Thursday, May 1, 2014

Одиме до крај

Сметам дека најважното нешто што го кочи развојот на македонската нација е нашиот менталитет. Заради него ние не сме коопертивни, туку себични; не знаеме да бидеме човечни туку сме одмаздољубиви... нешто на таа тема пишував тука:  http://b-n-z-r.blogspot.com/2014/04/blog-post_29.html
Токму затоа, поради тој свој менталитет способни сме да емитуваме неизмерна нелогична злоба, често на наша сопствена штета. Да, на наша штета. Толку го мразиме Црвенковски и „комуњарите„ што сме способни Груевски и Ставревски да ги возвеличиме на ниво на богови. Со тоа самите го уништуваме основниот контролен механизам во демократијата - јавната (општествена, народна) свест. На тој начин ја уништуваме иднината на нацијата и создаваме идоли коишто послетоа ги мразиме. Сетете се каков култ на личноста се имаше создадено околу Црвенковски и околу Георгиевски. А сега колкава е нивната поддршка во народот? Тоа е. Не сме прости, ама, нелогични сме.
Јас, да речеме, кога го слушав Груевски порано, во се му верував. Во се. Човекот си е интелигентен, елоквентен, немаше (барем до сега) црни дамки врз кредибилитетот. Па само спореди го Груевски, како тој се пласираше во јавноста на почетокот на кариерата со Црвенковски. Треба да споредиш искрен мал човек со говорна мана со арогантен сноб. Сигурно секој чесен човек би гласал за малиот човек. Ама, сега гледам дека работите не се толку едноставни, кога ќе го видам тоа што се случува околу мене - како некои подлизурковци и партиски слуги се стекнуваат со работни места и функции, и како јас како човек што не се решил да припаѓа на некоја партија до сега не можам да се реализирам во ова општество и покрај сите свои обиди во разни области, заклучувам дека нешто треба да се менува. На големо. Треба да се менува свеста.
Затоа кога некој ќе ми каже дека „Груевски треба да биде до крај„ прашувам:  До кој крај треба да не води Груевски? До чиј крај. До вашиот крај? До мојот крај? До неговиот крај? Или до крајот на Македонија?
И зарем не сфаќате дека запаѓаме во едноумие? Нели гледате дека одиме еден против друг? Дека си создаваме крвни непријатели од своите истородници? Нели гледате дека глупоста владее?

No comments:

Post a Comment