Monday, January 1, 2018

Компарација на неоправдани стравови

Има луѓе кои се однесуваат спрема сопствените деца презаштитнички. Таквиот страв е неоправдан и е на ниво на фобично анксиозно нарушување, кое се карактеризира со интензивно чувство на страв кое ги надминува границите на потребите на дадената ситуација. Во ситуација кога чувството се однесува на закана за сопствената сигурност ова однесување може да доведе и до агорафобија – страв од отворен простор и сè она што е поврзано со него (целосно затворање во домот и појава на сериозни напади на паника доколку се излезе на отворено), но во случај кога стравот е за сопственото дете тие се обидуваат да „го заштитат“ со „отстранување“ на сите закани за неговата сигурност.
Кажувам дека вашиот страв е неоправдан затоа што не се сите луѓе насилници, нитупак може да се заштити детето од сите постоечки насилници.
Значи се работи за ментална несигурност, па се поставува прашање зошто општеството треба да страда од менталениот проблем што го има одредена група луѓе? Зошто поради тие одбрамбени фобии општеството мора да биде насилно и примитивно?

Сличен проблем се јавува со економската несигурност што е присутна кај многу луѓе. Тие не веруваат во сопствената човечка вредност и имаат страв за својата егзистенција, затоа тие подлегнуваат под влијанието на центрите на моќ, во нашиот случај тоа се политичките партии, па дозволуваат да бидат контролирани. Повторно се поставува прашањето: - Зошто поради фобиите на некои луѓе целото општество да не напредува и да не може да ги користи сите свои ресурси, туку да биде контролирано од уски центри на моќ?

Zoran Babanovski A vie kosta karev imate li cerka?
Управувај
Zoran Babanovski Ja na kolec bi gi nadenuval siluvacite. I bi gi solel so sol
Управувај
Коста Карев Ајде, Zoran, ќе објаснам поедноставно.
Ме прашувате дали имам ќерка, тоа е ирелевантно. Очигледно дека вие имате ќерка и имате страв дека некој може да ја силува.
Тој ваш страв е неоправдан и е на ниво на фобично анксиозно нарушување, кое се карактеризира со интензивно чувство на страв кое ги надминува границите на потребите на дадената ситуација. Во ситуација кога чувството се однесува на закана за сопствената сигурност ова однесување може да доведе и до агорафобија – страв од отворен простор и сè она што е поврзано со него (целосно затворање во домот и појава на сериозни напади на паника доколку се излезе на отворено), но во вашиот случај стравот е за вашето дете, па вие се обидувате да „го заштитите“ вашето дете со „отстранување“ на сите закани за неговата сигурност.
Кажувам дека вашиот страв е неоправдан затоа што не се сите луѓе насилници, нитупак вие можете да го заштитите вашето дете од сите постоечки насилници.
Значи се работи за ваша ментална несигурност, па се поставува прашање зошто општеството треба да страда од вашиот ментален проблем? Зошто поради вашите одбрамбени фобии општеството мора да биде насилно и примитивно?

Сличен проблем се јавува со економската несигурност што е присутна кај многу луѓе. Тие не веруваат во сопствената човечка вредност и имаат страв за својата егзистенција, затоа тие подлегнуваат под влијанието на центрите на моќ, во нашиот случај тоа се политичките партии, па дозволуваат да бидат контролирани. Повторно се поставува прашањето: - Зошто поради фобиите на некои луѓе целото општество да не напредува и да не може да ги користи сите свои ресурси, туку да биде контролирано од уски центри на моќ?
Управувај

No comments:

Post a Comment