Wednesday, November 12, 2014

Еволуција или револуција?



Постот закачен тука како линк http://b-n-z-r.blogspot.com/2012/10/blog-post.html
го напишав пред две години - ги критикував опозиционерите зошто се групираат околу СДСМ.
Сега, веќе еволуирав во своите ставови - во конкретната состојба на јавното мислење и свест, при ниското интелектуално ниво на повеќето граѓани, и при порозната етичка градба на македонскиот човек; не е можна појава на нова опозиција, на трет политички пат ослободен од компромитираноста во минатото.

Всушност, стратегијата на ДПМНЕ за фронтална борба и уништување на СДСМ е борба за уништување на демократијата во Македонија, тоа е стратегија за вечна доминација и приграбување на власта од страна на кланот предводен од ДПМНЕ. Таа стратегија ги користи сите недостатоци на македонското општество: младата и неискусна демократија, подложните на политички влијанија институции на системот, Собранието доминирано од Владата, Претседателот спуштен до ниво на „учесник во владејачкиот тим„, наследениот сервилно-надмен менталитет и слабата етичка и интелектуална градба на граѓаните, продажноста на малиот број способни интелектуалци, порозното законодавство, зависното судство...

Демократијата во Македонија може да се врати само со пораз на ДПМНЕкратијата од страна на здружената опозиција предводена од каква-таква (одговорна за грешките и состојбите во минатото) СДСМ и каков-таков јадач на живи луѓе, Заев. 
После победата над ДПМНЕ во демократскиот опозициски фронт треба да се засили влијанието на партиите и лидерите со „чисти раце„, за да можеме да излеземе од маѓепсаниот биполарен круг ВМРО-СДСМ еднаш за секогаш, на мирен начин, со еволуција, за да не дозволиме насобраниот анимозитет во општеството да доведе до револуција па да го дочекаме и хаосот и назадувањето кои што таа го носи.
Јас не сум ниту во ДПМНЕ, ниту во СДСМ, но јас сум со СДСМ затоа што сум за Македонија.



No comments:

Post a Comment