Sunday, August 30, 2015

Дејствија - бездејствија

Во наши услови и при наш менталитет не може да се очекува реакција на будење на свеста и совеста кај индивидуа која има корист од системот, затоа што кај тие индивидуи свеста и совеста се видоизменети, и така видоизменети ѝ служат на индивидуата да ги оправдува своите дејствија - бездејствија.

Friday, August 28, 2015

Грујоматика

Грујоматика - математиката на Грујо е запоставена научна област. Нејзините механизми на дејствување се чувствуваат при човековото извитоперено сфаќање на општеството, законитостите во него, државата и нацијата како медиуми за доаѓање и по секоја цена останување на власт заради материјален интерес на група високоинтелигентни но нискоморални суштества кои за себе тврдат дека се луѓе и дека тоа што го прават е во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Тука (за некој ден) ќе ги разгледаме грујоматичките операции со кои грујогрупата планира да си обезбеди мнозинство на следните избори.





Wednesday, August 26, 2015

Латекс и други кондоми

Ако под лупа ги земеме партиските вработувања, тоест вдомување на заслужните пред партијата кадри во државните и локалните институции под нејзини ингеренции, на постоечки или измислени позиции; ќе видиме дека станува збор за класично, фаустовско, купување на веќе нискоморални индивидуи кои не веруваат дека самите се господари на својот успех. Таквите луѓе лесно се откажуваат и од тие малку скрупули што ги имаат, го насочуваат здравиот разум во егоистички мод и си ја дават совеста во самозалажувањето дека им е загрозена егзистенцијата. После тоа тие слободно газат по лешеви претставувајќи си дека газат по шеќерни облаци и не се освестуваат сè додека ѓаволот не дојде по ветеното. Дури и тогаш кога ќе осознаат дека газеле врз нечии судбини, кај нив не се раѓа покајување туку желба да го релативизираат својот грев, па после обезличувањето на гневот насочен спрема нив, тие се способни повторно да го прават истото ако им се даде шанса.



Горекажаново важи и за Латекс, но во неговиот случај е уште полошо, затоа што колку е поинтелигентна индивидуата - толку е поголема нејзината одговорност во општеството.
Партискиот човек

Му најдоа работа, му дадоа плата,
му дадоа клуч, и за нишање - врата.

Партискиот човек си стави и машна,
во раката зеде и мини акт-ташна.
Ни принцип, ни совест не познава тој.
Но знае за кого е; и кој му е свој.

Тој не мисли многу, тој не чита книги.
Тој не троши време со кого ќе стигне.
Разговорот негов во место се лее:
- Кој не е со нас, тој против нас ќе е!

Тој оди на митинг со знамето в рака.
Тој знае да вика - го учеа така.
И не е тој сам, зошто такви ко него,
ги има ко мравки - ко црви во легло.
  
Го скандираат сложно
на слогови разложено
светото име на лидерот свој.
Тој што ги вработи. Тој! Ами кој? 

Sunday, August 23, 2015

Тешка ДПМНовечка дилема

Николчо Груевски уште еднаш потврди дека не ја сфаќа сушината на демократијата и се обидува да ја пласира повторно тезата (читај: финтата) што ја примени на изборите, па бараше „сигурно мнозинство„ за да формира „стабилна влада„. Тогаш тој ги плашеше Македонците со Албанците а Алија го правеше обратното за по избори повторно да му се вратат на своето криминално аморално здружување. Сега Грујо Патко бара 17 пратеници провизија за да може да ја приватизира државата до крај. Замислете си што ќе си дозволи тој монструм кога ќе има мнозинство од повеќе од 17 пратеници во парламентот кога гледате што и прави на македонската демократија со симболична предност пратеници. Замислете го Грујо како Тито, па да владее додека не цркне. А што е најважно замислете ги таквите избори што ќе значат се или ништо, каква ли само битка на уништување ќе биде тоа?
Поглупа работа не сум слушнал. А кажаното не е случајно кажано, тоа не му текнало на Грујо во моментот затоа што Грујо е глуп. Не. Грујо не е глуп. Грујо е многу итар. И Грујо не мисли сам - над таа работа размислувале во неговиот кабинет и решиле дека кај нивниот електорат оваа „идеја„ ќе наиде на одобрување.

Значи драги ДПМНовски оФци, одбирајте кое размислување ви е поприфатливо:
1. Вашите лидери ги понижуваат вашите интелектуални способности и ве сметаат за ограничени, прости и лесни за манипулација;

2. Вие навистина сте ограничени, прости и лесни за манипулација.

Пријатели! Не ми се лутете мене (освен можеби за тоа што ве викам: оФФФци!), јас само ви ги разјаснувам работите.



Saturday, August 8, 2015

Моја Македонија

Тоа што го пишувам - тоа и го мислам; и имам право и на едното и на другото. Никому не му го наметнувам моето мислење и никому не му тврдам дека тоа е единствената можна вистина. Сакам да живеам во едно демократско општество во кое секое поинакво мислење ќе се смета за позитивен придонес кон неговоит развој а не како напад врз еднаш засекогаш дадените правци за негов развиток.

Струмичкио Николае Груеску - Ајде Заев, оди си 2

Ја така: И Здравко ќе га граде црквата, и он префрле по едно евро од квадрат на Виицто.. и тва... Как ја ќе кажум така ќе биде! Оти ја сум струмичкио Николае Груеску