Thursday, January 26, 2017

За кредибилитетот на политичарите

Од перцепцијата за моралната градба на политичарот создадена кај граѓаните произлегува неговиот кредибилитет. Нарушениот кредибилитет не може да се реставрира од пресумпцијата за невиност на обвинетиот политичар. 

Навистина, секој обвинет се смета за невин сè до носењето правосилна осудителна судска пресуда, но, неговиот кредибилитет ќе биде намален, од моментот на обвинување сè до правосилна пресуда за ослободување од обвиненијата. 

Затоа обвинет политичар се повлекува од позициите во партијата и од државните функции што ги извршува, за да не го намалува кредибилитетот на институцијата во која има позиција. Истиот има морално право да побара враќање на изгубената позиција при повраток на својот кредибилитет.

Во нашиот случај и Груевски и Заев се инкриминирани и обвинети и би требало да се повлечат од своите позиции - за добро на нивните партии и за доброто на сите граѓани на Македонија.
Повлекувањето не треба да е взаемно условено, туку тој што сака да се покаже поморален - прв ќе повлече нога.
Ајде Груевски и ајде Заев, бидете одговорни политичари, намалете го создадениот анимозитет во општеството, создаден поради вашиот инает.

Tuesday, January 10, 2017

Сите исти, сите исти: конформисти и опортунисти

Нефункционалноста на македонската демократија е генерирана од македонскиот конформистички и опортунистички менталитет. Граѓаните не гласаат од принцип и од убедување, мислејќи широко, туку од узок личен интерес. Затоа тие гласаат за властодржецот или за партијата што има најголеми шанси да ја урне владеачката партија.


И затоа дојдовме во таква ситуација:
ВМРО ДПМНЕ - 51
СДСМ - 49
Други неалбански партии - 0
Албанските партии - 20
И од тука произлегуваат овие ограничени можности за составување Влада. 

А замислете ситуација во која првите две партии би имале помалку мандати, да речеме вака:
ВМРО ДПМНЕ - 36
СДСМ - 34
а остатите 30 мандати би и припаднале на некоја трета или неколку други партии или коалиции.
Тогаш и не сметајќи ги мандатите на Албанците комбинаториките за доаѓање до 61 пратеник би ги имало повеќе.
36 + 30 > 61
34 + 30 > 61 


Проблемите се менталитетни.