален менталитет. Сигурно се сеќавате на Дунавка Трифуновска. Се сеќавате колку потсмевање и омаловажување беше истурено по неа. А жената само беше оригинална, беше своја.
Па срцето што го покажа не личеше на срце, па нападна беше, па од каде па таа да ја претставува Македонија...

Ама еве:
https://youtu.be/3Dke54Uxrcg?t=3m28s

излегува дека срцето не било иновирано од Дунавка.
Елена Ристеска го измисли срцето две години претходно.





































Tuesday, February 23, 2016

Лудата Мирка

На Англиски прашањето за дијагностицирање на проблемот на одговорноста се поставува како: On whose watch?, што би значело: Кој го допушти тоа?; па, по рационалното лоцирање на одговорноста доаѓа санкционирање на виновникот. На тој начин се поставува систем кој работи врз принцип на одговорност за делегираната доверба.

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=2ECAA6F65C44A5498564CDD5305EBEA7

Ова што го пишува госпоѓата претставува лоцирање на вината на погрешно место, амнестирање од одговорност на тој (тие) на чија смена (или по чија замисла) лаѓата Македонија е ставена во немирни води; и наместо спасување на лаѓата со нејзино насочување во помирни води оваа пиратка провмовира радикална меѓусебна пресметка на целата посада поради меѓусебната недоверба генерирана од лошото организирање на посадата (од страна на долупосочениот/посочените виновник/ виновници).
Да, спомнат е Претседателот (Капетанот) Иванов, за кого се пишува дека на филозофски начин се апстрахира од одговорноста, спомнат е и (кормиларот) Никола Груевски, кој повеќе е претставен како жртва отколку како виновник за целата ситуација.

Жална е македонската интелектуална елита која во оваа болна (или намерна) замена на тези и амнестирање на виновниците не гледа закана за уништување на државата (лаѓата) и нацијата (посадата).
Мирка си свирка


Friday, February 19, 2016

Итар ДУИ; ДУИ=ДПМНЕ

Фатив нешто од Топ тема, на Телма. Гости Шилегов и Османи.
Османи ја претставува позицијата на ДУИ во политичката криза, која според мене е лицемерна. Тие се на позицијата: „Ние ќе прифатиме секое решение кое ќе го договорат ВМРО и СДСМ„. Тие не изнесуваат свој став туку итро балансираат и оставаат кризата да се зголемува. Иако ја претставуваат својата позиција како продржавна, всушност придонесуваат за зголемување на нестабилноста во државата.
Интересен ми беше лапсузот на Османи, кој кажа: „Ќе го прифатиме секој договор помеѓу ВМРО и ДПМНЕ„; има вистина во лапсузов. Да сакаше да ја разреши кризата ДУИ при првите индиции дека врвни членови на ВМРО ДПМНЕ се инкриминирани во незаконски активности ќе ја напуштеа коалицијата со нив. Наспроти тоа ДУИ го оправдуваше своето останување во владата со одржување стабилност; што всушност е истата лага што ја пласираат сега. Со останување во коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, ДУИ го брани нивниот криминал. Од тоа произлегува дека ДУИ=ДПМНЕ. Веројатно имаат причини така да се однесуваат. Веројатно го споделуваат криминалот на ВМРО ДПМНЕ.

Wednesday, February 17, 2016

Кривосудство

Оставаено е на судиите да имаат дискреционо право да одлучат дали ќе прифатат или нема да прифатат некои докази, но имајќи таква одговорност, судиите треба да поседуваат морална градба. Огромен е дел од судиите во македонските судови не поседуваат таква морална градба, туку, и нив, како и повеќето граѓани ги водат ниските страсти и материјалните интереси. Таквите судии му прават штета на општеството кое ги поставило на таква одговорна функција. Но ниедно зло не треба да остане неказнето, таквите судии треба да бидат свесни дека со непрофесионалното и уште полошо - со клиентилистичко и коруптивно дејствување тие застануваат на страната на насилството и криминалот. Па, според тоа - ќе дојде време кога и тие самите ќе се најдат на обвинителна клупа.

Wednesday, February 10, 2016

Латас

Се бара понадарен Турчин за Латас.
шифра: спремтесеспремтелатасе


Морам да го наведам како посебна болест. Ова суштество направи многу штета со своите постапки. Тоа не е новинар, не е ни човек, затоа што човек би имал колку-толку совест. Ова суштество нема совест. Порано го слушав, за да видам што ќе каже. Пред две години престанав да го гледам, иако понекогаш ги гледав вестите на сител. Тогаш ја напишав оваа песна:


Ако одбереш насока
и брзина со која ќе се патуваш низ животот -
секако дека ќе стигнеш таму каде што си тргнал,
но ако оставиш други да те „возат„ -
тие ќе те возат по нивните патишта,
а тоа за тебе ќе биде стоење во место
или вртење во круг.
Така нè „возат„ политичарите
Така нè „возат„ нивните купени медиуми и купени новинари.
Тие ни ги перат мозоците,
тие мислат за нас,
ни пласираат преџвакани информации,
ни наметнуваат заклучоци
без да ни дадат да размислиме.

Кај секој свесен човек се појавува револт
кон таквото силување
на човечкото достоинство и интелект.
Па тој револт блика и од мене.
И секојпат кога случајно
ќе го притиснам копчето на далечинскиот управувавач
а како резултат на тоа,
на екранот на мојот телевизор
ќе се појави опротивениот лик,
тој револт дивјачки извикува:
Добро бе, господине Латекс,
добро бе господине низаеден,
добро бе кондому искористен,
зошто да ти давам од времето?
Зошто да те пуштам во мојот свет свет?
За да ми ги лажеш вистините?
За да ми газиш по сништата и радостите?
Мислите да ми ги прелажеш, обесчестиш и земеш?

Па ти сè знаеш, на сите им објаснуваш,
за сè збор ќе најдеш, сè ќе протолкуваш,
сè ќе свртиш наопаку – ќе извртиш лице на опачина,
нечии црева ќе извадиш од утробата негова,
па в раце ќе му ги дадеш и ќе кажеш:
– Повели! Денес слава славам, па раздавам.

Како ли гревовите ќе си ги оправдаш?
Како ли ќе те суди иднината?
Кои пари душата ти ја купија,
па по себе и други во пекол да водиш?










http://constant0in.blogspot.mk/2015/07/2.html

Гледам дека многу време сум одвојувал на оваа гнида.

Одвратен лажго

Лага која Тамара ја плати со својот живот:https://www.youtube.com/watch?v=HiXdPNO2z4M

Враќање во реалноста

Самозадоволни лидери, тие живеат во свој виртуелен, розов свет;
Стресно го доживуваат ненадејното враќање во реалноста.


Супермен

А слушнавте ли што кажа Никола Тодоров?
https://www.youtube.com/watch?v=IeyK3rXAmPo#t=55


Направил повеќе од своите можности. А бе Супермен.
А деца умираат.

Тезгаџијство

Да дадам свое видување на темата:
Понижувачкиот однос спрема Кекеновски не е втемелен врз неговите лични карактеристики туку врз размислувањето во однос на занимавањето со музика кое постои кај нас. Занимавањето со музика се смета за ниско занаетчиство, за тезгаџијство, за сервилна професија.
Дел од музичарите ја прифаќаат таквата позиција во општеството, тие задоволуваат нечии суети и гледаат на секаков начин да го „задоволат„ клиентот, тоест плаќачот.
Igor Avramovski Aleksandrov
МУЗИЧАР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ
На какви умови им е предмет за исмејување тоа што Јове Кекеновски, покрај животното искуство и образование како еден од основачките организатори и гласноговорници на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен Градоначалник и Претседател на Собрание на Град Скопје, па универзетски професор по право и политички науки, бил и врвен хармоникаш?
Зошто би било пречка за претседателска кандидатура да имаш повеќе музика во душата од досегашните претседатели и да покажеш доволно дарба, посветеност и самодисциплина за виртуозно да се изразуваш преку музички инструмент, придонесувајќи притоа и за одржувањето на народната култура која е клучен елемент на македонскиот идентитет и македонското заедништво?
Тоа може да им пречи само на неизживеаните или завидливите, кои сакаат да се уверат себеси дека само со дипломите и канцелариските фотељи, заслужени или не, го достигнале врвот на човештвото. Трагедија е кога луѓе со толку ограничен капацитет за вреднување на животот добиваат моќ да го назаднуваат развитокот на цело едно општество.
"Кога не би бил физичар, веројатно би бил музичар. Често размислувам во музика. Сонувам со отворени очи во музика. Јас го гледам мојот живот во смисла на музика." Алберт Ајнштајн
"Без музика, животот би бил грешка." Friedrich Nietzsche
"Убавата музика е уметност на пророците која може да ја смири вознемиреноста на душата; тоа е еден од најсјајните и најпрекрасните дарови кои Бог ни ги дал." Martin Luther
"Музиката му дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата и живот на се." Плато
"Музиката го изразува она што не може да се каже со зборови и што не смее да се премолчи." Victor Hugo

Thursday, February 4, 2016

За луѓето-овци

Тоа е нашиот припрост, насилнички, нетолерантен, но и сервилен во однос на лидерите менталитет.

Не е дозволено да имаш свое мислење, не е дозволено да критикуваш, постои само една вистина - таа што ја кажува лидерот. Е такви се заповедите на кои им служат луѓето-овци. Тие ги воздигнуваат и воспеваат лидерите, па за најголемо свое достигнување го сметаат приближувањето до нив. Фотографијата на која се сликани со некој од лидерите ја урамуваат па ја ставаат на ѕид и ја ставаат да им биде профилна фотографија на Фејсбук.
Доволно е некој да пројави слободоумие и да искаже свој критички став во однос на нивните лидери, па тие дружно да му се нафрлат со навреди.

Тоа се луѓето-овци.