Saturday, November 22, 2014

Македонски фарисеи

Ова многу ме изненади.

Ги наплаќаат услугите за пристап кон Бога по црквите, не чекаат Бог да ги вознагради; станаа парољубци:се возат во џипови, си градат луксузни куќи. Но освен попот на гробишта што ја нудеше раката да му ја бакнат а тој чекаше и добиваше пари скришно, подрака (од кого ли се крие? Од луѓето? Од Бога) не сум ги видел свештениците така отворено да „прибираат„ пари, па уште и на аукција. Оти едно е да ти даваат пари, па ти, после одбивање, вака така да ги земеш; ова е аукција, а аукција е барење што повеќе пари. Значи, не само што им требаат пари, туку и им требаат многу пари.

Овие фарисеи би требало да ги прочитаат повторно пасусите (Марко 14:58 Јован 2:19-21 Матеја 27:50,51; Марко 15:38; Лука 23:45) каде Бог го „разруши„ храмот, за да покаже дека е важен храмот што го градиш во себе а не некоја ракотворна градба. Или пак, не би им сметало да си прочитаат од својот сајт http://preminportal.com.mk/content/view/8478/106/ каде пишува:
 „Во животот видов дека многумина се токму такви - само наречени христијани и е навистина зачудувачки, како може живот втемелен на интереси да се усогласи со зборовите Христови: „Не грижете се што ќе јадете и што ќе пиете, нити во што ќе се облечете. Погледнете ги птиците небесни: тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот Отец небесен ги храни. Погледнете како се облечени полските кринови! Па дури ни Соломон не се облече така како овие ништожни цветови. И ако полската трева, што денес ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, а колку ли повеќе вас, маловерни!?“Ова се јасни зборови, едноставни, и покажуваат каков е темелот на Христовото учење„

Епа на кое учење се потпираат овие материјалисти?
Кому му служат? На еврото?

А овие па, што плаќаат такви пари, толку бесрамно покажуваат дека бранат некаква квазирелигија. Затоа што Христос вели: „што дава десната рака, да не знае левата„, а овие па - се фалат, се покажуваат со парите што ги грабнале од народот.


1 comment:

  1. Се прашувате "како може живот втемелен на интерес да се усогласи со зборовите Христови" ? Тоа подразбира дека зборовите Христови треба да бидат понапрет од интересот. Тоа е невозможно, штом живееме во систем кој е изграден на основа разменското сретство пари, поточно во систем во кој владеат стоковно- паричните односи. Нее возможно, дотолку повеќе кога тој систем и нее правилно изграден, во кој тоа што се создава како повеќе го присвојува само еден, а создавачи се двајца. Тоа е систем во кој на едната страна од вагата постојано се става повеќе, поради што се расипува сразмерата на трошењето на тоа што се создава. Таков систем е неодржлив, бидејки на тој што му е направена неправдата останува да зивее само заради одржување, додека другиот живее и со можност за богатење- подобар зивот. ...................................Но, во случајот, тој што го присвојува делот на работниците, тоа е газдите, и кај нив и кај самите работници создадено е уверување, дека газдите на тој начин вршат експлоатација и живеат и се развиваат врз основа на тој дел што припаѓа на работниците. Тоа нее точно, бидејки условот за да се одржува сразмера во трошењето на создаденото е и работниците и газдите да ја делаат новата вредност во согласност со тоа што го вложиле. Тоа, сосема јасно, подразбира дека штом работниците не го добијат делот што им следува и од крајниот резултат на работата, тој дел кога оди кај газдите ја менува намената, од куповна моќ, тие го претвараат во понуда. Тогаш кој ќе ја купи таа понуда ? Така се создава вишок на понуда, која мора да се уништи во колку сакаме да продолжи работата со развој. Газдите во таков случај, сами си ја сечат гранката на која седат, се закочува работата, се забавува развојот, а дури и сами меѓу себе се уништуваат со растварање на војни. Погрешното уверување дека целиот профит е нивни, се сметаат дека се богати, земајки ја во предвид и создадената понуда која им стои непродадена, тие се доведуваат во ситуација излезот да го бараат и во растварање на војни. Тој излез им станува јасен, дека со уништување на понудата на послабиот, ќе се распореди понудата на посилниот. Така доаѓа до погазување на Бога, кога интересот станува посилен од животите на лугето и кога делот што припаѓа на работниците се уништува, инаку вагата како налегната на страната на газдите, без да се уништи тоа што е делот на работниците, работата е закочена. ..................................Темелот на Христовото учење е едно, а стварноста, која е условена од градбата на системот, друго. Во колку Бог ни дал ум и разум, а тоа не ми се чини спорно, да согледаме каде грешиме, и да сме грешеле, треба да воспоставиме систем во кој ќе владее праведност, кое претпоставува дека нашата свесност се издигнала на повисоко ниво, кое има важност на приближување до учењето на Бога. Во спротивно, се повеќе ќе се оддалечуваме од него и ќе се движиме во правец на самоуништување. .....................Грешката на системот е утврдена, за неа веќе подолго време пишувам, и ниту сум сретнал подруго сознание што би ме одврнало, ниту пак се сомневам во точноста, затоа преостанува потребата да проработи умот и разумот кај лугето за реализација на сознанието, што ќе значи отстранување на грешката.

    ReplyDelete