Monday, January 1, 2018

СДСМ = ВМРО ДМПНЕ, или СДСМ - ВМРО ДМПНЕ = 0

Кратко после изборите се разрешуваат сите директори и членови во управни и надзорни одбори на јавните претпријатија и се именуваат нови.
Што значи тоа? Наеднаш сите почнале да работат лошо?
Не. Ниту при именувааање, па ниту при групното разрешување на овие луѓе критериумите не биле професионалните стандарди, туку париската припадност.
Партиите сметаат дека по освојување на власта општеството им е дадено во сопственост, како воен плен, па на ваквите исплатливи позиции поставуваат свои војници за да ги држат задоволни во својот табор.

Шарената револуција и широкиот народен отпорот против груевизмот и не беа предизвикани од тоа што народот сакаше да смени едни пијавици со други, туку поривот беше да се создаде праведно и демократско општество во кое ресурсите од буџетот нема да се користат за создавање партиски војски.

Наместо да го укине постоењето на таквите непотребни и нефункционални органи СДСМ ја продолжува праксата што ја применуваше ВМРО ДПМНЕ. Пракса која ја слабее демократијата и економската моќ на државата, а ги засилува моќта на партиите, па тие ја супституираат државата.

Затоа СДСМ = ВМРО ДМПНЕ, или СДСМ - ВМРО ДМПНЕ = 0

No comments:

Post a Comment