Thursday, May 1, 2014

Култ на личноста 2


Се сеќаваме, не беше толку одамна - пред некаде дваесет години „народот“ создаде култ од личноста на Бранко Црвенковски. Каде и да се појавеше тој лик се слушаше: „Бранко! Бранко!“ после тоа, или некаде паралелно, создадовме култ од Љубчо Георгиевски: „Љубчо! Љубчо!“. Сега сме заглавиле со Никола Груевски и му изразуваме восхит: „Никола! Никола!“.
Ние имаме свест да не му веруваме на тој до нас, на ближниот свој, не си веруваме дури ниту себеси и на своите способности. Веруваме само во некој „Свети лидер“. За време на социјализмот тоа беше Тито, па секаде громогласно одекнуваше: „Тито, партија, омладина, армија!“

После неко време почнуваме да ги мразиме идолите што самите сме ги создале. Замислете - луѓето ја уживаа нашата доверба, беа на врвните функции во државата, претседатели, премиери, ние сме гласале за нив - „народот“ (истиот тој народ што сега е заслепен од „проектите“ на Груевски) после тоа самипт си го негира сопствениот избор.
Што следи како заклучок?
Заклучокот се состои во констатацијата дека лесно се манипулира со овој народ.
Ете тоа.

Време е да осознаеме дека секој од нас има сопствена вредност, па наместо во лидери да веруваме во разумот, и наместо да веруваш во и на некој „Свети лидер“ да се обидеш да го разбереш својот сограѓанин и сонародник.

No comments:

Post a Comment