Thursday, February 21, 2013

Политички „подмладоци“, „млади сили“ и други начини на индоктринација

Партиите, со своето политиканство не ги оставаат децата детски да си го поминат детството.

Ја сметам за криминална стратегијата на формирање на секакви политички подмладоци и млади сили, тоа е индоктринација на млада возраст, истото го правеше Комунистичката Партија, врбувајки ги децата и докажувајки им дека има само една вистина и само еден пат.

Демократскиот повеќепартиски систем во којшто живееме се гради врз плуралност во размислувањето и дејствувањето во рамките на законот. Во спротивставувањето на идеите и аргументите победуваат подобрите идеи. Ако немаме спротивставување на идеи, визии и аргументи, ако постои само една вистина, еден лидер, една партија, тогаш немаме демократија. Значи, демократијата е поле за политички натпревар помеѓу партиите.

Средношколска унија на Република Македонија би требало да ги решава проблемите на средношколците во Македонија а не да биде продолжена рака на некоја политичка партија.

Го потикнувам секој млад човек, да не паѓа под негативното влијание на политичките партии и да не членува во никакви нивни „подмладоци“ и „млади сили“, подобро, едуцирајте се и спознавајте го светот и неговите многу вистини пред да почнете да давате судови за нештата.