Saturday, January 20, 2018

„Македонија“ е бренд, наш бренд

„Македонија“ е бренд, наш бренд

Врз имиџот на Македонија во светот влијае и спорот со Грција, којашто го оспорува нашето владение над брендот Македонија аргументирајќи дека нашата држава поседува само мал дел од некогашната Македонија. Самиот спор е нелогичен и во спротивност со меѓународното право, бидејќи за името на било која држава одлучуваат нејзините граѓани, а не соседните држави. Република Македонија под влијание на околностите влезе во преговорите, тие се реализираат под надгледување на претставникот од Организацијата на обединети нации.
Во овој труд, во корист на краткоста на темата, ќе наведам само неколку аспекти од спорот кои се поврзани со брендирање, заштитна марка и со правото на првенство.
Како прво, доводите на Грција дека Македонија поседува само мал дел од некогашната Македонија се неосновани и несоодветни. Во својата аргументација грчката страна самата потврдува дека сегашна Македонија покрива области коишто некогаш биле во рамките на античка Македонија, според тоа, правно, сегашната наша држава има право да го преземе името на нејзината претходничка на овие простори, ова аргументирање е уште посилно ако се земе во предвид фактот дека ниедна друга земја која владее со дел од територијата на некогашната Македонија, па ни некоја друга држава во светот не го носи името и брендот „Македонија“. Тука како пример можат да се наведат САД, коишто се наоѓаат на континентот Америка зафаќајќи само дел од него, а го користат истото име во конструкцијата на името на нивната современа држава.
Вториот довод е временски, република Македонија има предност пред република Грција во користењето на брендот Македонија затоа што:
  • На ниво на провинции или републики во рамките на поголема држава (во 1945, во составот на Југославија), порано од Грција (којашто тоа го направи во 1987)  го искористи името и брендот „Македонија“;
  • На ниво на суверени држави Македонија во 1993 прогласи државност, нарекувајќи се „република Македонија“, од друга страна нашите опоненти, ниту некогаш, ниту сега не ја викале, ниту ја викаат својата држава со името „Македонија“. 

No comments:

Post a Comment