Thursday, January 26, 2017

За кредибилитетот на политичарите

Од перцепцијата за моралната градба на политичарот создадена кај граѓаните произлегува неговиот кредибилитет. Нарушениот кредибилитет не може да се реставрира од пресумпцијата за невиност на обвинетиот политичар. 

Навистина, секој обвинет се смета за невин сè до носењето правосилна осудителна судска пресуда, но, неговиот кредибилитет ќе биде намален, од моментот на обвинување сè до правосилна пресуда за ослободување од обвиненијата. 

Затоа обвинет политичар се повлекува од позициите во партијата и од државните функции што ги извршува, за да не го намалува кредибилитетот на институцијата во која има позиција. Истиот има морално право да побара враќање на изгубената позиција при повраток на својот кредибилитет.

Во нашиот случај и Груевски и Заев се инкриминирани и обвинети и би требало да се повлечат од своите позиции - за добро на нивните партии и за доброто на сите граѓани на Македонија.
Повлекувањето не треба да е взаемно условено, туку тој што сака да се покаже поморален - прв ќе повлече нога.
Ајде Груевски и ајде Заев, бидете одговорни политичари, намалете го создадениот анимозитет во општеството, создаден поради вашиот инает.

No comments:

Post a Comment