Sunday, November 30, 2014

Конзервативност

Не знам од кого, во ова општество, може да се очекува да ја разбира уметничката слобода и креација, и за кого да се создава, кога од интелектуалци добиваш совети да се смениш, да се прилагодиш, да бидеш „допадлив„.

Вистинскиот уметник го твори тоа што го чувствува и на начин или во стил кој што му е најблизок. Уметникот не се прилагодува кон трендовите што се популарни, туку тој диктира трендови, тој остава траги.

Saturday, November 22, 2014

Македонски фарисеи

Ова многу ме изненади.

Ги наплаќаат услугите за пристап кон Бога по црквите, не чекаат Бог да ги вознагради; станаа парољубци:се возат во џипови, си градат луксузни куќи. Но освен попот на гробишта што ја нудеше раката да му ја бакнат а тој чекаше и добиваше пари скришно, подрака (од кого ли се крие? Од луѓето? Од Бога) не сум ги видел свештениците така отворено да „прибираат„ пари, па уште и на аукција. Оти едно е да ти даваат пари, па ти, после одбивање, вака така да ги земеш; ова е аукција, а аукција е барење што повеќе пари. Значи, не само што им требаат пари, туку и им требаат многу пари.

Овие фарисеи би требало да ги прочитаат повторно пасусите (Марко 14:58 Јован 2:19-21 Матеја 27:50,51; Марко 15:38; Лука 23:45) каде Бог го „разруши„ храмот, за да покаже дека е важен храмот што го градиш во себе а не некоја ракотворна градба. Или пак, не би им сметало да си прочитаат од својот сајт http://preminportal.com.mk/content/view/8478/106/ каде пишува:
 „Во животот видов дека многумина се токму такви - само наречени христијани и е навистина зачудувачки, како може живот втемелен на интереси да се усогласи со зборовите Христови: „Не грижете се што ќе јадете и што ќе пиете, нити во што ќе се облечете. Погледнете ги птиците небесни: тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот Отец небесен ги храни. Погледнете како се облечени полските кринови! Па дури ни Соломон не се облече така како овие ништожни цветови. И ако полската трева, што денес ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, а колку ли повеќе вас, маловерни!?“Ова се јасни зборови, едноставни, и покажуваат каков е темелот на Христовото учење„

Епа на кое учење се потпираат овие материјалисти?
Кому му служат? На еврото?

А овие па, што плаќаат такви пари, толку бесрамно покажуваат дека бранат некаква квазирелигија. Затоа што Христос вели: „што дава десната рака, да не знае левата„, а овие па - се фалат, се покажуваат со парите што ги грабнале од народот.


Friday, November 21, 2014

Македонски финти

Македонија има деца, нема луѓе.
Тие што ќе дојдат до функција и позиција - тие ја губат енергијата за промени, креативноста и принципиелноста што ја имале. Па, се продаваат, не веруваат во себе, сметаат дека го постигнале својот човечки максимум и гледаат максимално да „ќарат„ од позицијата во која се нашле.

Thursday, November 20, 2014

Одлив на „мозоци„

Во денешно време сите сме материјалисти и поголем дел од луѓето си бара чаре, а докторите најлесно се „продаваат„ затоа што се барани.
Државите со повисок стандард и услови за живеење го собираат мрсниот човечки кајмак од посиромашните неорганизирани држави. Па така, од посиромашните држави, кои се оставени без човечки креативен потенцијал и заглавени во диктаторско владеење не може да се очекува премногу.
http://plusinfo.mk/vest/4738/dvajca-specijalisti-go-napushtaat-todorov-ortopedija-gubi-anesteziolog

Wednesday, November 19, 2014

Барокна влада од гипс и картон




Студентите конечно се освестија, тогаш кога нив ги засегнаа непромислените, популистички решенија и политики на сегашната Влада.
Да се потсетиме: владејачката гарнитура прво имаше стратегија со која сите средношколци беа запишувани на факултет. Се отворија „факултети„ во секој град и во секое село. Во тие „факултети„ се вработија „професори„ - луѓе кои немаат потенцијал да бидат универзитетски професори, а директно од професори во средно образование, по партиска директива, се префрлени во високото образование. Освен тоа отворени се голем број на приватни „универзитети„, кои исто така немаат потенцијал да организираат високо стручно образование. Со сите тие решенија е снижен квалитетот на високото образование, се создаваат кадри кои не поседуваат знаења и способности. Кога конкурираат за вработување, овие „високо образовaни„ кадри се вработуваат преку партиски и роднински врски. Голем дел од квалитетните високо образовани кадри, со потенцијал да создадат напредок и за себе и за општеството во коешто живеат остануваат невработени и поради тоа се приморани своја примена и егзистенција да бараа надвор од Македонија.
Овие погрешни политики на владејачката гарнитура ја уништуваат иднината на Р. Македонија.
 


Thursday, November 13, 2014

Република Расипаност

Ете, МВР конечно откри кој тоа го оштетува буџетот на Републиката.
"Порпаролот на МВР Иво Котевски за „Република“ потврди дека меѓу повиканите лица се наоѓаат и познати личности.
- Се работи за класична измама со која директно би се оштетил буџетот на Република Македонија. Имено, правилото гласи дека смее да се гласа само еднаш од еден телефон, а со организираното купување телефонски картички и гласање од нив, се прекршува законот – вели Котевски за „Република“."
http://republika.mk/?p=343871

Замислете: организирано купувале телефонски картички и гласале од нив.
Ете зошто не ни одат работите во државата!
Некој цело време ни го „оштетувал„ буџетот!
Ние - полни го, тие - празни го!
И кај можеш така да имаш пари за да си ги исполниш сите зацртани урбанистички визии? Споменик да не може човек да постави. Барокни фасади, како што и прилега на нашата безвременска метропола, да не може човек да си направи.

А сите тие негативности ги прават „Агентите кои земаат повеќе од што заслужуваат„ http://republika.mk/?p=343009

Агенти?
Чии агенти?
Од кого земаат?
А значи заслужуваат?

А кој заборави да се потпише?
Ало?
Република?

После овие два текста што ги прочитав на Република, додавам нови предлози за име, нови републики на мојот список http://b-n-z-r.blogspot.com/2014/11/blog-post.html:
Република Нискост
Република Расипаност
Република Глупост


Wednesday, November 12, 2014

Еволуција или револуција?



Постот закачен тука како линк http://b-n-z-r.blogspot.com/2012/10/blog-post.html
го напишав пред две години - ги критикував опозиционерите зошто се групираат околу СДСМ.
Сега, веќе еволуирав во своите ставови - во конкретната состојба на јавното мислење и свест, при ниското интелектуално ниво на повеќето граѓани, и при порозната етичка градба на македонскиот човек; не е можна појава на нова опозиција, на трет политички пат ослободен од компромитираноста во минатото.

Всушност, стратегијата на ДПМНЕ за фронтална борба и уништување на СДСМ е борба за уништување на демократијата во Македонија, тоа е стратегија за вечна доминација и приграбување на власта од страна на кланот предводен од ДПМНЕ. Таа стратегија ги користи сите недостатоци на македонското општество: младата и неискусна демократија, подложните на политички влијанија институции на системот, Собранието доминирано од Владата, Претседателот спуштен до ниво на „учесник во владејачкиот тим„, наследениот сервилно-надмен менталитет и слабата етичка и интелектуална градба на граѓаните, продажноста на малиот број способни интелектуалци, порозното законодавство, зависното судство...

Демократијата во Македонија може да се врати само со пораз на ДПМНЕкратијата од страна на здружената опозиција предводена од каква-таква (одговорна за грешките и состојбите во минатото) СДСМ и каков-таков јадач на живи луѓе, Заев. 
После победата над ДПМНЕ во демократскиот опозициски фронт треба да се засили влијанието на партиите и лидерите со „чисти раце„, за да можеме да излеземе од маѓепсаниот биполарен круг ВМРО-СДСМ еднаш за секогаш, на мирен начин, со еволуција, за да не дозволиме насобраниот анимозитет во општеството да доведе до револуција па да го дочекаме и хаосот и назадувањето кои што таа го носи.
Јас не сум ниту во ДПМНЕ, ниту во СДСМ, но јас сум со СДСМ затоа што сум за Македонија.



Saturday, November 8, 2014

Простотилак

Има такви луѓе, прости, не размислуваат многу, тешко е тоа. Плус, ја поседуваат себалканската омраза и непочитување која им се враќа со иста мерка. И така во круг. Глупоста раѓа глупост, омразата - омраза. И чудно ми е како таквите луѓе се нарекуваат себеси Христијани и ревносно, за празници, одат во црква, за да се покажат. Тие не ни знаат врз што се темели Христијанството; тие се уште не ги постигнале цивилизациските достигнувања достигнати пред 2000 години: Простувај, не убивај, не навредувај.
Иако бранат некаква „чиста„ македонска нација, тие не и припаѓаат на истата, затоа што не си го знаат јазикот како што треба, не го користат кириличното писмо, поседуваат некаква модифицирана турбокултура и не можат да врзаат две реченици на македонски. Нивно оружје е нискоста и плиткоста.

Friday, November 7, 2014

Нови предлози за име

Република НашиВаши
Република ИмамСвојЧовек
Република КојСи?ШтоСи?
Република Каде(Дека)Работиш?
Република ТиСиНикојИНиштоБезПартија
Република НаТиГо-ДајМиГо
Република ПлатиПаКлати
Република СнајдиСеПаЖивеј
Република МижиДаТеЛажам
Република ШтоМуЕбемМатер
Република Снобовија
Надмена Република
Сервилна Република
Надменo-Сервилна Република
Република БегамОдТука
Република ЌеБидамЧистачНаЗапад
Република СитеСеЗнаат
Република СеВлечатКакоЦрева
Република СитеСèЗнаатИСèМожатСамоНиштоНеПрават [Ова е малку долго]
Република Дупка
Република ЦрнаДупка
Република ДупкаНаБалканот
Република ПрваДупкаНаБалканот
Република Манипулација
Република ЛидерВоРегионот
Република Оро
Република МакедонскоОро
Република СтоимеВоМесто
Република СтоимеВоМестоАНајдобриСме
Република НишајВратаЗамајПлата
Република НеНишајВратаСедиДомаЗамајПлатаРамковно [и ова тешко да помине]
Република НиеСеПолнимеСоПариОдБуџетот
Република НиеСеПолнимеСоПариАЗаВасНеНиЕГајле
Република Тендерска
Република ТендерскаЉубов
Република Тераса
Република СамСебеУтепал
Република Лицемерија
Република ЕмТиСерамЕмСеСмеам
Република ШтоСакаПастири
ПастирскоВладејачка Република - СтоимеВоМесто
Република СамСеФалам
Република ПартискиВработувања
Република Апсурдонија
Република Анхедонија
Република Нискост
Република Расипаност
Република Глупост
Зависна Република Македонија
Неизвесна Република Македонија
Републикa Инaетчискa Мaкедoнијa [автор:Borce Stamenov]
Инaетчискa Републикa Мaкедoнијa [автор:Borce Stamenov]
Мaгaрешкa
 Републикa Мaкедoнијa [автор:Borce Stamenov]

ИРМ - Искомплексирана Република Македонија
КРМ - Контрадикторна Република Македонија [автор: Martin Gievski ]
Република Дно

Република Ново Дно
Моронија [не знам дали уредувањето се предлага да остане република, автор

Ja mislam deka treba da se vikame MORONIJA. Najadekvatno ime e spored narodot so zivee u nasata drzava. Bashka zvucno ime e. 


Република Моја земја [автор: Зоран Заев]
Република Наша земја [автор: Зоран Заев]
Република Земјата која ја претставувам [автор: Зоран Заев]

https://www.mkd.mk/kolumni/republika-moja-zemja-nasha-zemja-zemjata-koja-ja-pretstavuvam]

Република Трло [автор Србољуб Татарчев].
Еве добар предлог, ама Грците ќе бараат да се викаме Горно трло

Srboljub Tatarcev
Р. Трло (Македонија)🐑
Имено,никој “ШАРЕН“ од позиција на позиција за Богов не коментира.
Чекаат став на МЕСИЈАТА😄

Ми се допаѓаПокаж

и повеќе реакции
Коментирај
Република Парцелата е Приватна Македонија. Копучишта.

Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај
Република Константна Македонија [автор:Borce Stamenov]

Република Макаронија [автор: Мичо Атанасиу]
Република Макаронија (без јајца) 
[автор: Мичо Атанасиу]


Mico Atanasiu
И да се согласиме да се викаме Република Макаронија,
Грците ќе не натерат да допишеме Република Макаронија (без јајца).

Ми се допаѓаПокажи повеќе реакции
Коментирај
Република МаЌеСИоДАМијаС (автор Огнен Јанески: http://javno.mk/ognen-janeski-drzhavava-ne-znam-veke-kade-e-trgnata-republika-makesiodamijas-apsurdistan/?fbclid=IwAR2Zbj3r2PWvRTLV2eJsLBxMtRTyX7PQ9X5Ryf8AYkwHLshmvD050vdHxM)





(ќе има уште. Примаме нови предлози)