Tuesday, September 26, 2017

Сѐ се менува

За градба на модерно демократско општество историјата е ирелевантна. Повикувајќи се на неа ниту еден граѓанин не може ниту да добие, ниту да загуби права и обврски кои се дефинирани во Уставот.
Смешно и глупо е тоа што некои луѓе сметаат дека нивната сегашна нација е непроменлива и влече директна наследна линија од некои древни народи и племиња.
Сѐ е променливо, сѐ се менува: навики, култури, јазици, сфаќања, генетики и припадности.