Saturday, May 31, 2014

Експлоатација

Ете, таков „развој„ и испланираа на македонската економија сегашните властодржци - експлоатација. Зошто? Затоа што така е полесно. Потешкиот пат е:
1. Создавање услови за раст на домашните претпријатија;
2. Создавање на нови, иновативни производи што ќе се продаваат на светските пазари со поголема додадена вредност, производи што ќе прераснат во брендови;
3. Исцрпување на капацитетите на слободна работна сила на македонскиот пазар, што ќе ги натера сопствениците на претпријатијата да го делат вишокот на вредност со вработените во нивните претпријатија за да можат да си ја задржат работната сила;
4. Зголемен Бруто општествен производ и зголемен животен стандард;
5. Задоволни граѓани


http://www.dailymotion.com/video/x1wfa24_izjava-zdravko-saveski-lenka_news?start=18
Нашите властодржци применуваат популистички, краткорочни мерки кои носат само привремен и фиктивен раст на економските показатели.

Wednesday, May 28, 2014

„Засекогаш„ .... - овци



Живееме во држава која се прокламира себеси како демократска. Држава во која постојат независни столбови на власта коишто се избрани од граѓаните, на слободни избори.
Еталон за демократијата во таква држава како нашата е слободата на граѓанинот и неговата моќ да одлучува за тоа што е најдобро за сите граѓани на државата, вклучувајќи го и него. Слободното гласање претпоставува неподложност на било какви влијанија, зависности, стравови, предрасуди и догми: економски, етнички, религиозни или историски.
Со тоа што граѓанинот подлегнува на влијанија, зависности, стравови, предрасуди и догми; независно дали од лична корист или од неизграденост на својата личност; тој ги подрива столбовите на демократијата. На тој начин се создава привидна демократија во која некои демократски институции и столбови неможејќи да постојат самостојно се приморани да се потпрат и да зависат од други столбови на власта.
Ако зборуваме за моменталната состојба во нашето општество, како примери би ги навел следните:
·        Тоа што партијата ВМРО ДПМНЕ го носи префиксот ВМРО е предрасуда (не требаше да и биде регистрирана оваа политичка партија под ова име). Секој македонски граѓанин знае дека најголемата причина за постоењето на сегашната македонска држава е дејствувањето ВМРО, и затоа, оваа скратеница му припаѓа на секој граѓанин на Република Македонија. Со узурпирањето на овој акроним ВМРО ДПМНЕ добива можност да се декларира како патриотска партија а другите партии да ги дисквалификува како предателски и немакедонски.
·        Тоа што на СДСМ му се припишуваат сите негативности од периодот кога Република Македонија беше во состав на СФРЈ, тоа што членовите и симпатизерите на СДСМ (а и на другите опозициски партии) се нарекувани пежоративно: „комуњари„; тоа е предрасуда и догма. Сите партии регистрирани според важечките закони во Република Македонија се дел од демократскиот систем во којшто живееме. Секој граѓанин е слободен во одлуката во која партија ќе членува и која ќе ја поддржува. Со предрасудите самите ја негираме демократијата.
·        Тоа што повеќе партии во Република Македонија имаат етнички предзнак е зависност и предрасуда (и на ваквите политички партии не смееше да им биде дозволена регистрација). Етничките групи гласаат за политичките партии од својот етнички блок, од емотивни причини или во очекување на бенефиции.
·        Тоа што граѓаните си го одземаат правото на секои нови избори да ги преиспитаат своите размислувања и се прогласуваат како ВМРО-вци или СДСМ-овци „засекогаш„, или „до смрт„; тоа е неразбирање на демократијата и неизграденост на сфаќањата дека живееме во општество во кое сите граѓани треба да имаат достап до можностите за достоинствен живот. Па има ли демократија во државата во која некоја партија „владее„ засекогаш? 



Демократијата е механизам на константна контрола над избраните функционери заради тоа што и тие се луѓе, и со самото тоа се подложни на субјективност и грешки; и заради тоа што општествата се динамични ентитети и бараат постојани промени и напредок.
Колку побрзо го сфатиме тоа - толку подобро за опстанокот на Македонија.

Tuesday, May 20, 2014

Јас сум против да се сече планината! Бе, човек!

Ова е транскрипт на видеото што ќе го најдете подолу во овој пост. Кога го читам текстов ми звучи како поема. 
_____________________________________________________________
Ако мислите, два прста не дигајте, дигнејте го прв, тај ви е - шо лебот го јадете. Еден!
Тај еден, што може победата да го добиете со нашта градуначалник - Бонева Силванева, исту, как шо а глеате тука, така исто и она!
-      Иста! Иста!
-      Шо викаше Зинго: тигрица!
-      Ако... Момент!
Ако мислете дека га знаете за 8 години. Не! Туку некој ве е преварал! И тај што мисле дека ви лажал и дека ве обеќава...
Ние не сме комуњисте, ние сме ВМРО ДПМНЕ.
Дека мислете некој ќе ви даде една вреќа брашно - немој да се излажете.
-      Дечко на страна!
Дека мислете за една вреќа брашно - немој да се преварите за една вреќа брашно.
Туку гледајте што ќе го родете маленкото дете, од пелена, за да ви порсне од еден месец да биде до 20, до 100 години да живее, само да га поддржиме наша градоначалник Боне Силванева. И еве га, Бонева Силванева, тука шо ми стоа.
Немој да мислете дека десно срце!
Туку отворејте го левото срце и број еден да го држете!
Ама, мислејте и за потпр... ааа... за нашиот претседател што треба на Република Македонија. А најногу држејте го и Груевски, оти Груевски ако даде од владата и нашето градоначалник ќе ни го држе нашто село, од Баница.
-      Така е!
Пазејте! И ви го спомнам со нашта Боне Силванева! Јас сум потпретседател Симјон Стојанов, од село Баница, штабо тука што постоа. Сакам сите масовно у недеља на митинко со јавно и гласно со број еден да одеме.
А на 22 – ри: маленко, големо, шо постое, од пелена... да одеме! За... За кој одиме, знаате ли?
-      За Бонева!
-      Па нормало за победа, бе, човече!
...со Бонева Силванева. ... на село нашо Баница.
Јас сум у комитетот на ВМРО ДПМНЕ претседател и може и претседател да бидам на комитетот на село Баница.
Пазејте! Не обеќаваме ние дека ние ќе лажеме негде! Не! Никој да не ве лаже! Ние обеќаме, потпретседателите и претседателот, сос нашиот градоначалник сос ... со Бонева Силванева дека она прва на Македонија, на 72 села ќе биде, она на... на 72 села, струмичко село, шо може да не одржава со вода...
Ние ќе имме амбуланта, ќе имаме фудбале, ќе имме сè!
Само пазејте, ка ќе дојде гласањето на 22-ри!
Машко со срце! Она не е женско, туку е машко срце она! Да го мрднете својто...
Ако мисле тај што беше у манополо, ја гу знам, см работил. Дека см работил? Мојот татко е работил у монополот. Да точно е дека см работил, и сезонски см работил. Нека си ги зема парталете, побрзо, за да не чека да доат иборето. Да си ги зема документето. Нека си ги зема документите на раките, нека ги збере прво како прво.
Он Орце, Панев, так... Орце Панев се викаше тој?
-      Панчев
-      Панчев?
У монополот јас сезонски ќе го тепаак. Со... тоги... те.
Нека си ги збере како брзо брзо и да ги збере парталете, да си ги збере. Оти Сиалвана ако биде...
-      Добро Симјон, нека е тоа нешто...
-      Чекај бе...!
Јас сакам поддржка, како прво, јас сум подпретседател - Симјон, ама, јас од ка см са запослил 7 години, за никој не можам да дадам, ама го давам мојот збор и мојот живот додек сам жив на ВМРО ДПМНЕ! Јас имам чичо у Сомбор  утепано, само... само за ВМРО!
Ама го поставам мојот збор и моето едно машко дете само за Силвана Бонева ќе биде број един!

...
-      Сите ветуват - секое гласање се ветува, а за Баница посебно - нема ништо. А сите ветуваат.
-      Е па.. знаеш кој го праве това?
-      Дозволи...
-      Комуњизмо!
-      Друго: ќе одеш во Министерство за зејоделие, било шо да потераш – нема.
-      Е па СДС е на власт!
-      Това е државно, Министерството за земјоделие знам дека е под владата.
-      Министерството за земјоделие е под владата - има еден раководител што е од ВМРО другите са СДС.
-      Момент, Тико за тебе прашање имам: беше Киро Партенов, од коа партија беше?
-      Од ВМРО!
-      Лажеееш, пази, стопири се! Врни се назади!
-      СДСМ! СДСМ!
...
-      У шумското кој беше прво? Казните од кој добијате? Најмногото казни од кој... Од кога поставија шумска полиција? Дали имате простоено нешто?
...
-      Може ли ние да кажеме како.. одејте и јако и главно и јасно: шумска полиција не смее никој дравар да го запре! А Зоки Заев ако ве лаже - тај ве е преварал! Држејте Силвана Бонева – слободно на дрва. У недеља: од маленко до големо – на митинк. Симјон, потпретседател, потпишува...



___________________________________________________________

И што да напишеш како лично видување, како личен коментар на тоа што го гледаш, слушаш и спознаваш од ова видео?

Интересно ти е. Смешно ти е. Потоа, ги разбираш работите подлабоко. Сфаќаш дека гледаш луѓе кои се оставени надвор од општествените текови, на кои општеството не им овозможило образование, описменување, култура. Луѓе коишто се оставени да преживуваат како знаат и умеат.
Тие луѓе се лесна цел за манипулации, за придобивање, за „купување„ на нивните гласови.
Тоа и го прават нашите политичари - тие смислуваат стратегии како да ги „купат„, уценат и уплашат разните општествени категории на граѓани, за да дојдат до власт и за да располагаат со тоа мало национално богатство што го има Македонија, па да си го расподелат меѓу себе.
Значи, живееме во држава на итреци и снаодливци наспроти надитрените и „смотани„ луѓе. И генерално, општеството не се развива и не напредува.


Saturday, May 17, 2014

Кучешки менталитет


Обично, во ниско моралните, материјалистички општества луѓето немаат чувство на такт и на почит еден спрема друг. Тие сакаат да го надвладеат, потчинат и искористат секого кого можат. Таквите луѓе ви задаваат директни прашања за тоа каде работите, колку заработувате...
Јас вака им одговарам на таквите „луѓе„: - Не работам ништо и супер ми е.
Притоа го гледам прашувачот в очи.
Инаку таквиот (материјален) интерес потекнува од кучешкиот менталитет што го имаме. Прашувачот сака да добие информација (да помириса) за да знае со кого си има работа. Па ако си на повисоко општествено скалило или му требаш - ќе биде сервилен спрема тебе (ќе подзизува и лиже), а ако си на исто или на пониско ниво ќе се обиде да те омаловажува и понижува (ќе те лае).















На истата тема пишував тука: