Thursday, July 16, 2015

Ајде Заев, оди си!



Така е. Оди си Заев, сега е моментот да и дадеш нова сила на опозициската борба за рушење на режимот на Груевски. Оди си, за да ја ослободиш таа борба од сомнежите за твојата евентуална компромитираност за земање мито за што си обвинет http://b-n-z-r.blogspot.com/2015/05/blog-post_14.html и за аболицијата за „Глобал„ која ти остави дамка врз кредибилитетеот.



Оди си за да не може манипулативната машина на Груевски да ги користи повторно и повторно политичките грешки што ги имаш направено, а никогаш не си се извинил за нив. Дали некогаш се извини за глупостите со „јадење живи луѓе„ што ги кажуваше? https://www.youtube.com/watch?v=zkllQcVvo18

Заев, оди си и покажи дека битката што ја води целата опозиција и сиот цивилен сектор е борба за демократија и борба за достигнување и воспоставување на поправедно општество во кое ќе се ценат индивидуалните вредности и способности на секоја индивидуа; а не борба за симнување на една политичка номенклатура и нејзина замена со друга ништо поинаква од претходната. http://produktinaumot.blogspot.com/2014/02/blog-post_5.html

Нема ли во СДСМ луѓе со чисти биографии кои ќе го продолжат борбата против диктатурата на Груевски со уште поголема жештина? Замислете колку ќе треба да се пренасочуваат сите манипулативно пропагандистички инструменти на ДПМНЕ и колку проѕирно ќе изгледа нивната одбрана на криминалите направени од страна на нивните наредбодавци со насочувањето спрема личноста на новиот лидер на опозицијата.
Оди си Заев, не ја држи во заложништво целата опозиција. Сите ние сакаме и можеме повеќе - ние можеме да создадеме демократско општество.

Ти благодариме за покажаната храброст во досегашната борба против компромитираниот систем кој го изгради монструмот Груевски, но време е некој друг да ја преземе борбата. Ако таква иницијатива не покаже СДСМ, тогаш таа партија ќе ја изгуби позицијата на обединувач на опозицијата и на граѓанскиот сектор, па борбата против режимот на Груевски ќе треба да биде реорганизирана и ќе продолжи под водство на други политички играчи, можеби досега неекспонирани во јавноста.
Оди си, Заев!

Wednesday, July 15, 2015

Манипуwатор

Кој манипулатор и лажго... човече... кој срам за сите нас што сме дозволиле ова нешто да ни се случува.
Уште на 18 мај засипнато кwакаше: - Нема поwекување!
Мандатот го добивме од наwодот!
А сега прифаќањето на предвремени избори го претставива како успех.
Излегува дека го погодија петардите.
А замислете да ги немаше доказите што ги слушнавме во „бомбите„ - па овој лажго ќе го лажеше народот уште долго.
А замислете ако влијанието на овој лажго е сè уште големо меѓу луѓето што зависат од него (ветувања, вработувања, казни), па со притисоци, уцени и манипулации ги добие и наредните избори? Па овој човек ќе ни ја одземе татковината.
Ќе мораме да се исселиме од Македонија затоа што е создадена држава на неправедност, затоа што никој од нас нема сопствена вредност ако не и припаѓа на владејачката партија.

https://www.youtube.com/watch?t=37&v=g2A9R0xzehE