Thursday, February 27, 2014

1000 лаги (или барем три)

Споделувам лично искуство:
Поради околностите во мојот живот студирав во „позрели“ години. Можеби поради тоа посветував повеќе внимание да се запознаам потемелно со научните дисциплини што беа изучувани.

До книгите од проектот на Владата „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“, којшто прво опфаќаше 500 книги имав достап само во третата година од студирање (на книгите им требаа 2 години да стигнат до факултетот на којшто студирав). Од библиотеката на факултетот во текот на третата студијска година позајмив 3 книги од областа на маркетингот и туристичката индустрија. Книгите не можев да ги искористам заради лошиот превод. Чувството да се обидуваш да читаш од тие книги беше како да читаш текст преведен во „Гугл транслејт“ ама без можност да ги видиш дополнителните значења на зборовите и фразите.

Не можам да тврдам дека сите 1000 книги се лошо преведени, но тврдам дека книгите што јас ги користев беа „криминално“ преведено. Кога кажувам „криминално“ мислам дека за такво несовесно трошење на парите од буџетот мора да има покренато постапка за одговорност. Не ги наведов тука конкретните називи на книгите, но, ако некој ми ги побара ќе се сетам на називите и на авторите на книгите.

http://www.makdenes.org/content/article/25278817.html?fb_action_ids=10200560151686290&fb_action_types=og.likes&fb_source=aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582