Wednesday, February 10, 2016

Тезгаџијство

Да дадам свое видување на темата:
Понижувачкиот однос спрема Кекеновски не е втемелен врз неговите лични карактеристики туку врз размислувањето во однос на занимавањето со музика кое постои кај нас. Занимавањето со музика се смета за ниско занаетчиство, за тезгаџијство, за сервилна професија.
Дел од музичарите ја прифаќаат таквата позиција во општеството, тие задоволуваат нечии суети и гледаат на секаков начин да го „задоволат„ клиентот, тоест плаќачот.
Igor Avramovski Aleksandrov
МУЗИЧАР ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ
На какви умови им е предмет за исмејување тоа што Јове Кекеновски, покрај животното искуство и образование како еден од основачките организатори и гласноговорници на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен Градоначалник и Претседател на Собрание на Град Скопје, па универзетски професор по право и политички науки, бил и врвен хармоникаш?
Зошто би било пречка за претседателска кандидатура да имаш повеќе музика во душата од досегашните претседатели и да покажеш доволно дарба, посветеност и самодисциплина за виртуозно да се изразуваш преку музички инструмент, придонесувајќи притоа и за одржувањето на народната култура која е клучен елемент на македонскиот идентитет и македонското заедништво?
Тоа може да им пречи само на неизживеаните или завидливите, кои сакаат да се уверат себеси дека само со дипломите и канцелариските фотељи, заслужени или не, го достигнале врвот на човештвото. Трагедија е кога луѓе со толку ограничен капацитет за вреднување на животот добиваат моќ да го назаднуваат развитокот на цело едно општество.
"Кога не би бил физичар, веројатно би бил музичар. Често размислувам во музика. Сонувам со отворени очи во музика. Јас го гледам мојот живот во смисла на музика." Алберт Ајнштајн
"Без музика, животот би бил грешка." Friedrich Nietzsche
"Убавата музика е уметност на пророците која може да ја смири вознемиреноста на душата; тоа е еден од најсјајните и најпрекрасните дарови кои Бог ни ги дал." Martin Luther
"Музиката му дава душа на универзумот, крилја на умот, лет на имагинацијата и живот на се." Плато
"Музиката го изразува она што не може да се каже со зборови и што не смее да се премолчи." Victor Hugo

No comments:

Post a Comment