Saturday, January 20, 2018

„Македонија“ е бренд, наш бренд

„Македонија“ е бренд, наш бренд

Врз имиџот на Македонија во светот влијае и спорот со Грција, којашто го оспорува нашето владение над брендот Македонија аргументирајќи дека нашата држава поседува само мал дел од некогашната Македонија. Самиот спор е нелогичен и во спротивност со меѓународното право, бидејќи за името на било која држава одлучуваат нејзините граѓани, а не соседните држави. Република Македонија под влијание на околностите влезе во преговорите, тие се реализираат под надгледување на претставникот од Организацијата на обединети нации.
Во овој труд, во корист на краткоста на темата, ќе наведам само неколку аспекти од спорот кои се поврзани со брендирање, заштитна марка и со правото на првенство.
Како прво, доводите на Грција дека Македонија поседува само мал дел од некогашната Македонија се неосновани и несоодветни. Во својата аргументација грчката страна самата потврдува дека сегашна Македонија покрива области коишто некогаш биле во рамките на античка Македонија, според тоа, правно, сегашната наша држава има право да го преземе името на нејзината претходничка на овие простори, ова аргументирање е уште посилно ако се земе во предвид фактот дека ниедна друга земја која владее со дел од територијата на некогашната Македонија, па ни некоја друга држава во светот не го носи името и брендот „Македонија“. Тука како пример можат да се наведат САД, коишто се наоѓаат на континентот Америка зафаќајќи само дел од него, а го користат истото име во конструкцијата на името на нивната современа држава.
Вториот довод е временски, република Македонија има предност пред република Грција во користењето на брендот Македонија затоа што:
  • На ниво на провинции или републики во рамките на поголема држава (во 1945, во составот на Југославија), порано од Грција (којашто тоа го направи во 1987)  го искористи името и брендот „Македонија“;
  • На ниво на суверени држави Македонија во 1993 прогласи државност, нарекувајќи се „република Македонија“, од друга страна нашите опоненти, ниту некогаш, ниту сега не ја викале, ниту ја викаат својата држава со името „Македонија“. 

Thursday, January 18, 2018

Скијање во Казандол

Не е целосна снимката, има тука текст меѓу редови кој не е снимен, нека ја дадат целата снимка па ќе слушнете, плус тој што е снимен не е тој што е на снимката, тројникот е, двојникот е на скијање во Казандол.
https://www.facebook.com/kire.trajkov/videos/10209990366268973/
-0:31
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Енкриптиран текст


Текстот е енкриптиран, луѓето ништо не разбираат
Како да браниш закон со кој не се согласуваш во целост? Особено, како да браниш таков закон, за кој си гласал ЗА?
Очигледно, не со молчење. Никако со молчење.
По подолго (неоправдано) отсуство од социјалните мрежи, сакам да се изјаснам по неколку работи:
1. Мојот молк во јавноста.
2. Законот за употреба на јазиците.
3, Ситуацијата со наводните двојни аршини во судењето против мене и она против членовите на левица.
Последните објави на социјалните мрежи ми се во почетокот на Декември, 2016г. Кога стана очигледно дека поради процедуралните рокови на комисиската расправа, бројот на поднесени амандмани и очекуваното несогласување помеѓу ДУИ и БЕСА, нашите амандмани нема ниту да стигнат на ред да бидат разгледувани. Тоа значеше дека сите наши претходни укажувања за јавна расправа и амандманско ургирање во предложениот текст паднаа во вода.Прв пат ми се случи да ветам нешто (заедно со бројни други колеги и колешки од пратеничката група), за што излезе дека нема никаков начин да го остварам (оствариме). Не знаев што да пишам, немав што да пишам. Дури не пишав ништо ниту за Нова Година, ниту за Божиќните празници. Како можам, макар и само да честитам НГ, кога толку значајно политичко прашање виси во воздух? Кога знам каква канонада од (основани и неосновани) критики следи?
Тука погрешив. Не требаше да молчам. За прашање кое е толку значајно, требаше да укажам на тоа што сметам дека се недостатоци на текстот и однапред да ги објаснам причините за моето гласање.
Во однос на законот за јазици, сакам да бидам многу јасен околу една работа - НЕМАМ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ СО БРОЈОТ И ТИПОТ НА ПРАВАТА КОИ СЕ ДЕФИНИРААТ ВО ЗАКОНСКИОТ ТЕКСТ. Искрено верувам во идејата за едно општество, во идејата дека сите сме еднакви пред законот и дека граѓанинот треба да може да комуницира со својата држава на својот мајчин јазик. Исто така, верувам дека законот не го надминува духот и формата на Рамковниот Договор. Но, имам проблем околу конкретниот текст и неговата применливост. Поточно, се сомневам дека деловите кои се однесуваат на парите и униформите се противуставни. Но, текстот влезе во последната фаза во собраниската процедура непроменет, ист како што влезе и во првата. Во меѓувреме, сите политички структури во владеачката коалиција јасно и јавно се согласија дека текстот ќе оди на оценување во Венецијанската комисија и дека Законот ќе биде променет согласно СИТЕ забелешки кои ќе пористигнат од таму. Потоа, Уставниот суд е механизам кој им стои на располагање на сите граѓани кои се сомневаат во уставноста на одреден закон.
Затоа, кога тоа прашање веќе дојде на маса и кога се постави начин за справување со евентуалните недостатоци во законскиот текст, не сакав да избегам од неговото решавање. Гласав ЗА и ќе гласам ЗА при повторното гласање, имајќи предвид дека иванов не го потпиша Указот. Што се однесува на применливоста на законот - како и кај сите други закони, тоа е нешто што ќе треба внимателно да го следиме и навремено да реагираме при секој проблем кој можеби ќе се јави.
За крај на оваа тема, сакам да напишам уште нешто: Добар дел од критиките за моето гласање за Законот за употреба на јазиците се однесуваат на еден мој твит од 10ти Март, 2016г. Таму велам дека: Нема присилно учење јазик - сегашниот текст не предвидува граѓаните Македонци задолжително да учат албански јазик. Предвидува обврска за институциите да имаат капацитет да комуницираат и на албански јазик; Нема казни за незнаење албански - законскиот текст предвидува казни за институциите кои нема да го почитуваат законот, не за граѓаните кои нема да научат албански; Нема двојазични банкноти, двојазични униформи - сегашниот текст ги предвидува овие нешта, но јас би ја почекал Венецијанската комисија пред да донесам суд. На крајот на денот, ако Венецијанската комисија или Уставниот суд се изјаснат дека тие одредби се уставни, јас немам проблем со тоа; Нема промена на Устав - Дефинитивно нема промена на Уставот на Република Македонија по ова прашање.
На крајот, би сакал да напишам за наводните двојни аршини при постапувањето на Обвинителството во случајот против мене и во случајот против членовите на левица. Здравко, Гени и Владимир се гонат за истото дело за кое бев гонет и јас - Учество во толпа што ќе стори кривично дело. Но, тоа се различни предмети, различни постапки пред судот и различни околности. Постапувањето по аналогија, не само што не е дозволено, туку е и изрично забрането во нашето кривично право.
За да постои ова дело, треба сторителот да учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе стори насилства спрема луѓе или ќе оштети или ќе уништи имот од поголема вредност (над пет просечни месечни плати. Со други зборови, ако има штета над пет плати - има дело, ако нема толкава штета - нема дело. За разлика од првите два дена на протестите од Шарената револуција, кога немаше никава организација ниту структура во движењето, ние многу внимававме кога започнавме да користиме бои како начин за изразување на револтот. Спротивно на сета пропаганда за нашето „хулиганство и дивеење“, ние внимававме какви бои користиме, внимававме да нема структурни оштетувања на објектите и внимававме нашти е протести да не резултираат со други кривични дела.
Националниот конзерваторски центар утврди дека бојата се вади со алкален сапун и топла вода и дека вкупната штета која нашиот протест ја предизвикал врз Министерството за култура е околу 15.000 денари (останува отворено прашањето зошто груевски плаќаше десетици илјади евра за чистење на нешто, што толку ефтино може да се отстрани). Оваа сума значително се разликува од првичната проценка на тогашното Министерство (повеќе од еден милион денари) и од проценката на Бирото за судски вештачења (околу 460.000 ден). Тоа што ми е мене познато за постапката против членовите на левица е дека и тие, како и јас, го оспоруваат нарачателот на нивното вештачење, но (сега за сега) не и висината и типот на штетата.
Врз основа на тоа, не може и не треба да се прави паралела во двете постапки. Јас се уште сметам дека нивното гонење е резултат на политичкиот прогон на претходната влада и се надевам дека на крајот ќе бидат ослободени од одговорност. А ако не бидат, парите за причинетата штета се обезбедени и ќе бидат искористени за таа намена.
Затоа, би сакал да ги замолам лидерите на некои од вонпарламентарните партии да се воздржат од популистички критики за кои знаат дека не се правно засновани и конечно да се посветат на решавањето на многуте вистински проблеми кои се уште ги има нашата држава. Нам ни е потребна сета помош која можеме да ја добиеме.
Во меѓувреме, јас ќе продолжам да се борам, најдобро што можам и без откажување, за целите за кои протестиравме - за одговорност за стореното и осигурување дека такво нешто нема да може да се повтори.
И п.с. Немам никаква намера да барам интерпелација за министерот за земјоделство бидејќи сторил прекршок со тоа што запалил цигара во ноќен клуб.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Saturday, January 13, 2018

Постои ли македонската нација?

Лесно е да се префрли вината и да се каже: - „Ние сме патриоти, ја спасуваме државата од предавници (или од лопови)“;
но тешко е да се размисли и да се утврди зошто има анимозитет во рамките на иста нација.
Зошто луѓето лесно се поведуваат по политичарите, кои имаат свои, лукративни цели, и прифаќаат да ги мразат своите сонародници? Значи врската со политичарите од сопствената опција е посилна од тоа што не поврзува со сонародниците? А каква е таа врска? И таа ли е лукративна? Или политичарите не манипулираат за без пари, заради нашата простост и глупост како нација?
Ако врската со сонародниците ни е послаба од врската со политичарите излегува дека за нас не постојат сонародници, а ако не постојат сонародници - тогаш не постои нација.
Постои ли македонската нација?

Saturday, January 6, 2018

Позитивна промена во нашиот менталитет

Не сакам да верувам дека не може да настапи позитивна промена во нашиот менталитет, прво затоа што ништо не е вечно, па нема да преовладува опортунизмот и конформизмот вечно кај овој народ, а второ затоа што тоа би значело дека сите што се обидуваат бадијала се трошат.
Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај

Thursday, January 4, 2018

Судски пијавици

Зоран Караџовски побара повисоки плати за судиите. Чекајте бе, пријателчиња од судската фела, од која планета сте вие? Зарем вие не сте чинител, и тоа значаен, во создавање на, меѓу другото, и на зголмените материјални вредности во општеството?
Како си дозволувате повеќе да барате поголемо учество во распределбата на националното богатство, ако не учествувате во неговото создавање?
Па вие се однесувате како да сте од некоја друга планета, па што не се вратите на неа?
Поентата ми е дека вие, судската фела, сте неприменливи надвор од Република Македонија, со што не уценувате, па барате поголеми плати? Ќе одите да работите како чистачи во Германија? Еве медицинската фела може да се примени во странство, па тие можат да ги споредуваат сопствените примања со колегите од странство, ама вие немате право да ги споредувате вашите плати со тие во Европа. Вие ем не придонесувате во општеството во кое живеете, ем не можете да се „продадете“ надвор. Треба да ви се намалат платите - можеби тоа ќе ви даде мотивација за професионална работа, срамови.

На судството не му се потребни памфлет- реформи, имам капацитет да го спроведам она што е зацртано со владината стратегија- вели првиот човек на Судскиот совет, Зора...
MRT.COM.MK

Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај