Wednesday, May 14, 2014

Се вртиме во круг



Отсекогаш, и секаде во Македонија, луѓето (во конкретниов случај геометрите и архитектите) доаѓале на одговорни функции врз основа на заслуги во партијата (партиите) и роднинско-пријателски врски а не врз основа на својата стручност и одговорност. Затоа, кој колку знаел, колку можел - толку и така направил. Тој што бил платен да контролира си седел по кафани (бил на терен). А тој што требало да казнува, казнувал партиски непослушници.
Се вртиме во круг. Истите работи по неколку пати ги преправаме затоа што тие не се испланирани и не се реализирани како што налагаат нормите и стандардите. Плаќа народот, двојно, тројно, плаќа со својот стандард, плаќа со недостоинствено проживеани животи.
Во ќар се снаодливците, административците, бирократите и бизнисмените поврзани со нив, кои не сносат никаква одговорност а си го распределуваат меѓу себе националното богатство на штета на граѓаните.


http://civil.org.mk/grtchv-malo-sngtch-n-iznnadi-malo-dozhdtch-n-poplavi/?lang=mk

No comments:

Post a Comment